Да. Еднаш јас во 13та недела многу се разболев и бев во болница и покрај се друго што ми дадоа, ми дадоа и парацетамол.
Mислам дека првиот знак на бременост со двете ми беше разболување. Смееш парацетамол, само тоа е дозволено. И тест еден ако сакаш срцка да бидеш па да не расположиш тука понеделнички.
Иако е планирано, сепак ми е страв од резултатот не сакам да мислам на тоа додека сум на одмор, па како за инат брадавиците ме жежат и болат @green.eyes да се вратиме па ако не добијам до тогаш ќе направам @Dianas и јас со првото се разболев ептен во 8 недела но не памтам дали ми дадоа нешто. Фала ви многу девојки
Се разбудив утрово со вртоглавица и повраќање Др.не ми се јавува на телефон. Што да пијам и дали е опасно за плодот?
Се вратив од цтг покажа една контракциjа.Ме прегледа со рака докторката и рече дека зрело било грлото на матката.Што мислите к'е биде за брзо или е нормално вака?Болки немам само многу често во тоалет ми се оди.
Помали оброци каснувај си и почесто, течности исто така, непечени бадеми велат дека помагаат за мачнини, Б6 пиј си и тој помага. За мачнини и повраќања пробувај работи и можеби нешто ќе помогне. Земи ѓумбир, пробај и со тоа. Знам дека има и апчиња на база на ѓумбир, Антиметил мислам дека беа. За вртоглавиците измери си притисок, да не ти паднал. Крвна слика исто така провери си, да се види железото да не паднало.
Земам антиметил веќе една недела. Мерев притисок и за чудо ми е малку повисок од вообичаеното за мене. Најчесто ми е 90/100 со 60. Сега покажа 115 со 60. Крвна слика пред една недела правев,убаво ми беше. Јас се исплашив да не се случува со плодот нешто Фала ти на одговорот
Нормално е да имаш мачнини во бременост, особено во прво тромесечие. Ѕирни и во темата Прво тромесечие, ќе видиш дека повеќето повраќаат и имаат мачнини, ќе ти се тргнат лошите мисли.
Пробај со јогурт и минимум два часа јади пред да легнеш Исто така спиј на повисока перница, главата да ти биде подигната повисоко
Тоа Не е ништо една и до 20. Рано е уште. Кај мене се качуват до 43. туку сакав да ве прашам како сте со соништата?? Дали сонувате Нонстоп некои сонови во врска со бебето, некои убави, некои не. Психички сум ептен преокупирана и стално се мислам ајде кога ќе се породам. Веќе никој не ми врти ниту ми пише дури ни мајка ми вели ќерко чекам ти да ми се јавеш, сега и јас секој ден раѓам од мисла, не сакам да те вознемирувам не знам како ќе те фатам во тој момент. Ајх пуста далечина. Братучедките ми се смеат, вонредна ситуација сите чекаме, абе им велам ако има нешто јас сигурно кога ќе сум на бокс нема да ви се јавам денеска 39+2
И мене ми е подобро коа се движам, ако лежам доле на тепих додека се исправам и пушти ми требаат некои 5 мин. Иначе неќна во Четвртокот ѓи имав лажните болки, ич не ми беше добро, ќе седнам ќе се смират, ќе станам почнуваат, доле "другаркава" како што ја спомнаа неќна Мислев готова е хахахахаха А стално си имам контракции, стврднување на стомакот, и тоа оваа бременост ѓи имав уште кај 4 ти месец, и да ти кажам ме нервираат многу се досадни. Арно тебе шо не ти звонат или пишуваат, кај мене почнаа да пишуваат глупости за да видат дали ќе им вратам, и ме нервираат. Моите не..ама другите ептен радознали.
има две три така од порадознали, ги игнорирам и не ги спомнувам. Баш у саботата ми пише една како си, го нема ли бебето да дојде??? Мислам алоо сигурно ќе се научиш, (ама не и вратив) И тоа се од жени шо родиле и имат мали деца. Ама стварно пријателки тука шо имам од доле од мк никој не ми се јавува од блиските, баш пред малку мм ми пише и ме прашува да не сум се породила дека спиев малку искористив време да дремнам, па не сум му вртела, велам сигурно ќе те викнам да си дојдеш да ми ја носеш торбата. Која торба вели??? Ццц цел месец и повеќе ми е торбата спремена за у болница а он ме прашува која торба машка работа
А кај мене па ако спомнам болница прво нешто шо прашува е дали торбата ќе ми требала Више нема да им враќам на тие што ми досаѓаат, нека се помислат малце..во последно време многу станав дрска, и сеа се мислам дека стално сум требала таква да бидам. Мажот ми стално вика, ако се дрзне некој за твое да ти се измеша треба и ти да се дрзнеш да му вратиш со иста мера Завршив ја со правосмукалка, џогер, сестра ми ја викнав да ја игра малата, оти сама ако сум после неа уште саат време ќе чистам. Па вака завршив на време, моментално спие, кај и да е ќе стане, и после пак со неа ќе се бркам. Малку и е досадно дома, здивена е ептен, сака со мене да си игра, нема со кој друг, а мене ептен мачно некогаш..сакам да ја прошетам преку ден, ама живееме на 5ти спрат без лифт. Ај за симнување така и така..ама надвор ќе треба да ја бркам, па после да ја качувам до 5 ти не знае уште сама скали да качува, ја држам за двете раце а така сум наведната, или па госпоѓата ќе ја примрзи и сака во раце Ех викам..да имав лифт, стави ја во количка и шибај..ама тоа е ..
А ти си од неискусните? Едвај чекам да се пофалиш дека не ти дошло Извини што се убацив П. С. Напиј се парацетамолче
Охх ја у лифт за жива глава не се качувам. Невиден страв имам од лифтови. Некни коа бев у болница два лифта толкави големи и плус еден мал. Мене најмалиот ми се отвори, велам качи се девојче по скали не си прај стрес Деновиве максимално гледам да направиме со керками нешто, другарчиња кај нас, еве ние кај нив денес, прошетки, после додека пркнеме месец дена ќе биде малку поинаку, ама бебе у количка ќе шетаме.
Имам менструални болки ама не се неподносливи.Во 5 сум пак на цтг.Дали треба да боли стомакот и да престанува болката или постоjано боли?