Здраво...Прво со лес да им е на сите трудни идни мамички. Пред некој ден најдов случајно еден сајт, на кој што има Тајмер на Контракции , па сакав да го споделам со вас...може на некого да му е от корист. http://www.bebeimama.com/tajmer-na-kontrakcii Сајтот е бугарски, но тоа не мислам дека е некој проблем. Има дугме, големо, плаво, на кое ќе треба да се стегне, кога ќе започне контракцијата и на истото се стега, кога ќе престане. За секоја наредна контракција се прави истото, така тајмерот отчита продолжителност и честота и со тоа дава совет дали да се обратите кон породилно. Со среќа
kako so objasnija toj linkot nemozam da go kopiram od tabletot i zatoa mi e dolu toj link staven hahah nema vrska ke ne bide i bez toa...inaku kaako ste vie so decinjata ti pomagaat li okolu anastasija??? nie sme super momentalno spieme a majka gi zavrsi obvrskite.. ee da vi raspravam vcera koga vlegov da se bajnam spiese malata vikam aj na.brzina da se zamijam i si aknav edna kupa sampon na glavata,skama nevidena mi se napravi i ete ja malata rikna hahaha i ajdeso brzina.na svetlinata edvaj.se.isplaviv i nabrzina se zabrisav i taka goli.cicki si sednav i pocnav da dojam )
оххх мила не да ми помагат и кога мора и кога немора тије се околу неа 3 душички че си родам уште едно синче па таман 2 на 2 хо хо и пак на труднициве да му правам друштво некако премногу ми фали темава
Isto i mene zatoa si se vrtkam cesto i si komentiram cat pat..neka mi e zdrava i ziva kerkickata za godina dve strkot da i donese bratce ili sestrice eeee mnogu golma.e radosta ni samata ne sum svesna...mnogu golem i svet bil zborot MAJKA
Мамички и трудници јас ќе ви помогнам во врска со тикерот, се надевам нема проблем што пишувам во темата. Најпрвин одете на некоја од страните за да направите тикер, а откако ќе го подготвите, изберете BB Code, а откако ќе ви се појави BB Code обележете го и копирајте го. Потоа вратете се на форумот, влезете во контра панел, па во профил, па од лево имате листа - потпис,во делот за текст стискате paste, и на крај испрати. Еве ви неколку линкови каде што можете да креирате сопствен тикер. http://daisypath.com/ http://www.magicalkingdoms.com/timers/ http://ticker.7910.org http://distickers.com/ticker/ http://www.ezticker.com/tickers/events.html Се надевам ви помогнав. П.С Често ве читам, со лесно нека ви е на сите идни мамички, а честитки до МренаРиба за нејзиното девојче, па за 13-14 години и нејзе да ја читаме на форумов.
Здраво! Денес бев да ми направат скрининг во 20 недела со 4Д, арно ама докторот или не ме разбра, или не знам што се случи и ме гледаше со 2Д во комбинација со 4Д за некои детали. И сега не знам дали тоа е скрининг во 20 недела или беше обичен ехо преглед каков што имам закажано кај матичната за наредната недела. Докторов ми рече ако сакам 4Д да одам во 22 недела. И сега сум збунета. А мереше доста работи (повеќето со некои шифри што не ги разбирам - но ќе побарам на нет подоцна). Од она што разбрав и сметам дека е во ред е дека р‘бетот е уреден и во 2Д и во 4Д (така ми запиша), вратот е слободен , а постелка на преден ѕид е 2 степен (ова не знам дали е добро или не). Потоа има некои вредности: BPD - 43mm (19,1); FL - 33mm (20,3); SIV- уреден; HC - 19,4 гн, и други некои параметри има. Ако има некој што знае да ми ги протолкува овие резултати - ќе ми заштеди време (да не гуглам, да не налетам на нешто што не треба па да се испаничам), здравје наредниот петок сум на преглед кај матичната - па ќе ја прашам. Инаку пак не го знам полот на бебето. Не сакаше или не можеше докторот да ми каже. И за тоа ќе треба да почекам и да се надевам дека ќе се види на следниот преглед. Бидете поздравени сите!
