Да и кај мене малце кафеавко имав после тоа и докторот рече се е океј,нема простор за паника.Ме прегледа се е супер.Али сепак страв и паника по смирен си кога си отидеш на доктор.
Во многу болници гледаат многу доктори, но колку се стручни е прашањето. Од кажувања, порано скрининг правеле само др. Димчев во Систина и др. Петрова во Ремедика дури ако памтам добро биле единствени со сертификати. Не е само да ти направи сликичка во 4д. Има многу важни детали што треба да ги види. Искуството е најважно.
Мешенца се врагив од цтг.Ми рече докторката дека е во ред и по 4 дена кога е дежурна да одам пак.К'е ставам слика од цтг,не се разбирам воопшто прв пат ми беше денес.Не успеа ни докторката да ми обjасни,имаше жени за пораг'аj.Ме прегледа на ехо ми рече дека е постелката зрела втор на каj трет степен век'е. Овие високите значат контракции или?
Јас по последна менструација сум 32+2, а според денешниот преглед сум 31+2 и бебето одговара на оваа недела со 1 600 грама. Кога праевме муабет за положбата и икањето се сеќавате? Е, кај мене е сѐ уште со главчето надолу, а икањето го осеќам под папок, некогаш на средина, некогаш полево. Значи не може сепак да се одреди точно. Исто така минативе дена, имав чудни форми на стомаков, се тегнеше хоризонтално некако напречно на стомаков, и мислев се свртело карлично некако. Ама ете не е така. А од крајно десно осеќам мавање и тоа здраво мавање, и видов дека ноџето е. Целото бебе ми е склопчено, и ноџината до уста . Му викам на д-рот ајј како вака, да не е опасно, ептен стуткано? Еластични се вика, не се како нас со цврсти коски, смислила природата за да може да се вртат и за да излезат. Убав ден
И кај мене вчера така на 4д, и јас се чудев како ги стави и рацете и нозете пред лицето Едвај го фативме лицето, ич не е позер. Којзнае што се прават во стомак и после зашто ме боли доле, зашто ребрата, зашто киселини
Маженце е и твоето? Моево да, и како шо велиш едвај некое сличе поасално. Едното раче пред лице, другото пред куре хаххах, си знае шо да си скрие хаа. Можда женските попрчки се Да, и без воздух сум чат-пат и притисок на бешикава осеќам и од страна на стомаков, кога се тегне
Мамички правев крвна слика 13недела сум. Леукоцити покачени до 10било нормално мене 11 гранулоцити до 80било нормално кај мене 81. До скоро бев малку разболенка само парацитамол пиев. Има поминето една недела од кога пиев. Ме преслуша докторката така покажува ок. Се мислеше дали да ми даде антибиотик и реков ај не да почекаме дека бремена не сакам да пијам. И да напоменам притисок нисок 90 со 60. Што мислите вие можда требаше да прифатам антибиотик некоја со слично искуство да ми сподели
Ова горе се откуцаите на срцето на бебето помеѓу 120 и 160. Доле на листот треба да има друг график за контракции
Јас не би прифатила антибиотик, ако не се осеќам со такви симптоми. Ако имаш некаква бактерија, температура над 37 и други тегоби, тогаш да. И мене ми се 11 леукоцитите, а малку се намалени еритроцити, и докторов не ми изреагира. И нормална појава е такви да се во бременост. И притисокот ти е во ред, според мене.
Од сам почеток на бременост леукоцитите ми се благо покачени, никогаш не ми дала терапија докторката за тоа. Нормално е некои вредности на к.слика да отстапуваат во бременост (леукоцити, седиментација, холестерол итн.) Имаше членки во темава кои пиеле антибиотик за леукоцитите, но сепак им останале покачени, така што јас не би, ама ти си знаеш. Притисок имам и понизок од тебе дури, исто никаква терапија не сум добила, воопшто не е потребна. Подобро низок, високиот е опасен
Тоа се откуцаите на срцето на бебето. Само еден каиш имаше? За контракции е друга линија.... Еве цтг со контракции. Кога ги нема контракциите долната линија е права доле на 0. Горната линија се откуцаите на срцето на бебето и тука кај мене.
Еднаш пишав овде, слушнав од д-р Кристинка во една емисија баш за овие крвни елементи. Тоа се случува дека се зголемува волуменот на крвта, а крвните елементи (бели црвени крвни зрнца)остануваат исти, и затоа на анализа се поголеми и помали од вообичаено. За ова глупаво е да се зема антибиотик, кога нема влијание. Важно да се внимава на хемоглобин, железо, шеќер и притисок во бременост, тоа досега го имам научено.
Каков антибиотик бре нема никаква потреба од него, леукоцитите е нормално да се покачени во бременост до 15 и плус тоа си била настината и треба време додека се смират, 2 недели после настинката можат уште да бидат покачени, ти ако се осеќаш добро, ако немаш некој симптом дека нешто не ти е добро или слично тогаш немаш гајле, уживај си во бременоста. Со лесно
Д-димерите ми се 3900, денес испитував пак да не е некоја грешка. Може да ми се грешни како тебе анализите за скриен шеќер. Во хемолаб д-димерите вчера 1950, а во две државни 3500 во една, 3900 во друга
Ме утешивте мамички бидејќи стварно се загрижив. Немам температура а омалаксена сум сигурно заради намалениот притисок и одбивноста кон храна бидејќи мн повраќам
Uste na pocetokot na transfuzija mi bea 1000, a vo biotek lab 140 i vo labaratorija na bolnica145...pa transfuzija ja isklucija za rezultati gledanje