Хахха јас би споделила, ама не сакам многу да се радувам и да кажувам да не не искочи така, вака како што е сега баш така сакав и да биде
Штом ти го кажал уште од сега полот, знам што е Суперр, баш убави вести, така и да продолжи до крај Ајде и јас во понеделник здравје да поминам како што треба, ептен сум нестрплива, само на глупости мислам и додека не ми кажат што и како нема да се смирам ова сама од мојата глава е, не дека нешто не е во ред ама пуста мајка само мисли.....
Јас кај Самарџиски бев на гак,верувам дека е стручен и видел што треба,ама ништо не збори, прегледот едвај 10мин трае,.Ме праша дали имам некаков проблем во бременоста ,реков да скратен цервикс(2 недели претходно го открив ,матичната вика супер ќе одиш кај него он е специјалист ќе ти каже подетално) вика а ти не си за тоа дојдена за скрининг си,после триста објаснувања и молења вика ај дај ќе ти измерам,мери,мерка 24 или 25 беше,ми вика е добро де што,види си со матичната. После кога зборев со матичната и кажав дека не сум задоволна,ми вика пари сака затоа не ти обрнал внимание. Пофални зборови сум слушнала и за Кочовски. На прв скрининг бев кај Елена Николова,помлада докторка ама многу фина,ти дава одговор на секое прашање, а и повеќе време ми посвети.
Те читам колку си ми вознемирена. Смири се те молам. Знам дека ти е претешко, но мораш ради бебушка пред се зашто те осеќа. Тука сме сите заедно и после пород ќе бидеме, ќе си држиме страв.Заедно ќе се радуваме, заедно ќе ги растеме, те молам не мисли лошо. Животот е прекраток да не би уживала у ова Бог што ти го дава .
П.с. @NNK19 погоди. Баш така ќе беше. Ме примети и Димчев што фаца направив, а сега ми е многу криво, ама Ложанковски не кажува до 16+ така да ќе чекам и он да потврди. Нека ми е здраво и живо, тоа ми е најбитно на крајот од денот.
Јас ќе го правам сега во понеделник, тогаш ќе сум полна 32ра недела. Па го гледаат проток на крв, глава, срце, папочна врвца, како се храни од тебе бебе, скоро исто како и вториот скрининг е отптилика. Јас сама си закажав оти така си сакам, докторот ништо не ми кажа, а тој сктининг се прави сега баш измеѓу 32 и 33 недела, ми кажа сестрата вчера кога закажав по тел.ја прашав од кога до кога е најдобро да се прави.
Хиперактив си значи,алал да ти е ќе ѕенѕала,а треба да се пораѓа.. мене од сега ми е тешкоо со таа коска, не па да ѕенѕам Убаво да си поминеш
Почнавте ли со купување за бебето било што ? Јас ја терам 26 недела, нз кога да почнам и од каде да почнам.
Јас прогнозирам момче и девојче @monka_bonbonka .... Нашево уште се крие, а веќе 18та недела сум, се надевам во вторник ќе дознаеме конечно пол Ама што и да е, најважно е да не' дочува дедо Боже сите до крај и здрави живи бебиња да си гушкаме...
Јас сум 20та исто и нашето се крие.Матичниот вика му личело на девојче,додека друг Др ми вика му личело на машко Се надевам сега на вториот скрининг ке дознаеме што е. Мене сеедно ми е,што и да е наше си е ќе си го сакаме,пазиме,и мазиме....Со што сакал дедо боже со тоа не дарувал....битно е рацете на сите да ни се полни со живи,здрави бебенца
Ќе разговарам во понеделник со матичниот, вака од овде што читав се мислам помеѓу Ливринова и Лозанова. Ама ќе видиме. Јас сум 18та недела. Имам време да размислам. Ви благодарам на сите Инаку мислам обично девојчињата не се гледаат убаво, се кријат Нас 2 пати девојче ни рекоа, потоа 1 машко. Па кај новиот матичен мој отидов и тој од прва ми рече девојче е. Ај на скрининг се надевам ќе потврдат
Почни со тоа да си правиш список Има тема во подфорум Бебе за тоа што е најнеопходно за новороденче, почни да ја читаш наназад и многу списоци ќе најдеш од тие што веќе поминале низ ова. Јас имам три списоци, од темата извадов што треба да купам и си селектирав: еден список за од аптека и козметика, потоа уште еден за облека за бебето и третиот за крупни работи како количка, работи за во соба и сл. После вториот скрининг во 20-та недела купив повеќе облека, но далеку сум од купено сè што е потребно. Излегувам да прошетам и купувам нешто што ќе ми фати око. И чкртам од списокот што сум зела. Сакам да си ги земам ситниците со време, а крупните работи ќе ги оставам за на крај.
Ne se bocckam ja so kleksani, aspirin pijam , zatoa se bockam.za da sledat dali aspirinot mi e dovolen ili treba da pocnam so inekckii. Ama me zbuni toa sto minatiot mesec bese 1300 a sega 1130 se namalija. Valjda e ok toa sto se namaluva
За во 21недела+2дена ми закажа матичната за втор скрининг на ГАК....дали е ок се си мислам да не е касно да не утна со броењево. Од кога до кога беше правилно сум заборавила од пред 6 години ☺