Се спремам за породување со царски и се ми е спремно,само за излегуванје не знам со што се излегува од болница, дали може со хеланки ,тоа ке ми смета ли на раната? моше е глупо прашањето ама во подготовки сум и уште тоа не ми е спремно Ч))) фала
ајде со среќа со лесно да поминеш немам ни јас некое искуство со што можеш да излезеш од болница ама мислам дека хеланките ќе те стегаат баш кар раната ако имаш од трудничките фармерки тие нема да те стегаат доле кај раната позз и со лесно
Јас си излегов со хеланки и тиника Ќе ги ги кренеш погоре и готово... Ако не се хеланките со низок струк и имаа некој дебел ,стегнат ластик е ок А не верувам дека се такви...
Ајде и за ова да кажам од мое искуство Јас бременоста ја поминав на Клиника, каде нормално ништо не плаќав, и каде можеа да ми прават 4D ехо кога ќе посакам и јас и тие, но и во мојот случај, како во твојот, само во 21ва недела делумно ми пушти 4D чисто за ние да го видиме бебушот пореално. Без да го прашам, докторот сам ми рече: На нас ни е доволно 2D ехото за да видиме се' што треба. И му верував Не се замарај со параметрите, тоа се обем на глава, стомак и должина на бутна коска, и се нешто што им треба на докторите чисто за споредба од еден преглед до друг, да знаат дали и како бебето напреднало. Ако ти рекол дека се е во рамките на нормалата, а најверојатно ти рекол бидејќи немаш поинакви инструкции, тогаш опушти се и уживај. Гледам и супер ти одговара параметарот за гн (гестациски недели), точно ко за 20та Не разбирам само зошто следната недела ќе одиш пак на ехо кај матичната....
^ Потполно се согласувам со Моира,4Д ехото повеќе почнавме да го користиме од помодарство да кажам, доколку има нешто (не дај Боже) што не е во ред, секое ехо би го покажало истото. Мене матичната само еднаш ме има видено на 4Д и нели за да ни извади подобра слика и толку, цело време ме гледа на 2Д и тоа темелно по 15мин и повеќе, секој преглед мери димензии и мене ми најбитно дека бебушка се развива како што треба. И не е пожелно многу многу зрачење, одете си на контрола месечно и не менувајте доктори, затоа што моја пријателка со тоа што секоја втора недела оди кај различен доктор, врска нема што се случува со бебето внатре, како да е изгубена. Матичниот доктор е тој што те знае од порано, ти ја следи цела бременост и поотполно знае што се случува со тебе. Спојлер Ќе наведам само еден пример, мојата снаа која е со два пораѓаја зад себе едниот, првиот пред 5 год. одеше на редовни контроли, пиеше секакви витамини, апчиња и не знам што, и пак имаше огромни отоци по целото тело за тие отоци да достигнат тежина со +33 кг на пораѓај. Додека пак, со второто, отиде само 4-5 пати на контрола (редовно проверуваше крв и урина) не почна да пие ни фолна, цела бременост ја помина нај нај нај природно и помина далеку подобро и полесно отколку со првиот пораѓај. И мене воопшто не ми е важно дали ме видела на 4д, на 2д или не знам како, битен ми е резултатот кој ќе ми го каже, а тоа се гледа и на мајката и во нејзината утроба.
LaDyDoLl и јас се согласувам. Јас морав да го сменам матичниот (од лични причини) и си стојам на таа одлука. Не ми беше тоа во план, ама ете така се случи. А кај другиов доктор ме прати новата матична со цел: скрининг во 20-та недела (заради подобра апаратура). И јас сум сега збунета, ама ќе ми се разјасне наскоро .
