Парацетамол, витамини, туш.. во 5ти месец ме фати вирус, имав температура, заради повраќање примав инфузии, а за темп ми го кажаа тоа. Гледај да не е над 38,5
И јас со меркиве сум збунета. Според она на нет, моево е многу повеќе за неделите. Кога бев 21+ во плодност на втор скрининг, тежеше 470 (со тоа нели +/- некој грам). Потоа на обичен преглед кај мојава матична кога бев 24+ тежеше 890 и ме заплаши тоа што ми рече" леле ова големко бебе, една /две недели како понапредно. И сега само на тоа мислам....Ми даде да проверам тримесечен скриен шеќер, да видиме дали со тоа е се' ок. Рече таа не сака да го запре да расти , туку само да следиме....Плус, наредно дури 32 недела треба кај неа да одам, ама јас проверката на скриениов шеќер планирам да си ја направам неделава (сега сум 26+1 или најдоцна другата), да не чекам до 32 оти читам скриен до 28 се препорачува, а и совреме да си знам дали има нешто. А шеќерот на секоја обична крва слика ми е 4. нешто....и затоа ми рече не морало да се малтрретирам со течноста, туку доволно било тромесечново испитување...Па ќе видиме
Девојки ај мислење за резултативе ,четврток сум на контрола ама не ме држи место уште што друго ке ме стрефиии
И јас утре ќе одам по упат кај матичната за шеќер, јас денеска сум според менс. 25+5 тука сме ја и ти блиску
@Kate Rina 93 не се секирај има и други со луди идеи, мм за Константин сакаше да се вика Бастијан, замисли сите ко куче Баки да ми го викаат. Се испокаравме што да ти кажам за името. Едвај за ова се одлучивме. Он бираше де, ја дадов апрувал. За второво ја ќе крстам и ич не го таласам.
За женско мајката бира и точка Ние така се договоривме, и еве и двете се женски Главниот збор за двете го имав јас, ама со согласност од мм. Имав еден фаворит сега за второво, ама он нејќеше ни да чуе, вето ми стави Ама добро е, најдовме заедничко решение и најубаво е Туку @mal.ecka кај брзаш ти? Има време, тек сега влегуваш во 9-ти ако не се лажам, една недела си пред мене И да биде закажан царски, пред 38-ма недела не се прави освен ако нема индикации, така ми рече докторката. Нека седи бебка уште малку, рано и’ е
@ddevojce , и кај мене почнаа да се редат сонови. Сонував како чудно се осеќав кога се родило бебето, ко недугава хаха, заборавав да го нахранам, пет дена не сум му дала да цица и сум рекла на маж ми дај да купиме обично млеко, чудна некако беше врската со бебето, уф шо ми е грдо така. Да ве прашам нешто, ако? Прашањево ќе ви изгледа претерано и смешно, но јас забележав и сакам да знам дали и кај вас е така. Кога испуштате гасови, да си кажеме на нашки кога прдкате, ако е посилно дали ви се штрекнува бебето во моментот? Што се случува, си викам, во цревава за така да отскокнува?
Не се стрефувај, немат зш. Еритроцити е нормално да се намалени и леукоцити малку зголемени. И кај мене е така. Железото е таман, и малку повеќе да го крениш, не е на одмет. Хемоглобинот маалку да го поткрениш и него, шеќерот во ред е, кај трудници под 5 е таман, и во урината само леукоцитите да видиш зошто се покачени, уринокултура можда ќе треба да направиш. Опуштено. А за пред некој ден шо праша за ендокринолог, јас појма немам кој е добар, нит име нит презиме, не познавам. Најде некој?
@Sexybaby86 и ние така се договоривме со мм. За машко тој бира име, ама мора да одобрам и јас, за женско јас бирам име ама мора да одобри и тој. @LadyC Џорџ сакаше, Џорџ Греота детето, среќа што испадна девојче, се спаси
Да ве замолам да ми кажете што спремате во торбици, што е потребно да се носи за нас и за бебињата? Во чаир ќе се пораѓам,29+2 сум, си минува времето па да си се спремам со време.
Хахаха, како се смеам на место е прашањето, икај мене подштрепнува кога посилен звук ќе испуштам. јас сакам веќе неколку дена да ве прашам ама се си викам ај да не замарам, ама сега ќе ве прашам вие шо сте у девети и шо имате контракции!! Значи на малку појако стврднување на стомак осеќам како да ме гуши, многу неубаво чувство како да сака срцето да ми затрепери како тахикардија да добијам, ама не се случува тоа. Го осеќам тој притисок. Без разлика дали лежење или стоење или седење, под градите го имам тоа чувство. Малку ме фајќа страв
Не најдов , немало во Охрид добар , само Ск да сум одела а некако мачно ми е да патувам пошо се префрлив во Плодност сега , да видиме шо ке бидит таму ме пратија тримесечен шеќер да испитам па после ако е висок ке ми даделе терапија, благо и леб заборајв веке а со овој пусти цервикс ке видиме шо ке бидит, а сега последно на гинекологија ми рече докторкава дека постелката ми била малце пониско, и си реков морат сето лошо кај мене да е собрано , ама не се предавам бе и не , се ке е супер , хаххаа зш ко прочитав за плацента превиа ми се скрати животов уште толку , туку дан знајш дали можела постелката од заден на преден зид да се премести , не ми е некако логично то бе ??? И дијагноза за конзилјарно ми згрешија и ....лудница бе лудница хахаха си попрајв малце охридски муабет
Хахахахахааа, ме изнасмеа Бебето не се штрекнува..ама затоа јас да ..од миризбата За мажот ми не правам муабет