@СноуБол90 тројца ти рекле различно, и уште чекаш и не одиш на приватно?? Не ги потценувам докторите ама ехата им се катастрофа. Како што пишаа членките погоре природа си е тоа. Нема што да се секираш, ако е твое ќе биде. Божја работа е тоа. Ти посакувам среќа. Јас воопшто не сум спиена, цела ноќ повраќаше ќм, ја болеше стомаче, таман ќе задремам малку, ќе почне да повраќа и да се жали. Се надевам дека само со тоа ќе помине со настинато стомаче. Фала богу нема никакви симптоми други. @Dikinzi како е твојата ќеркичка, поминаа ли сипаниците??
Pa i da ne pusta za da vidi on se pusta linijata so srceto kolku otkucuva kaj mene e okolu 140-145. Makar sto kaj mene pusta postojano, barajte toa e prekrasen zvuk
Јас си го барав докај 12та недела и докторката баш ми рече,гледаш колку е активно се превртува како може да нема срцева акција. Ама сепак ми го пушти зошто си барав,така ми беше полесно на душата после
Тоа беше пред 7,8 години Со последната бременост ,ми пуштаа цело време звук Таа тогаш ме мафтодуваше дека сеуште не се слушало,следен преглед ќе ми пушти.
Добро е душо, фала што праша Се сушат више, уште ја мачкам за превентива, од неќна почнавме да испаѓаме да шетаме, оти она здиве, а покрај неа и ја уште толку Кај тебе малата како е ? Да не фанала некое стомачно вирувче ? Што и даваш да јаде и да пие ? Ти како си? На доктор да не беше случајно да кажат како е наместено бебчо ?
@NNK19 на прв преглед може и да не се слуша,туку само да трепка,д-рите и тоа го сметаат за регуларна акција. Мене до сега редовно ми пушта,само не збори ништо,има позади мониторот закачено кутија од Тоблероне,и покажува со прст накај неа.Така се изјасни на почеток,чим впери прст натака,се е во ред,оти ист е графикот и коцките тоблероне
Мене во 9та ми слушнаа со првото срце. Демек касна овулација. После пак у 36та ми (а и скоро цела бременост после тоа) ми викаше дека е зачнато пред да добијам последен пат, оти бебето било цело време две недели поголемо . Јас стварно родив во 37 ма бебе ко од 40та (3480 со 51 см ) ама да го родев у 40та ќе беше и поголем. Ама јас сум голем човек. И сега? Касно е зачнат или пред да добијам задњи пат? @ddevojce како е малата? Давај и електролити и супа од петел да се смири како инфузија. Се надевам подобра е.
@LadyC Подобра е сега од сабајле не е поврналa, чајче од нане пие и варено компирче каснува. Сега баш и спие.Нема темп, нема проливче па типувам дека е настинато стомачето. Сум дремнала и јас малку, ќе одам под туш малку да се освежам треба на слава да одиме кај тетка ми а ич не ми се оди. Ќерка ми стално прашува дали ќе одиме. На контрола сум во четврток, ама осеќам по удари дека е карлично. У матка ме мава стално, доле у препони, се трти под ребра и странично
Моето е една недела напред. Ме интересира дали ке остане така,со што краен датум би ми се поместил,или ке се менува натака.. Какви се вашите искуства?
Двете ќерки ми беа по две недели напред, а си се родија на термин. Така што со меркиве нема правило. Мене ако ме прашаш, мерењава се нерелевантни за трудниците, само за вадење од памет
тука се работи за доцна овулација и зата нема срце ште знак прашалник е докторката дали навистина чула срце ни прегледи ни чуда сега не ти требаат сега и треба да одиш да извадиш бета преку крв и за 72часа да извадиш уште еднаш ако бетата расте значи бременоста напредув аи е касно зачнато а ако бетата паѓа значи не се развива бременоста затоа не претпоставувај ништо утре сабајле на вадење крв и за 2дена пак ако е касна овулација и у 9та недела може да се чуе срце
Има некоја што оди кај Бојаџиев на контроли? Му пишав на вибер, досега така ги договаравме контролите, ама сега два дена го нема да ми врати , нема ни видено. Нз дали да ѕвонам.
Компјутерот на секое ке менува датум според мерки, а ти ке си се водиш по мерките и датумите од првите контроли (од таа контрола кога имало срцева ти е најточен термин, но кај што пресметал комјутерот.. не по мензис). После гени се во прашање... секако ако во 36та е 3200-3500, нема да го вадат тогаш, ке си чекаат колку што е потребно и колку што се може, се додека нема индикација да се роди и пред термин. Со тие мерки вадат трудници од памет... помало било, поголемо било... па неможе сите исто да родат, сите сме различни и бебиња се раѓаат од 2500 до 4+ И тоа се нормални тежини.
Во првата бременост синко беше 2 недели понапред... Морав да се породам со царски рез 38+4, родилна тежина 3.700 гр. Сега еве и за беба исто ми викаат дека две недели е понапред, а како ќе биде само Господ знае... Само да биде се во ред
Мешиња здраво, Немам многу време за пишување, ама ве читам. Синко мој е добар, фала му на Господ. Добро напредува, дома сме. Поминавме малку мачен период, ама тоа,( се надевам) е зад нас. Малку напорно е со 2 дечиња скоро по цел ден сами, ама срцево и душава ми се полни кога ги гледам Кога го гледам како ме гледа со малите очиња и како и гуга на сестра му сфаќам дека вредеше се Ви посакувам да си имате лесна бременост и уште полесен пораѓај