Зависи колку низок, мене стално ми е 100/60 или 90 /50. Зависи, јас на пример ставав, ставав оти така сметав дека е правилно, за многумина бев старомодна Мене мама ми ставала до 6 месеца,на првата ќерка и ставав до 4 и пол месеца, сега и за второво планирам така(барем 2 месеца). Порано ставале 2 тетри и шведска, јас ставав 1 тетра и шведска оти пелени носеше , иначе е доста тешко само на тетра имаш ептен работа, перење и после пеглање ама нон стоп. Моите верувања зошто ставав тетри се следниве: да се зацврстат убаво колковите, да се рашири карлицата , некои луѓе не знаат да држат деца а вака е стегнато средено. Мачно е со повој, ама според мене подобро е така
@Dikinzi а како правеше, на пример 2-3 саати секој ден со широк повој или да речеме цел ден така, а вечер памперс? Или уствари да не не сватив, и памперс и тетра и шведски? Да, мене исто мајка ми така ми објасни: две тетра и шведски. Така ми ставала мене и не протекувало. Имам нормални широчки колкови сега И ми текна, на една другарка во мкд и' рекле место широк повој по две памперси да става. Една нормално, а другата обртно, со памучниот/впивачкиот дел нанадвор
Порано ставале 2 тетри отии немале баш памперси, иначе кај мене беше дење ноќе, ја пресоблекувам ,ја мијам, ставам памперс па тетра и на крај ја врзувам со шведска. Така ми беше полесно, го фрлам памперсот, а ако не користиш памперс на секои 3 саати ќе треба да фрлаш тетра на вриење.
А да си земеш да шмукаш од тие на доктор Тајс од жалфија? Мене од нив ми помина грлото и од супа со малку повеќе црн бибер.
Мене ми препишаа таблети и ми кажаа во ординиацијата да ги пијам наутро со сок од портокал и пола саат после тоа да не јадам ништо.
@Enci200 за широк повој треба да ти каже ортопедот дали треба повој или не. На син ми веднаш по раѓање во болница му правеа ехо на колк и ми рекоа да ставам со една тетра и шведска. И на 2 месеци на контрола ни продолмија уште 6 недели сега за некој ден пак сме па ќе видиме.
Пијам сируп од бршлен со одобрување од матичен гин. и сум подобра малце. Не знам како можеше 10 пати да ме закачи у 2/3 месеци, хаос...
Незнам ама јас по едно дневно шмукав, 3-4дена. Сепак е минимално. Инаку во аптека побарав и нешто да ми дадат за настинка, потенцирав дека сум трудна, ми дадоа ефералган. Во упатство видов дека не се препорачува во бременост и го баталив.
ако тебе ти е удобно немај мака не штети воопшто Зошто не гаќи во болница? Не смееш само при визита да ги носиш не дека е забрането ами да не се губи време при преглед. Моја препорака ви е боксерки да си носете од мажите дека поголеми ем ќе ја држат влошката ем полабаво и попријатно ќе се осеќате. И обавезно бетадине носете си за да ставате на влошката. Ако условите во болница дозволуваат и мијте ја раната после секое одење во вц.
@Dikinzi не носев гаќи со царски у болница мила. Не смееше. Добро утро. Јас со неспиење од кашлицата по 12382717191 пат. Ми се темни веќе и ми е мрско од неа. И едвај се будам де. Ми се јаде. Сакам да јадам тазе крцкав леб со салата патлиџан кромид и сирење. Ќе нарачам леб да ми донесат. Мрза.
Луѓе како стоите со пиење вода? Мене само на газирано ме тера, пијам кисела вода и кока кола секој ден. Вода само кога ги пијам витамините, пола чашка. Не ја можам ич, ми се гади.
Прочитајте си доколку не сте наишле на линков претходно... https://babyshop.mk/mk/merenje-na-tezinata-na-bebeto
Мила да не се урочам, како влегов во 12+ немам никакви проблеми. Во 11+ тек тук имав нешто мачнини, ама се надевам заврши голготата. Ништо не ми смета сега. Ама и кога ми сметаше јадев се и си повраќав. Нешто се задржувало сепак. Хахаха Инаку јас пијам вода ко нездрава, обожавам газирана и пијам енормно големи количини. Тоа е одлично чим пиеш и ти.