Дали за fraxiparine може да се вратат пари од фондот? И дали некој знае колку чинат? Треба да ги примам 4-5 недели
Мене еднаш во 6 недела и потоа во 18 одненадеж така ми се јави кафенко на бришење кое траеше можи само еден час, не беше обилно, некоја капка ,но доволно да ме испаничи. И јас одма бев на др, со бебе и матка и цервикс се' си беше ок само тогаш ми беше ниска постелката и др рече од тоа било. Исто ми рече ако остани ниско постелката дека можно е понекогаш да се јави кафенко. Кај мене фала Богу се поткрена па не се појави пак кафено. Ставав утрогестан по препорака на матична, а кога овој др во плодност виде дека цервикс е околу 5 рече немам потреба од утрогестан, секако грлото било длабоко.
Да, фраксипарин се рефундираат, една инјекција од 0.4мл чини околу 130ден, од 0.6мл се малку поскапи, ама не знам точна цена за нив.
Сега се прибирам дома. Мачнини имам помалце, од петок сум 12та недела, не знам кога поминаа искрено, ми лета времево. Ама има денови кога ми е лошо, ама не како порано. Се надевам така ќе остане. У петок сум на скрининг, едвај чекам.
Охоо, па тебе веќе и ќе ти поминат скроз дај боже, па во втор семестар ќе бидеш како нова За неделите не спомнуј, ќе стасаш 9 ти и ќе си речеш коа поминаа месециве На приватно ќе одиш на скрининг или во Гак ? Ако си Гак дај боже одма да завршиш работа и да не чекаш ич
Мамички се породив и јас сабајлево, си се отворив све убаво ама завршив на итен царски, сега се гушкаме со ќеркичка. Инаку да прашам дали некој знае како одат цените во систина со еднокреветна, апартман и придружба пошто ми рекоа дури утре од сабајле може да прашам сега за сега сум во двокреветна
@crazylady @MumToBe Здрави живи да ви се бебушките! Дали знае некоја поедуцирана од мене во кој случај се примаат тие клексаните или други апчиња против згрутчување на крвта? Слушнав дека во последно време на секоја трудница ѝ се препишувале, а мој доктор не ми има спомнато ништо досега - 8ми месец. Преку крвна слика се гледа дали имат потреба- преку тромбоцити и кои се симптомите? Фала ви
Не ги примаат сите трудници, само тие кои имаат проблем со крвта. Трансфузиолошки со мутации некакви, ризик од хиперкоагулабилност(зголемено згрутчување) на крвта. Не добри времиња на крварења кои се испитуваат исто на трансфузиологија. Претходни спонтани, или проблем за забременување, високи Д-димери. Постојат повеќе причини за кои се примаат. Штом не ти дале, нема потреба да ги примаш, познавам многу кои примале, но доста и кои не примале а имале успешни и нормални бремености.