леле камо среќа да сум само толку не се секирај добро е некој има па ич не се поправува...ја на пример еве цели 13 кила а има уште време до пораѓај
Ohooo ja i beter od 13 ke kacam do 9ti.nekaki mn mi dojdoa 6 mesec sum a do sea 7 8 kila staviv na mene a do kraj so ke bide ,ke se trkalam
И јас така само шо за пораѓајот ме фајка страв. Ајде со бога напред ќе биде. Леле со 20 се породи, бравос, изненади, а јас па ти велев ништо не е тоа. Живо и здраво ангелчето да ви е, да ве радува цел живот. честитки од срце, машала како бонбона е, да го голтне човек. Уживајте во најубавоте моменти.
@Sandra456* од прв преглед до втор ме мереа од 71 кг на 77.3 Ми одзема две сестрата ради чизмите. Дека сигурно две тежеа... Ич не се замарам колку ќе качам. А ќе качам богами. @Tedyyy нека ти е здраво и живо малото, цел живот среќно и бериќетно да е! Девојки се гушам веќе од сува кашлица. Ништо живо не ми помага, ни бршлен, ни пантенол, ни ракија со бибер четврта вечер ставам. Ужасно е значи на секунда кашлам. Сега ме разбуди мајка од другата соба, вика дека спијам и кашлам од кога сум заспала. Ова е веќе ненормално. Осеќам свирам на гради а матична ме тера да инхалирам. Ич веќе не ме интересира, утре ќе идам по антибиотик, ова не се трпи.
А тоа ќе ти кажев и јас, зошто не се инхалираш? Дозволено е и вентолин во бременост за инхалација, да знаеш, една пријателка која сега се породи, има астма и цела бременост ја помина со маски и баш ја прашував нели е штетно за бебето, ми рече не и во првата и сега во втората бременост е се со маски и тоа кортизон она става оти има астма, а вентолинот е многу поблаг и не е кортизон. Ова ако случајно ти кажат дека треба вентолин плус освен физиолошки само, да знаеш. А и од каде знаеш дека за сува кашлица треба антибиотик па и ти? На авоја рака немој, иди да те преслушат и ќе те советува доктор дали и што да земаш. И јас со грлово веќе аман, еден ден добро, друг ден пак ме боли, после пак ми мине, третиот ден пак почнува да боли, јас не знам што е веќе работава значи аман, раат да се немало
Еленче мила, ти благодарам многу што ме мислиш, сакав да ви пишам синоќа кога се вратив дома ама заборавив, со детето таму ваму и си легнав и толку беше. Бев на доплер, супер помина прегледот, се си е во ред, се се одвива како што треба, 31+4 според ехото сум, а според М 32+2 , бебе тежи 1767 гр ми рече таман си е, мене некако малку ми се виде килажата, ми рече не е мало, супер му е за таа недела килажата, супер се храни од мене, нема никаков застој, се е како што треба и што е најбитно и ја видовме и фацичкатаааа ми ја даде и на 3Д со боја ја видовмее и тоа ми беше најубавото нешто штом и ја видов фацата се стопив, носе, устичка иста како куклата што ми ја зеде Господ, иста !!! Ахх цела вечер си ја мислев, син ми истото го кажа, вика мамо иста е како А нели? Охх сега уште толку повеќе чекам да дојде денот да ја запознаам, едвај чекам Жива и здрава ми е само, само тоа!!!
Супееер што е сѐ во ред. Ќе се смириш сега, ама знам како се осеќаш за прегледите, секое одење, страв и трепет. Не е мало за неделата, толку и на интернет пишува на други страници. Еве јас сум 32+2 според мензис, а бебето ми е 31+2 со тежина од 1670 гр. Не може идеални мерки да имаат бебињата, нели? А докторите од мерењата прават еден просек и ја даваат неделата. Важно си напредува, тие протоци доплери се важни да се добри.
Здраво, јас сум 5+6 па сакам да ве прашам за симптомите во првите недели дали ги имавте константно болни гради,грчеви, лошење. Бидејќи кај мене по интезивни до пред 5-6 дена сега некако се смирија?
Цуцеее здраво и живо да е! како си нанка... @Brpbrp , кај мене немаше ни лошење на почетокот, градите умерено ме болеа, ама варира тоа, хормоните такви се, де повеќе де помалку даваат симптоми. Јас дури се чудев како не ја осеќам бременоста; мислев дека треба да се турам од повраќање, в несвест да паѓам, а не беше така. Со лесно да ти е.
Исто и јас така се осеќам премногу нормални симптоми за прв триместар сепак фала ти на информацијата ❤️
Прашај паталец а не гаталец Да си здрава и жива што ме освежи, ми врати сеќавања а и ме подготви на тоа што ќе ме чека ако ја биде де А ти немој да бидеш лошка, послушај ја мајче, или можда мислиш дека свекрва ти знае повеќе? Слободно нека не преместат модераторите
@Tedyyy нека е живо и здраво, среќа и успех да ви носи Пишував и пред некој ден но не добив одговор и мислење од никој. Синоќа воопшто не спиев, имам болка во делот кај желудникот меѓу градите, баш кај празнината што се осеќа. Цело ми е втрнато и како да гори кога лежам целиот дел. На ниедна страна неможам да спијам освен да се исправам. Не осеќам киселини или да ме боли од храна, како надворешна болка е кога го допирам како да не го осеќам тој дел од тоа што трне. А и бебе удира силно се изместува па ми прави болка во стомакот посебно ниско доле како топче се прави, абе кине 31+5