Ние денес на ехо, 19+0,конечно ни се покажа, женско е... Должина на грло на матка 40мм, одлично е рече докторот за овој период, требало над 25 да биде, се плашев да не е скратено па да не можам да движам баш сега кога е пролет во најава ама ми олесна. Бебе е во ред фала Богу, си напредува, се надевам за скоро ќе ја почувствувам Ми даде вагиналети кои содржат млечна киселина во составот превентивно додека ги чекаме резултатите од брисевите. 5 и нешто килограми во плус од почеток до сега, си велам не е многу најважно е бебе да расте па ние ќе бараме начин за симнување отпосле. Треба само вода повеќе да внесувам, а зимава баш не ми се пие, по колку вода (и/или течности) внесувате во текот на денот? Колку е доволно всушност?
Истово го гледав пред некој ден на Бит Пазар во едно дуќанче .. по уличката накај женски пазар ... не знам како се вика дуќанот јас од таму купував гнездо пред 8 месеци тогаш го немаше ова а пред некој ден поминав натака и го видов.. мислам за цена ми кажа дека е околу 2200 или 3200 ... имаше гужва а и јас брзав па не слушнав баш точно за цената
@Enci200 не може.. мора двајцата родители да бидат присутни.. пред Нова Година сестра ми и зет ми беа во Мк за да вадат пасош за малото.. и они прашуваа дали може само едниот родител.. но им рекоа не може и двајцата дојдоа само ради тоа плус и искористиа и празници да поминат тука иако не беа на план да доаѓаат...
Да, јас, баш денес. Ама денес доста пешачев и си мислам дека е од тоа и нозете ме болат оти не сум оддамна толку пешачела и ми дојде одеднаш, не знам. И некни имав, исто го пишав тука ама тогаш не беше од пешачење, одеднаш како си лежњв и гледав Тв почнаа менструални болки, половината и одма у вц отидов, се исплашив ама ништо. Помина само од себе. Можеби се лажни контракции оти се ближи времето за пораѓај, сум заборавила искрено од другите бремености како е и сега само се распрашувам и јас што е нормално што не е...
Ова со вагината го имав пред 2 месеци отприлика ама мене едната срамна уста ми беше отечена само и на допир ме заболуваше, онака не и осеќав како некоја тежина, како некое влечење, помидлив дека е инфекција па во аптека ми дадоа Octenisept спреј и ми помина, сеа дали од него дали само по себе, којзнае. Од тогаш не ми се има десено пак да ми отече, во 8ми влегов.
Да се пријавам женски од паталошка во Чаир хоспитализирана со притисок до плафон 200/110 без никакви симптоми, сосема случајно решив да измерам дома моментално лежан на цтг, буцко е добар, ама притисоков нешто не му се намалува се надевам ќе биде се во ред и скоро ќе се гушкам со бебуш
Преубаво е... Ова со креветчето ме потсети на мене и ме разнежни Нас ни го донесоа на 14.10 исперив постелнина наместив се скоцкав иако имаше кај мене уште цел месец до термин вечерта ме фатија болки и на 15.10 се породив Синко мој бил нестрплив да нане во него
Пијам 2,5 литри дневно. Прво по 2, па зголемив на 2,5. Преку цел ден шише до мене и пијам, нема забушавање Ајде Мици, се ближи најубавиот момент, ќе има гушкање за брзо Со лесно и пиши ни
И нормално е ама ако се повторува измери притисок е екг на срце.Знае како возбуда да дадат и хормоните.
Јас сум 20+5 и сум 4 кг поправена така да килограмите не ти се многу не се секирај после со активностите со бебето бргу ќе се вратиш во нормала,јас внесувам вода од 1,5 до 2 литра вода ич не пиев имам потсетник на моб за да пијам
@mici-22 со лесно нека е милА и со помин притисокот. Да ни се пофалиш тука кога ќе дојде бебушка на овој свет. Добро утро. Сте биле активни вчера па сум ве читала до сеа. @Fallen.Angel мила, мислам дека се хормоните... Не е друго. Во првата бременост ништо не осетив , а сега сум комплетно сменета. Ај што повраќав, што ми беше тешко,него и психички многу се изреметив, многу сум депресивна, никој не сакам, се ми смета и секој ден плачам. Не е нормално до кај сум стасана, сите ме знаат како откачена личност у живо и само тоа ми коментираат дека јас не сум јас. И знам дека не сум, се осеќам навистина поразлично. А бебуш чим ти е во ред, те молам смири се. Ќе се олесниш, ќе се стабилизираш... Тежок денов ми изгледа. Ми иде пустиња да фатам некаде. Аман од зимава грда.
Со помин притисокот нека ти е, и дај боже побрзо да се гушкаш со бебуш. Јас поспана денес нешто, 39+4 бебе мрда ама не е така активно како минатите денови да прави гимнастика. Леле не можам веќе да чекам сама си барам симптоми
Контракции досадни више, цело време ѓи имам, ме пукнаа многу се досадни, аман више..ако сум седната, и треба да станам наеднаш а имам една у моментот не можам да достанам..ноќеска ме фана тешко дишење, го имам од пред недела дена и фазла може, ама беше моментално коа ќе легнев, и ќе поминеше..ама ноќеска до гушење бе ич не сум спана, па ај подкревај перница, така сѕм подзаспала, па малата се расплака Ич не сум спана..ич.. а воа тешково дишење го немав со првото, со воа да..дали високо е уште, и како имам контракции притиска уште на дијафрагма кој го знае...
Не кажувај за тешко дишење, сега јадејки почнаа како игли да ме мушат во половина и станав се размрдав, велам ајде даваш ли знаци дека ќе излегуваш. Стварно нонстоп у мисла сум, секоја вечер сонувам. Со првото немав никакви болки никакви знаци најнормално само шо многу се потев у девети.
Нареден пат коа ќе сетите гушење проверете пулс, коа пишав пред малце почнав тешко да дишам, притосок океј, пулс 114 ете шо било работата, не смеел толку, 90 најмногу, магмезиум се напив друго ништо немав дома, од коа орестанав со фолната почна воа да се фешава навечер, а вчера катастрофа.
Јас мерам притисок и пулс секој 3ти-4ти ден. Пулсот никогаш не ми е под 100,а магнезиум пијам некогаш и три на ден. Би требало да си прашам на доктор? Мислев дека си е нормално.