Едно прашање : Marisol капките за нос, дозволено ли е да се користат во бременост? Потребно ми е нешто за навлажнување на носната слузокожа. @jagodka.18 честитки Жив и здрав да е Марко, голем да расне .
која недела си?? Се надевам дека е имплантско крварење да се зацврсти плодот во матката. Одмарај тие денови мирувај има бреме до понеделник. Среќно и биди силна. да и тоа прегорен шеќер со млеко или како чај прегорен шекер со вода. @Talesia знам за греана ракија и црн бибер ама некако ми е шубе. Не се сеќавам кој пишеше дали си ставаше на грло??
Зависи каде. Во Ремедика е 1000 ден, во Систина 2400ден,а можеш да провериш има ценовници за Авицена и Синлаб.
Второ мислење обавезно. Сега имаш некакво крварење или само кафените капки беа и толку? Многу од нас го имале истото, и е нормално во рана бременост (доколку не е обилно и светло црвено), затоа прашувам. Сепак, оди на уште едно ехо обавезно, уште денес. @jagodka.18 честитки мила, нека е жив и здрав Марко, голем да расне
@eta Купувам обичен солен раствор во спреј и тоа прскам во нос. Аква Марис класичен земам. @ddevojce Грицкај зрна црн пипер за грлото.
Искрено се надевам дека тие капки не значат ништо. Оди уште одма ако можеш на второ мислење. И мене еднаш во државна ме потресоа, едвај го најдоа срцето со едно старо ехо.
Те молам ако си во можност оди во Систина или Ремедика,не знам каде на друго место се со нови апарати,можеби ти треба итно прогестеронска поддршка. Држам среќа да е се во ред со плодот