Agrona јас од моето искуство можам само да си кажам дека лек за киселини нема јас што се не пробав но никако киселините ме утепаа поготово навечер и покрај тоа што нејадам 3, 4 саати пред легнување , јадам мали оброци и немешам храна значи неизбежни ми се киселините од се досега пробано едино мааааллце киселата вода врши работа и обавезно мастики после јадење, никако легнување после јадење па дури и да е пиење овошен сок или млеко ...... јас на крај си се помирив дека така ќе си тера цела бременост и така и си поминува, од 5ти месец па наваму нема ден ноќ, утро а да немам киселини се надевам дека ти ќе си поминеш полесно или дека ќе си најдеш лек што ќе ти одговара
Здраво мешиња се надевам добри ми сте сите си растите?нели ви кажував дека се секирам нешто со приската некој мал ризик што ми кажуваа во државна врска си нема,денес бевме со мм во систина кај Др.Димчев како најспремен го кажуваат за аномалии и некои хромозомски болести,се си е во ред вика џабе си се нервирала се е во нормала нема потреба ни од аминосинтеза,ни од ништо свиркај си и уживај,топло ви го препорачувам на сите закон доктор е многу позитивен и си ја знае работата вика џабе ги правите тие приски на сите нешто ви кажуваат доаѓате преплашени кај мене не си ни валидни како сигурни резулатати,и планирам сите побитни прегледи наредно на 21 22 недела за срце кај него дефинитивно одам тие најважни прегледи ќе ги праам кај некој салам доктор на место ,не да ме вадат од памет инаку и полот го знаеме ќе биде куре на мама,само здраво и живо да биде друго не е битно ве поздравувам сите и гушкам и не одете кај секој ајван доктор
И мене ништо не ми помагаше! Пробав со неколку зрна ориз, чаша ладно млеко, маслинки со семки, сода бикарбона, кисела вода, обична вода.. не знам што се не пробав.. И јас имав страшни киселини, преку ден не толку колку навечер кога ќе легнев да спијам. Интересно беше тоа што ги немав само кога ќе легнев на лева страна. Последицата од лежењето на лева страна во текот на целата бременост дури сега ја чувствувам. Ногата ми е како труп, секое ковче и мускулче ме боли и веќе два дена невозможно е да легнам на лева страна дури ни на 5 минути. Е овие два дена спијам многу поубаво, не дека воопшто немам киселни, но значително се намалени и ете успевам некако да заспијам. 90% од ноќта спијам на десна страна, на која киселините ме убиваа. Да е жива и здрава баба ми, едно јаболко пред легнување и мирно спијам. Да го пробав ова пред неколку месеци, ќе се спасев. Можеш да пробаш, инаку потполно те разбирам, јас се будев дури со вриење во грлото. Одвратно! Ако не ти помогне ништо од горенаведеното, нема спас за киселините, ќе мораш да ги трпиш. Јас спиев цела бременост со шише вода до себе, кога ќе се разбудев поради киселините ќе се напиев голтка - две и цела вечер така, а не дека ми помагаше водата.
Сеуште не ја имам почувствувано оваа среќа да бидам бремена се надевам наскоро така да не зборувам од искуство туку од други искуства за отеченост имам слушнато (истиов проблем една моја другарка го имаше) да се намали солта во исхраната. Доколку јадеш многу солена храна пробај да ја намалиш солта. Се надевам ке помогнам со ова
Што и да се напиеш киселините остануваат, бебето оритиска на желудникот и на сите органи затоа се создаваат киселините, а не дека ќе се родело со коса тоа се бабини измислици.
Како сте мешиња?Резултатите од скринингот се добри.Во врска со полот ми рекоа дека е женско,но не се сигурни.Што мислите дали ќе биде женско?Од секогаш посакував да имам ќеркичка и ќе бидам пресреќна доколку е така.
Здраво Агрона . Ијас имав киселини огромни до скоро . Пробај со кафе сурово ( ако можеш да лижнеш на врв на лажичка ) мене ми помагаше некое време тоа , исто така и минерална вода пиев понекогаш но повеќе практикував кафе бидејќи минералната вода создаваше гасови кај бебето и имав мака потоа со подуеност се чувствував како балон да сум голтнала И мене ми рекоа дека ќе има коса а и мм е роден со шишки до нос ако биде на него ќе се чуди и персоналот и сите наоколу освен фамилијата на мм они се навикнати
не е, јас не правев. Инаку докторот ми рече дека сите потребни испитувања ги правиме, па веројатно знае дека во мојот случај потреба од пап нема. Не знам која недела бремена си, ама еве јас сум веќе 8 месец и пап немам правено.
Agrona во темава многу се зборуваше за киселините, еве феминките пак помогнаа да се развие дискусија на оваа тема, јас ги читав советите и нон стоп ми се наоѓаше кисела вода по дома, знам дека и ладно млеко помага ама да не се преповтараме гледам многу понудени опции имаш Инаку бе луѓе, јас не знам што да мислам, проблем со киселини не видов, се случува понекогаш малку да ме жежне грлото ама издржливо е и не ми трае многу долго. Дали тоа значи дека моето дете ќе се роди ќелаво, лика и прилика на Шинед О Конор? За спиење си немам никаков проблем, легнам ли и не ми се станува, малку тешкотија околу вртењето имам, ама некоја поголема мака не видов. Пу пу скраја да е, и многумина ми велат дека сум голема среќница ама мене ме фаќа страв, бива ли до толку лесно да поминам? Пред некој ден ме виде пријателка, седевме на кафе со колешка, ми вели првпат во мојот живот гледам енергична и расположена трудница која како пеперутка се движи, сите наоколу нешто ми офкаат. Веќе и не знам дали таквите коментари да ги сфаќам како комплимент, ме плаши што се е така совршено, можно ли е?
