Каков е тој доктор, наместо да смирува крева паника. Јас баш се релаксирам кога одам. Вчера бев на скрининг и лабаво се мереше по 2пати, ми покажуваше. Убаво е ако можеш да скратиш на јдењето ама еве и јас неможам. А стрии со првото се поправив само 8кг а стиии бев преполна, црвен ми беше стомакпт цел. Бебето беше 4080гр. Нема правило за стрии... олабави се... А вагинален секрет имам цело време навистина постојано, брисот само покажа кандида и само за тоа ставивме...ама мериме цервикс постојано поради лошо искуство...во 12недела беше 37мм а сега43...релаксирај се
@Tedyyy жива и здрава да е бебушка.Машала,ептен слатка е @Fallen.Angel ти кажаа убави совети погоре.Мислам дека ти е премногу стрес и притисок собран,плус хормони.. Прво,со бебе ти е се во ред,помисли на тоа.Бактерија не е ништо страшно,бебе е заштитено внатре,а за Полигинскс ти дава дека имаат широк спектар на лечење,ако не,слободно побарај други кои се адекватни.И да ја имаш на пораѓај,ке ти пуштат антибиотик во инфузијата. За килограмите те предупредил дека се многу важен показател за текот на самата бременост,а поголем дел од можните компликации се поврзани токму со вишокот килограми.Иначе,на сликата во темата “Какви трудници сме” мене ми изгледаш супер Гледај да внесуваш хранливи и здрави намирници,тоа е најважно Одмори се сега,ако ти е тешко исплачи се или пушти си убав филм/музика,утре е нов ден. И да,никому не си должна да даваш објаснувања.Тоа бебе е твое и на вереникот.
Здраво мешковци, ние ве поздравуваме, денеска полниме точно две недели Сакав да ве прашам, колку време чекавте за извод да иставите на новороденче и државјанство? Ја сум породена во странство, извод си добивме тука одма ама за да има Мк државјанство морало да се вади и таму, маж ми денес беше во Ск да ги среди тие работи и му кажаа одптилика 2 недели се чека.. тоа е страшно 2 недели за еден извод за 5 минути тука се заведе малата и ни дадоја и австриски и интернационален Ми треба за виза да и направам ама не очекував дека толку се замаени таму Дефинитивно тука сте најактивни па се надевам на одговор иако нема врска со темава
Нас на лице место ни го дадоа, почекавме во канцеларија да го искуцаат, ете колку време треба за изводот, џабе чекаме толку долго Инаку, од искуство: одма однеси ги на заверка документите од Австрија пред да одите во МВР. Ние заборавивме, па ни ги земаа оригиналите за државјанство После за пасош пак мораше оригинали, моравме тука да се јавуваме да издадат еден примерок па плаќавме ДХЛ да стигне истиот ден во Мк..... И така на крај цело богатство не кошташе пасошот на малиот, кој веќе и многу ретко ќе го користи Или па ако дозволуваат земи повеќе примероци од таму, така уште поубаво
Нема зошто да си праваш беспотребни стресови, ти пишаа и др членки погоре и ти дадоа добри совети. Биди среќна шо поминал скринингот како шо треба, беба е супер. Бело прање во бременост е нормално да биде ептен изразено, кај некои помалку кај некои повеќе. Каква балтерија имаш?? Габички се,кандида или некоја др бсктерија??? На кандидата и балтериите им пријаа благста средина, така да избегнувај благи работи. За сттеиите шо ти рекол, не знам по очекува доктор од трудна жена да биде рамна како даска и без ниедна стрија?? Јас слаба бев и пред двете брњмености, и во првата бев доста испукана а сега сум ектра, нови стрии и тоа сини виолетови, ма не ги примеќам. За тежината треба да внимаваш, ќе се ставиш на диета koja e za трудници и ќе се придржуваш до неа. Оти на крај можеш да отечеш. А на свекрвати можеш да и кажеш у две реченици се е супер перфект и готово. Ако ти се плаче, плачи си, ќе ти олесни. Хормони вријат, тоа е.
Не знам што бактерија имам. Денес земавме брис, резултати ќе имам дури петок. Докторот се сомнева на бактерија и затоа веќе четврт пат земам полигинакс. Првиот пат пиев и антибиотик бидејќи на брисот излезе gardnerella vaginalis, од тогаш наваму без да ми зема брис ми препишуваше полигинакс заради белото прање.
Страната е некоја странска. Сум го сликала за да овде некој ми го изработи. Ама ништо не направив, се откажав од гнездо,купив само плетенка и ми врши работа, одоздола ставам пелена и гнездото го вртам во круг. Интересно изгледа. Сакав да си кажам, иако не ме праша. Еве ја страната.