Леле мами мене место не ме држи...како црви да имам... Па досадно ми е к'е пукнам...ми се спие-легнувам и не заспивам.Па к'е ми текне да jадам,каснувам еден залак и го оставам.Како дете мало што не знае што сака. Бев до каj маjка поседов па прошетавме малку. Татко ми го немам видено ми недостига.Во Скопjе работи,нема слободно време да доjди Битола. Низ дома си подработнувам,се занимавам да ми врви времето. Проверив уште еднаш дали имам ставено се што ми треба за на болница и тоа е. Чекам сега беба да доjде да се гушкаме.Од утре 38 недела Ви се пожалив денес.. Аjде повелете на какао
Здраво мамички, да прашам тие што сте трет триместар што имате спакувано од облека за бебето...во што ќе го облечете во болницата, а што при излегување...исто да прашам какви се тие тетра пелени(по можност некоја ако има слика) и дали ќе земете за во болница...и последно сакам да ве прашам за некакви гаќи мрежасти дали треба да се носат имам некаде прочитано а појма немам што се и дали треба да ги имаме со нас...Благодарам.
@Dikinzi @Ann.loves.you Не, нема да ѕенѕам, у седечка атмосфера сум, не можам веќе, мирувам ептен сум трудна арно е и толку шо се прошетувам еве еден поздрав од мене @Sandra456* мислев клексани примаш, немам појма сега да ти кажам, јави се и прашај лекар да видеш шо ќе ти кажат. @LadyC јас типував прва на курле
Точно мила, ама не мислев на тоа, мислев NNK19 погоди коа рече да речеа женско сигурно ќе кажев одма. Сепак е рано, знаат да згрешат (и иако Димчев доста сигурен изгледаше) , додека не потврди и матичен нема да бидам 100% сигурна. Сепак он од 16+ кажува Не знам како ќе преживеам со неспиење две ноќи од запушен нос. Многу ми е тешко, сонот ми треба највеќе а го немам овие две вечери.
Нема што, не знаат да грешат, во таа недела многу ретко да испадне така како што рекле. Рано е во 12 недела и не се гледа, мене во 17 недела ме гледаше и пак не беше сигурен, ми рече во 20та веќе ќе се знае сигурно и така и беше, ми рече му личи на женско ама не е сигурно и вика на наредниот преглед во 20 требаше да идам, ќе се знае посигурно и така испадна. И на скринингот ми потврди ембриологот дека е женско. Така да, имаш уште време, не му ја мисли, рано е Знам и јас дека сакаш женско да биде и дај Боже да ти се исполни желбата, ама на крај ќе речеме здрави и живи да бидат па што сака нека се, нели? Ај добро утро, почна нос да ми тече мене, затната сум и не можам да спијам и плус несоници деновиве имам Ај ќе мине, втор пат ме фаќа во бременост ама нека е, бебе да ми е здраво само, јас ќе издржам.
И мене за второто некаде кај 5 ти месец ми потврди докторот. Порано не се гледаше убавоминсе криеше.Мм сакаше машко, а јас некако потајно пак си посакував женско и не знам како но нешто ми кажуваше одвнатре дека ќе биде женско. Но пуста мајка, у мк летото бев на приватно и му покажува на мажот да виде сам шо пол ќе биде, и некако меѓу ноџињата се појави папочната врвца и мм многу се израдува, и вели еве го курлето,?дури и јас почнав да се тресам и Радувам шо ќе биде “машко”. Значи шо и да е, пак е радост, пак е среќа и љубов. Ама докторот рече дека е женско. Не бил 100% но рече така е. И после тука потврди дека е женско. Најбитно да се живи и здрави. инаку јас цела вечер си ја поминав у вц, толку многу шо ми се мочеше, шо дури почнав да се нервирам оти нњможам да спијам. Сега па глад ме разбуди, ми се побрка желудникот, гладна ко да не сум јадена со денови ццц
Лелее едно одење во вц чини пола вечер несоница, па ми се јаде, сува уста... а да се осмелам да не мочам, шо е невозможно, ќе ме чини болка во бешика. Туф Ми текна едно прашање. Дали има врска тоа колку било активно и темпераментно бебе во стомак, такво ќе биде и по раѓање? На прегледот д-рот не можеше да го фати, вика оган е оган, се вртеше нон-стоп, а јас пак толку не чувствувам вртења или можда не ги регистрирам сите, а тоа се врти. Во денот осеќам крупни движења, тегнења, превртување, мал фудбал, ама не би рекла дека е тоа многу. Нормално ми изгледа да е така. И нормално е да има период на акција и после мирување. здрави живи прави да се.
