Јас имав и во двете скриен шеќер и строга диета само, не сум дошла до таму да се боцкам, ама колку можеш внимавај на исхраната, а искрено не внимавав многу навистина, не можев без благо, а тогаш па како намерно уште повеќе да ми се јадеше благо, оти треба да го избегавам тестенини, компири бел леб, секакви благи глупости, се тоа треба да се исфрли од исхрана и родив здрави, живи бебчиња, без покачен шеќер А сега во оваа бременост, само првиот час е малку покачен, а другите 2 часа е во ред и не ми рече докторот ништо кога му ги однесов резултатите, ми рече во ред е и ништо не правам сега, си јадам како и претходно, за благо да не зборам, колку ли ми сака душава и во оваа бременост, тоа е чудо некое
Е мене тестенините ми се слабост, башка пецива обожавам Благо не јадам многу, се случува и воопшто некогаш да не каснам во тек на денот, единствено во кафето ставам лажичка кафеав шеќер Тоа е, ќе видиме утре што ќе каже матичната. Фала ти
Јас имам огромни болки не можам ни да седам ни да лежам бевме на доктор, ништо не покажува на Цтг а не сум ни отворена. Терминот ми е во петок..... Некоја дали имала слично искуство?
Ај добар ден. Бев по дете до градинка, се смрзнав зашто е прееладно, едвај до дома дојдовме. Ќе ве исчитам се што сте пишале, ама у меѓувреме да ви раскажам дека сум пуна кошмари деновиве. Но последниов ме исплаши во сон, ама па сега некако си го толкувам јас ко што ми одговара. За Константин сонував бебе во плаво облечено во трети месец и го подавав на мм и му реков дека изгледа машко ќе имаме. Нејсе, испадна машко. Сега па пак сонувам сум породена, ми го даваат бебево у раце, тоа едни зелени очи ко татко ми, едно бело убаво, абе се заљубив. И да му мењам пелена божем се измочало човече ку*е нема, паднато као на хартија. Леле не му гледам пол никаков, плачам во сонов вриштам зашто бебето ми нема к*ре. Станав мн исплашена, ама сега да ви кажам си викам мож нема да има к*ре бебево, а мож и само глупи работи низ глава ми проаѓаат потсвесно. Тоа е. Иначе мн ме топи малото колку ме клоца денес, ама ептен го осеќам
@СноуБол90 биди јака.. ќе мине и тоа.. ќе го паметиш како кошмар.. јас најдобро те сфаќам... бидејќи низ истото поминав и јас.. бев бремена неколку недели и имав спонтан... психички паднав бидејќи се затворив во себе највеќе ради тоа што јатрва ми беше бремена исто време со мене... кога и да ја погледнев срце ми се параше.. солзи сами течеа.. за никој да не ме гледа се затварав во соба.. на работа бев само физички присутна но психички бев за никаде... но среќа една колешка постара така во години ме примети и ме седна да ми "отчита" лекција.. ми рече да не се правам будала да не се затворам дома.. да се дружам со јатрвата.. да не ја избегнувам.. ми рече дека тешко ќе ми било а уште потешко ќе и било на јатрва ми бидејќи ќе мислела и љубомлрам и не сакам да ја гледам , ќе се осеќала виновно за тоа што ми се десило и ред др работи.. Собрав сили и сакав да заборавам.. не се заборава но со помош на јатрва ми и другите околу мене ми помогна да се совземам и да пребродам се... значи си остана таа болка поттисната некаде настрана но јас имав сили да продолжам.. после 6 месеци јас пак останав бремена.. и сега си гушкам 7 месечно синче.. извини за долгиов пост но поентата ми беше не се затварај во себе.. дружи се ... не дозволувај сама да бидеш во никој случај зашто тагата ќе те потишти... а сега исплачи се и крени глава сепак најдоброто допрва ти следува.. секое лошо за добро е ... и тебе Господ ти цртнал кога ќе се оствариш како мајка... до тогаш ти посакувам се најдобро, со тебе сме во мислите па те очекуваме наскоро и со позитивни вести...
