Честитки, да е живо и здраво Отоците ќе се повлечат сами од себе за недела дена, нема потреба од ништо посебно да правиш.
@Mami3 i @SanelaS- честитки мајки, да ви се здрави и живи малечките, големи да растат а вам брзо опоравување
Мешенца како сте? Ние со мм бевме на роденден во игротека кaj детенце на блиски приjатели.Многу убаво се расположив,дечарка сум ептен.Едно детенце ме праша дали сум се преjала што сум имала огромен стомак. Му реков не,бебенце има во мешето и ме праша зошто тогаш сум го криела и не сум го пуштала да си игра со нив. Потоа мм ме донесе дома па отиде на именден.Имав желба да одам ама знаев дека нема да издржам на стол подолго време,а мм си сака да поседи.Му испеглав друга кошула и замина. Сега пиjам какао и се мислам дали да легнам.Половината ме изгоре од болка.Денес сме 37+2 а во четврток сум на прво цтг и ехо во болница.Матичниот ми рече дека нема потреба повек'е каj него да одам освен ако немам некоj проблем или да побарам совет. Одваj чекам да се породам Убаво да си спиете вечер и убави сништа.
Да ,јас добив боди на повојница материјалот е многу убав и мек. А цените како за органски памук се одлични. Мислам дека боди по кратки беше 149ден.
Можеш да надносиш до 2 недели над термин, а имаше тука и случај каде повеќе и од тоа надносе женичка. Додека доктор те прати, бебуш има плодова, не е зрела постелката и сл работи ( доктори си знаат се) се е нормално. Уживкај
Добредојде у клуб на срамни коски Која недела си, каква е позицијата на бебето?? И мене пред две недели ми открија на брис стрептокока ама никаква терапија не ми даде, рече на пораѓај ќе ме покријат со терапија. И Јас сум малку загрижена. Инаку јас имам закажан царски бидејќи бебето е карлично. Ако се сврте со главата надолу ќе се откаже царскиот. 38+3 сум И ќерками ја надносев 10 дена, па не сакашњ да излева и со провокација. Многу бебиња се над термин. Честито синче, да вине здраво и живо. Машала батко се родил, ајде нека си расте сега. Тебе побрзо да се опоравиш. @СноуБол90 многу ми е жал, членките погоре убаво ти пишаа, природа е тоа и само Бог знае зошто се случува. Закрепни малку па пак ќе се обидете. Многу жени минуваат низ таков период за жал.
Добро утро драги трудници. Јас денес од сабајле имам болки во стомак, ме пресекува и поминува и се така, бев и во вц ама нормална столица, мислев дијареа со такви болки ама не е. Сега си направив чај од нане, пијам па ќе видиме. Пред некој ден и син ми го болеше меше така, му правев чај па му помина, да не е некој вирус којзнае Бебушка акробации прави се врти внатре којзнае што прави, баш ми го размрдува стомакот од преска срце малечко, едвај чекам да ја запознаам ахх колку ми недостига ах ахх... жива и здрава да ми се роди, не сакам веќе да мислам на глупости, ме мава психа кога мислам на такви работи, не сакам.. Што јадете за доручек бре жени? Јас веќе не знам секој ден само тоа мислам, овие денови смути си правам со овошје, јаткасти плодови, таан, путер од кикиритки и уште 100 работи такви ставам ама многу ми излегува и едвај го изедам, ама секој ден и не можам, здосадува се тоа да се јаде, друг ден тостови, глупости такви, се едно исто е веќе Не знам друго што да кажам, времето денес ладно тука, сонце ама ветер ладен ќе те однесе, затоа дома денес ќе си седам, не излегувам никаде, вчера од сабајле во град имав обврски и дома дури во 13.30 кога го земав син ми од школо и искрено се изморив, пешки нон стоп....
Извинете да прашам само видов дека некои имаат проблем со кочење на нога односно во препон , Ве молам да ми кажете од кога ви почна тоа јас вчера осетив нешто кочење а 9 недела сум и така имам понекогаш благи болки ниско ?