Женски имала ли некоја од вас проблем со низок притисок за време на бременоста. Веќе на двапати ми се случува да ми се слоши и стемни, пребледувам и паѓам во несвест ако одма не излезам на свеж воздух. Тоа ми се случува кога сум на задушни места со многу луѓе... Си мислам дека е тоа поради нискиот притисок...
Јас на почетокот и со двете бремености. 80/50 ако ми падне не поднесував и одма на инфузија. И кога не сум бремена ако ми падне притисок одма пукам од малаксаност и страшна главоболка и пак имфузија.
Можно е да е од нискиот притисок кога веќе знаеш дека го имаш.. но можеби да е и психолошки момент (just saying) страв некој, вознемиреност, нервоза од затворен простор и гужва и.т.н. диши длабоко од нос и издиши низ уста во такви ситуации, исплакни се со вода и напиј се кока кола или касни сирење или нешто... ако знаеш дека притисокот е низок.
Јас до крај се будев свртена на грб и шубе ми беше ама немаше проблем со бебе фала богу. Не можеш ни на страна цело време колк ќе те фати
Здраво женски, веќе некое време сакав да ве прашам за тој широк повој. Како оди тоа, од кога се почнува и по колку тетра пелени се ставаат...и за женски и машки бебиња ли важи? Знам дека во мкд е пракса, а како е во другите земји? Јас кај што сум мислам дека нема таква пракса, и на школите за бременост никој нема спомнато.
Да прашам знае ли некој како се пиеше железото со колку разлика од вит Ц или заедно се пијат знам имаше некое правило за како да се врзе подобро и какво ви е искуството со Хеферол
Се става 1 тетра и 1 шведска. Мене на гак ми препорачаа откако ќе падне папчето до 2 месеци да ставам. Ама педијатарот ми рече не мора, па еве бебе месец ќе прави не ставам. Сите различно кажуваат и прават..
Железо е добро да се пие заедно со витамин Ц, она што треба пред и после внесувањето на железо да се избегнува е калциумот, бидејќи ја намалува апсорпцијата на железото, значи млеко и млечни производи час-два пред и потоа да не внесуваш.
Мене ми помага трудничката перница, ја ,,заглавувам" кај грбот и ме држи да не се вртам на грб, само лево и десно на страна спијам. Болат колкови, но ќе се размрдам, ќе станам за вц и продолжувам со спиење.
Јас повеќе спијам на десна страна, секогаш така ми е полесно. Кога ќе ми се здрви ногата и колкот се вртам на лева (и сега веќе осеќам навечер како ми затежнува во стомаков кога го правам тоа, како да ми заглавува нешто) и секогаш кога се превртувам се разбудувам и си го држам стомаков...А на грб никогаш не спијам, и ако некоја секунда постојам така одма мислам не можам да дишам. Засега не користам дополнителни перници, освен кога седам и гледам тв мислам сите перници се кај мене-неколки ги местам за на грб, некои за да си ја потпрам главава и додека да се наместам се' ми тежи мислам. Мм ме зафркава да имаше уште перници, уште ќе сум ставала...Ама тоа е
Мојот притисок е низок, но нема ми се стемнето или слошено, само како преморена се осеќам некогаш и тешко дишам од најмал напор, не знам дали е до притисокот. Инаку и многу ми се спие, ми велат ради притисокот ти се спие.. Знам дека е лошо висок притисок ако имаат трудници. Е сеа ако ти е претерано низок, види на доктор. На другарка вака и се стемнуваше и пребледуваше кога и се изедначуваше притисокот.
Аха, значи нема едно правило. Воопшто немаш ставано? А шведска пелена - тоа е памучна, изгледа како два споени триаголници и има врца да се врзе преку мешето, така? Мене мајка ми таква ми прати, порано мене таква ми ставала. Јас секако се мислев некој период да ја користам чисто оти е поеколошки и ми се чини поприродно отколку памперс. Само се мислам да не протече од некаде
Јас имам општо низок притисок, а сега во бременоста ми е исто голем проблем. Вчера ми беше 87 со 49 и ми беше ужасно лошо, лебдев, главоболка. Пиев доста течности, кока кола, лимон, малку благо, лежев со нозете подигнати, и малку се стабилизирав. Инаку го имам истиот проблем, не можам во гужва ни минутка, почнувам да се гушам, ме фаќа паника и излегувам на воздух, ова најчесто во сити мол. Нешто слично на анксиозност