Да ги има.. во зегин јас ги купував некаде околу 600 ден мислам беа.. јас ги користев пред 8-9 месеци..
И јас сум толку 17+2 и исто слаба (со 47кг почнав), а се уште ништо не сум почувствувала или не знам да препознаам како е, a на ехо толку мрда не можат да го измерат... @crazylady здраво и живо да биде, да ве радува @Anaouou кај мене рано почна да се познава меше, уште во трет месец. Велат кај втора бременост порано, јас втора си ја сметам (првата заврши во 8ма недела,за жал, тогаш бев подуена од хормони, беше ивф а после киретажа телото "магично" преку ноќ ми се врати исто како претходно,но можеби има влијание).
Денеска 25+1,само што се вратив од преглед ептен се заседнавме цел саат останав. Конечно имам сликичка од 4D, не го фативме баш убаво се криеше со рачињата ама не е лоша. Беба машала конечно се израмни со неделите (беше една недела поназад), сега е 784гр според докторката си е супер. Е јас не сум баш добра, си добив рецепти. Правев проверка пак на хемостаза и резултатите се исти (скратени се времињата сеуште) ама пак поминав без терапија. Хемоглобинот за првпат почна да ми паѓа 108 е, од денеска почнувам со Фероглобин и плус докторката ми рече оваа смеса да си ја направам и секое сабајле по една лажичка на гладно да земам: 100гр цвекло 100гр суво грозје 100гр мелени ореви 100гр мед Сок од 1 лимон Се ставаат сите состојки во блендер да се соединат. Тоа е рецептот, може ќе и се најде на некоја, наводно помагало многу. @0ли проверив леукоцити после антибиотикот (Цефалексин), сега ми се 13,а беа 14. Докторката се сомнева на некоја бактерија зашто гранулоцитите се исто над нормала, па ми препиша сега Амоксиклав. Ти доби уште некоја терапија?
Порано имаше повеке избор , сега секако укотвена сум дома хаха не ми треба мн гардероба само за до доктор , него дали си купувате од тие блузичките за доење што се и каде ги има ? Тоа се мислам ,до душа имам време уште ама да знам кај да барам нешо покомотно за после породување уште терам со алиштава шо ги имам освен пантолони се разбира нишо не ме бери хахаа , утре одам пак на контрола се надевам нема да ми се скрати животов пак , примерна сум лежам цело време , бебе си мрда се посилно и посилно го осеќам , кога ке ме закачи понекогаш хахаха ,ама нека ,ептен се радувам ,само да не дочува Бог до крај сите *** се заборавив во пишување
Мене 6ти месец, во 5ти да не кажував дека сум трудна никој не приметуваше, намерно носев тесно,жулев стомак ама цабе хаха. Во 6ти ми се познаваше така долу малу,во 9 ми се направи право трудничко стомаче посебно последните 2 недели ама во колкови се раширив. Еве недела дена после пораѓај стомак немам ама колкови да, рано ми е за враќање во форма.
Не излагајте ( ОСВЕН ако не планирате да се пораѓате )тие што сте у Скопје. Нека ве поштедат бар у вакви денови колку се може.
Мила во првата бременост во 9та слушнав, а исто и се деси и на друга познаничка исто сега брзо, па и слушнаа и на неа во 8+/9 та така нешто. Не се секирај, се ќе биде во ред.
Зависи кога била имплантацијата, почекајте, некогаш е покасно оплодувањето. Ќе те следат пак на контрола. Можеби е рано
Ве читав за гардероба, јас зимата ја поминав само со два пара труднички фармерки, и тоа едните веќе месец дена не ги носам оти многу ми се тесни а и тие вторите веќе ме стегат кога ќе седнам. Си зедов едни ефтини два пара хеланки големина Л уште од есен и така по дома ги маткам. Пери носи. Долни маици од мм носам а и тие широки кошулки веќе шо ги имам така замизлегување ми се кнап. Не се закопчуваат. Имам неколку тенки блузички странично шо се со ластики па ми одговарат. Здравје иѓиви да се породам малку да влезам у форма ќе се подновам со нешто ново. Sega se sto kupuvam e za decata
Сеуште е рано можеби и покасно зачнато да е јас и со двете покасно негде кај 9 недела чув срцева акција ,така да не се секирај . Јас денес бев на преглед ,докторот вика се е супер бебе расте ,ми рече дека постелката ми е на преден ѕид ,ме прегледа и вагинално да го видел грлото на матката и тоа рече дека е добро и на крај кажа дека ќе имаме ќеркичка ние сите дома пресреќни дека првото машко сакавме да си имаме дада сега и ни се исполни желбата
Абе вие не салам хахахаххахааа Ме изнасмеавте до немај каде Кај вас воздухот горе како е Тука не се диши Да е живо и здраво, честитки Мила, се ќе те боли до крај, нормално е.. Жени тек кога ќе се породите ќе видите болки За купување, за првата си позајмив нешто од сестра ми, за оваа си купив само едни хеланки оти морав немав други и тоа не се труднички, и едјо фустанче и тоа не е трудничко Ама од секогаш сум купувала по широки алишта, така се осеќам комотно, ретко сум затегната (ми е страв да не го палам мажот ми ) Иако знам да се опнам и ја..ама ретко се дешава, така шо скратив јас на трошење на труднички работи. А и онака не се поправив многу.
Полека, не паничи. Можеби си имала подоцна овулација, а со тоа и подоцна имплантација, па треба време. Ќе го чуеш најубавиот звук наскоро
Ми беа 13,1 и после антибиотикот ми се 12,8. Пиев Оспен 10 дена и не ми изгледа дека се спуштиле. Друга терапија не ми рекоа, а не ни препрашав. Можеби треба да прашам да не треба уште. Какво излегување, нема шанси. Уште кога станав, проверив и си реков не мрдам денес штом не морам.
Нешто ефикасно за покачување на железо во петок сум на контрола може и некое апче ќе дадат ама дај кажете нешто од природниве работи поефикасно незнам дали смеам семе од коприва?
Ја по татко сум и ич не ми делуваш на Велешанка по муабетов. Обично моиве братучетки и ѓубре да фрлаат се дотеруваат, пиц пец, нема шанса да излезат некаде така. Дури еднаш едната у сред зима ми дојде со штикли 12ка на гости у Ск, ја носев у Драчево на снег до колена, у раце другар ми од кола до куќа ја пренесуваше. Затоа ме зачуди.