Здраво труднички мешиња, да ви се придружам Бремена сум 12 недела со близнаци, па ме интересира има ли во моментов и некоја друга дупла мамичка, да даде некое искуство! Мене паника ме фаќа од тоа колкав ќе ми биде стомакот и како ќе се движам (зошто ем во најтоплото бремена, ем живеам во зграда на 5 спрат без лифт) па малку се паничам како ќе издржам, зошто претпоставувам стомакот со близнаци е поголем отколку со едно бебе А од кога ви почнаа киселините? Јас фала богу до сега нит ми се лошеше, нит повратив...апетитот исти како претходно, а оп 2кг качени само многу сум уморна, од зборење се задишувам...ама се надевам тоа ќе помине после оваа недела! поздрав до сите и со лесно нека ни е
Moja другарка кога беше бремена со близнаци се здебели до крај некои 7-8 кила, на никој не ни беше за верување, ама си роди здрави и преубави бебиња
Лелееее браво, секоја чест за другарка ти.... Знам дека се е индивидуално и нема правила, секоја жена своја приказна ама ете вакви искуства малку ме опуштаат јас имам другарка со едно па се здебели преку 40кг А што мислите за депилација и антицелулитни масажи во бременост? Јас го прашав др ми дозволи, правам и тоа и тоа ама некако со резерва, зошто читам по нетов едни викаат може едни не може...поделени се мислењата! Вие?
Прво да ти честитам и да ти посакам лесна бременост КОга јас прашав на гинеколог за депилација, ми рече дека се препорачува само ладна како превентива од ифекции и сл. а за антицелулитни ми рече дека не се препорачува. Што како не ја ни прашував, доволно ми беше тоа дека не се препорачува. Инаку ние сме супер, сеуште спиеме подолго од вообичаеното и не сум ја осетила да мрда, да се движи туку само како црвче од време на време низ стомак ке ми помине Ве поздравувам мамички и ви посакувам убав сончев ден
ja imam bliznacinja ednojajceni devojki se sega hehe 15 mes,da ti kazam strogo da se pazis zatoa sto sekoja bliznacka bremerost e rizicna jas neveruvav bas do tolku se dodeka ne se porodiv vo 8 mes i zaglaviv 3ned vo bolnica se sto ne slusav i se pravev pametna stomakot ne mi bese mn golem ama bev uzasno otecena previse nelicev na sebe
Уште сум тука! И денеска приказната иста, отворена сум еден прст, а ЦТГ си покажува машала болкички. Јас не можам да ги препознаам, бидејќи имам страшни болки во половината и левата нога, па мозокот ми регистрира болки, ама од каква природа не можам да разграничам. Ме прати докторката дома, се договоривме да си чекаме. Ме праша на колку денови добивам менструација и кажав 28 - 30 дена. Веројатно подоцна сум зачнала, па терминот не ми е точен. И тоа е во игра. Нема да форсираме, бидејќи веќе имам контракции одлучивме да чекаме. Викендов ако не се случи да се породам, понеделник е денот. Тоа се зборовите на докторката. Таа уште стои на ставот да се обидеме природно, па ако не бива така царски. Можеби и ќе успеам. Се надевам, верувам дека ќе успеам. Инаку бебенцето на мама е тешко околу 4 кг. Веќе подолг период го има набиено главчето накај родилниот канал, ја прашав докторката што значи тоа? Да не е нешто страшно? Рече дека бебушко е свесно дека треба да излезе, ама ете уште не сака. Ах, на мајка убаво, дебелко и мрзливо бебенце!
Те читам тебе и себеси како да се читам. За антицелулитн цел нет и се живо прашував...заклучокот ми е ваков: за време на антицелулитни масажи имаш болки, ти се стискаат болни места со целулит. Целулитот се исфрла во вид на токсини, во урина а дур да стигне до исфрлање, може да се внесе некако во крвта, поради што и не се препорачува. Да не ми замери некој стручњак поголем од мене, јас вака ги разбрав работите. Значи можни се контракции од стискање од болките, но и мешање на токсините со плодот. Кога има причина за грижа, подобро да не се експериментира. Инаку, сите манекенки и познати глумици ги практикуваат за време на бременост, за што верувам дека се грижат експерти за масажи. Како средство за масажа, само чисто маслиново масло или зејтин, така ми расправаа во некои наши експертски салони.
Рак11, а на што точно мислиш со многу пазење? Помалку шетање, повеќе мирување? Правилна исхрана? Без вакви екскурзии со антицелулитни масажи? Моите се двојајчани, зачнати со инвитро...па поради тоа овие три месеци ми беа повеќе во одмор и лежење, а сега кога бев на контрола др ми рече дека веќе можам да се движам и функционирам нормално. Знам дека близнаците имаат поголеми шанси за предвремено раѓање ама има и такви што ги надносуваат, ама најчесто се предвреме родени. Ти ја прими инекцијата за побрзо зреење на плуќата? Фала на советот, ќе гледам колку можам повеќе да се пазам, сега бебињата се најбитни