@elenaklasik така сум чула мила , демек како у меше, така и кога ќе се роди. Константин мој го држи муабетов оти е скроз ист како у меше. Ќе видиме со второво, битно е да се здрави ,живи, прави. Се др е небитно. @ddevojce и @Kallias2 мили мои, мислам дека Димчев не греши,он и со Константин ми кажа во 3ти месец, нека ми е здраво и живо само бебенцето, може и ќе се решам на трето здравје понатака. Многу ми е криво што вчера се разочарав и сум идиотка, при здраво право бебе. Господ само тоа да ми прости. А и да си е маже ич не ме тангира веќе, само да е се ок.
Знам, те разбирам, желбата е голема, пуста и затоа така ти дошло, нормално е ама ти викам не мисли уште од сега, исто како да не ти рекле ништо, исто како да не знаеш, на наредниот преглед ќе ти кажат подобро, ако е женско нема да ти потврдат ни тогаш, машкото одма се гледа ама на наредниот преглед и тоа Ај уживај и не се мисли ама ич, здравјето е најјјбитноо да знаеш. Те
Тетра пелени ти се овие за стегање на карлицара и мислам дека межа потреба уште во болница некаде накај втори трети месец се ставаше. Јас на второто не му ни ставував. Тоа ти е памучна пелена и плус уште едно со врзонки
За тое гаќи не знам јас во болноца поминав само со вир улошки и посчедните денови си облеков обични гаќи.. а тетра пелени се оние тенките памучни.. мене за во болница не ми беа потребни зошто во Чаир ги виткаат скроз бебињата а сега здравје за ова зошто ќе биде лето може да земам за да лежи бебе на неа да не биде директ на креветче.. иначе еве вака изгледаат (сликава е од гугл се надевам убаво се гледа) https://images.app.goo.gl/LLK5H6uRxrRZNeqh8 Едит: ако не ти отвара линкот пиши си на гугл тетра пелени и ќе видиш како изгледаат (Не се научив да прикачувам слики тука бреееј )
Мешки имам едно прашање. Ми се случува 2-3 пати во текот на ноќта да се будам спиејќи на грб знам дека не е препорачливо, се трудам исклучиво странично да сум свртена ама ете... како го решивте тоа? Дали со трудничка перница се спречува да се свртиш на грб?
Не спречува, јас ја имам од 8ма недела и некогаш се будам легната на грб, а до сега никогаш не сум спиела на грб(пред да останам трудна спиев на стомак).
Алишта за бебето..не земав ни за првото ни ниту ставив сега за второво, првото во Чаир го виткаат фишек, само за испаѓање алишта носев, така ќе направам и сега, алишта ставив само за испаѓање, таму ќе ги замолам да го замотаат, затоа што така ми е поубаво, ем фатот на бебето ќе биде по убав, ем тоа по смирено дека само шо испаднало од стомак, па секој покрет му е плашење. Иначе за испаѓање ставив боди, ѕивриња, чорапи, шпикозни, и скафандерче како од волна , и капче. Тетра пелени служат за бебето да лежи врз нив, или за широк повој. Првото и ставав повој, до 4 и пол месеца, и ми требаа 20 тетра пелени. За мрежести гаќи не земав, отидов купив едни како за баба памучни, големи, колку да држи влошката. У болница гаќи не, освен царски ако си. Ме настрви да ти кажам, милина
И јас прво спијам лево-десно со трудничката па кога ке ми се укочат колковите,онака ептен да не се издржува веќе се поткревам со две перници под грб и така поспивам. Читав дека е ок некое време така поткрената(пробај ако можеш) мислам дека не смее цела вечер да се спие на грб и плус на скроз рамно,подобро поткрената.. И јас сум на штрек со тоа спиење,исто пред да останам бремена само на стомак спиев,сеа ова ми е ептен безвеза ама ке се издржи некако..