@СноуБол90, знам те читав еднаш дека имаш едно детенце, биди силна за него, ова што се случи не е лесно ама со тек на време ќе помине, ќе си забремениш пак, ќе биде сѐ во ред. Многу љубов
@СноуБол90 како што и повеќето ти пишале мораш да си силна , ке помиме некое време ке научиш да живееш со болката , трагата во твоето срце никогаш нема да исчезне , но ке научиш да живееш со тоа , сум го поминала истото , прво ивф успешно но кратко траеше 6 недели , одговор беше природна селекција е и не можеме да влијаеме , посебно ми беше тешко бидејки ние сме со тешка дијагноза кај мм и јас со полицистични , но ете сега сум 26+5 па дај Боже се да биде како треба до крај, дедо Боже за сите има план , исплачисе ке пројде се ***
Да е жив и здрав, големо да расте, а тебе мајка побрзо закрпнување Честитки мајка нека е жива и здрава
Јас сум со скриен шекер исто со женски близначиња. Скриениот шекер не е за играње, треба озбилно да се сфати... јас обожавам фаст фуд пици особено мммм, тестенини, буреци, благо.... Но си го сфатив ептен озбилно и направив големи рестрикции во исхраната. Исклучив комплетно прости јаглехидрати што се шекери и бело брашно, а повремено јадам комплексни јаглехидрати како компир, манџички со грашок, боранија, гравче. За доручек јадам едно или две парчиња тонус со биено сирење и јогурт. После контрола знам да се почестам еден чит мил. Мене ми кажаа да ја контролирам исхраната за да не дојде ред да се боцкам со инсулин или да примам апчиња. Пробај се не е тешко, се е во главата наша.
Стандард да ти кажам, лажните ѓи имам секој ден по неколку пати, исцедок бел си имам, од неќна се мислам чепот дали почнал да испаѓа кој знае.. половоната почна да ме боли, срамната коа лежам и треба да станам и така..
Редовни ти се? Јас имав болки истовремено во кичма и долниот дел од стомакот, баш пишав тука дека ми беа на 3 мин и почнав да крварам. На болница не бев отворена, на цтг ништо не покажуваше, ме напрај бабицата луда дека не се тие тие болки и ме прати дома. После 4 саати отидов пак, испадна високо пукнат видењак, а ја до крај на цтг немав болки и ме болеше само долу иако таа ме убедуваше дека мора цел стомак да ме боли.. не знам што да ти кажам, не сакам да ти праам стрес ама доколку си ти сигурна дека тоа е тоа, биди упорна.
Секако дека ќе направам се што ќе кажат дека треба. Само да биде се во ред со нив. Тестата признавам ќе ми бидат проблем За другото нема да биде мислам. Ќе видиме утре што ќе препорачаат. Ти кажаа нешто во врска со породувањето, ќе треба царски заради шеќерот или може природно?
Само што го видовме нашето срценце... Свртено е со главчето надоле и одговара на 31 недела полна скоро 30+4 сме и тежина 1900 грама
Не ми кажаа за породување ништо, ние броиме ден за ден и молиме неделите да поминуваат пошо сум и со скратен цервикс. Не ни знам каде ќе се пораѓам баш ради тие причини.
Втори дечиња порано се осеќаат кај некои... и јас почнав кај 12-13та недела да го осеќам бебуш а дадава тек 18-19колку што се сеќавам Уште малку и ти ќе почнеш може близначиња порано се осеќаат
Доле кај цезареата се и тоа веќе недела дена. Кога ќе го кажеа ова кога бев трудна со Константин пред три години не им верував, мислев дека лажат, ама се порано оваа бременост се дешава. Веќе распознавам, не е силно нормално, ама ги осеќам како кркорење, како појако голицање, не знам како да објаснам. Со Константин прв пат осетив околу 5ти месец . @simonka93 јас купив антиметил, некои многу се фалат дека им помагал, јас со ништо не се спасив. Значи уште повраќам повремено, а колку имав мачнини, киселини , колку ми беше тешко, ништо не ме помогна...