Релакс малку има нешто пострашно од скратен цервикс а тоа е стрес. Ти биди сигурна дека правиш се што е во твоја контролла а тоа е лежење и примање соодветна терапија. Другото не е во твоја моќ. Единствено што може да се направи е да се испита за инфекции да се види дали има нешто што го крати цервиксот, но тоа доколку ти каже гинекологот. Кај мене немаше никаква инфекција ни па мината траума, најверојатно се скратил од тежина дека сум со близнаци (прва бременост) максимално мирување, станувај само до тоалет. Лежи на грб, па на страна кога ќе се здрвиш, одвреме на време ставај и перница под колкови. Не знам за друго чаре
Знам како ти е..со страв одам во тоалет и се бањам. Лажни контракции и јас имам но нека седат внатре уште некоја недела дај боже
Видеото е одлично, има опфатено се што е потребно околу доењето. Со првото сама се едуцирав, нешто видеа, нешто совети од искусни мајки, нешто шо бев на предавање на Матрона. Во Чаир сестрата додека ја местеше, ја следев како го прави тоа. На почетоко не сакаше да фане, а и не ми се брзаше оти ја немав видено 18 саати од пораѓај, па од кога ја видов, и таткои од кога ја виде, сама си ја наместив и си фана Цицаше 6 месеца.
Нареднава недела ке отидам уште на едно мислење , а во Плодност ми рече да отидам за две недели да видиме како ке биде, лежам цело време ми е страв да се искапам , да се надеваме дека се ке биде како треба , да стигнеме барем до 36 недела а до тогаш имам уште многу , ке пробам да се смирам , проблемот е што не знам што е нормално а што не ви благодарам од срце и ве гушкам силно , не знам што би правела без ваша помош
Верувај никој не знаеме што е нормално што не е, секоја бременост е различна. Но тие болки, стврднувања, притискања, трнење, затегање, болки во кичма, во колкови.. и што уште не ги имаме сите. Пиј си магнезиум и одреди дали сето тоа е издржливо доколку не е правец на дежурен. Капи се ама не мора со саати под туш, само исплакни се колку вода да те помини. Кога прв пат ми кажаа за цервиксот бев ужасно настината и мн кашлав и кивав а мешето ми се стегаше па ми беше страв да не се скрати уште повеќе. Ама нема што да правиш. После то бебињата ме клоцаа баш во цервикс како за инат, пак нема што да правиш.. Мирување, терапија, почести контроли. Докторите знаат како треба, ако нешто згусти даваат инекции за зреење. Реферат напишав јас се заборавив...
Мешковци имам ужасна болка каj половината,не поминува цел ден.Пробав различни положби,додавав перници,лежев на страна ама пак е иста болката. Дали е од тежината или?Предходно имав болка ако бев подолго време на нозе но сега и кога лежам и седам ме боли и тоа премногу.Денес влеговме 37 недела...
Хахаха нема гајле ми годи коментарот далеку ми се стврднувањата од критично , се стврднува па мрда штурчево мирувам максимално , не работам ама баш ништо movie time ,мора позитивно само , како што велиш ние да го направиме нашето а дедо Боже ке не дочува до крај
Јас колку повеќе лежам толку повеќе ме боли. Од 12-18недела постојано болеше, незнам колку пати бев кај матичниот да мери цервикс. Сега сум 20, пак одвреме навреме боли ама не толку.
Да не те фатија вистинските болки? Мене многу стомакот ме болеше и последно што слушнав е дека кога имам болка да се истуширам ако помине лажни се ако не демек вистинските биле.. еве се истуширав и поминаа кај мене
I mene pocna panika da me fajka,ama ke izdrzam uste nekoj den.Pa ako boli ke se iskonsultiram so maticnata.
@СноуБол90 во првата бременост крварев обилно кафеаво од хематом 2 недели. На рака ме переа колку се лом правев, улошки не ме додржуваа. Ене го 3 години направи. Немој да си се потпрела на едно мислење, ако имаш спонтан ќе те боли премногу и ќе крвариш. Нема да минеш со 2-3 капки. Молим те оди приватно на второ мислење и види што како е.