Добро утро девојки, од денес и јас се приклучувам на оваа тема Мислам дека како и секоја трудница на почеток имам многу прашања во глава па сакав да ве прашам за мислење .... Денес ми е 32 ден од последна менструација, значи според калкулаторите треба да сум петта недела Прво, дали сум во право? Сакам да одам на гинеколог колку само да видам дека има нешто, барем и едно точкиче, знам дека за срценце е многу рано, па сакав да прашам дали можам да одам денес во Систина на обичен преглед на ехо? Кај матичиот се чека подолго, па можам кај него за срценцето да го чуеме... Мислите ли ќе се види нешто? Сакам да одам на гинеколог пред да им кажам на најблиските, а не можам да издржам да не им кажам на родителите, до сега само мм и сестра ми знаат
chache87 Добродојде мила, Имај убава и лесна бременост. За систина треба да се закаже од порано не знам дали ќе можат да те примат ист ден треба да се чека. Почекај барем една недела посигурно ќе може да се потврди на ехо. Поздрав
Здраво на сите нова сум на оваа тема ,пред два месеца останав бремена со ивф постапка и се помина како што треба е сега вака, имам една недомица мислам дека ме збуни нешто во големината на плодот по недели знаци вака после добиениот позитивен тест псле неколку дена на преглед беше утврден гестацисти сакус со големина оклоу7мм,после 13дена две недели бевне на контрола за срцева акција и вака стои во извештајот гестациски сакус со плод 8ммодговара на 6 недели 6 дена срцева акција позитивна останат наод во мала карлица уреден ,докторката ми реце со срека и се си е во ред ма да јас сум малку паницар некаде процитав дека треба да биде во 7недела требало да биде околу 1,3мм е сега за тоа и се збунив па сум исплашена и имам некоја болка тапа во долниот дел на стомакот за кој ми реце дека е нормален како кај секоја трудница кај некоја поизразена кај некоја не ,и пошто имам неубаво минато имам доста стресови доживеано еден спонтан и една вон материцна бременост позади мене и сега он ништо правам нешто па затоа сакав да стоделам со вас да ми кажете совет .а и ме буни тоа што ми продолжи естрофен да пиајм таблети до 11,12 недела за кога има закажано контола али она е доктор на кој и верувам и не се баш распитувам што како ми кажа се е ок продолжи со терапијата и се гледаме на скрининг..однапред бладоарам на разбиранјето и чекам ваше мислене убав ден на сите..инаку сега сум во 9 недела имам по некја болка ама не е многу јака и половината ме напати заболува доле во крсторникот и ете ти став и јас не сакам ама тоа е некако појако од мене и некоако ми прави проблеми за спиене кога ке се размислам оди па заспи ...
Мене муабетот ми беше дека еве Моира како поискусна ни посочи нешто како еден вид совет нам трудниците.А, тоа за смената на матичен лекар си е твое, нормално дека ќе го смениш ако не ти одговара, се работи за твое здравје. Ич немој да се буниш и да се секираш, и мене ми е прва бременост, ама сама си реков, дека ако даде Господ да биде се како што треба, ќе правам се да биде најприродно и еве јас сум 23та недела и освен фолната, пијам само Јод +Фолат, не сакам витамини и хормонски пилули кои само ќе ме подујат, а нема потреба од тоа, за наваму ќе видиме. И тоа со скринингот, кај мене има матични кои на секоја можна контрола ти наоѓаат ,,по нешто,, колку само да те извадат од памет, и те примораат на секоја 2ра недела да одиш на контрола, не за друго затоа што прегледот иако е матична е 700 ден, без дијагнозата што ќе ти ја препише. Изгорени за пари се, ништо друго не ги интересира.
Да и посакам добредојде на chache87 со среќа бременоста и со лесно да го износиш бебуш. Имам неколку прашања што сакам да си прашам. Па да почнам вака: - Тие што се прекривки/мушами ли како се викаат за пресоблекување на бебето од едната страна како мушама што е од каде сте ги зеле ако сте земале и колку пари се? - Читам и Џени прашала за депилација, еве и јас пак ќе прашам и тоа ме интересираше. Дали можам да се издепилирам прикрај т.е кога ќе влезам во 9 месец и со каква депилација ладна/топла? - Прашање за мешињата со стаж што се, што одите на прегледи приватно. Дали сте запознаени со тоа од која недела треба да бираш друг доктор/ка што ќе ти ја следи бременоста и ќе ве пораѓа на пример еве во ГАК да речеме. Значи јас еве одам на приватно сега за сега и кога ќе треба да почнам да одам кај друг доктор што треба да го одберам за пораѓај? (Не знам дали убаво се изјаснив). - Веќе сум 29 недела, е сега, ми дадоа упат да одам скриен шеќер да проверам, арно ама, не можев да излезам од работа да одам да проверам а и изминатата недела не бев добра нешто. Докторката ми рече тоа дека се прави од 26 до 28 недела. Па сакам да знам и да ве прашам вас дали може да појдам деновиве да проверам иако сум веќе влезена во 29 недела. И дали е морално да се направи тоа испитување за скриен шеќер. Некои што прашав вака колешки што биле трудни од работа ми рекоа дека го правеле, некои ми рекоа не, сестра ми ми' рече не го правев јас (а живее во Германија) и баш ми рече вие во Македонија многу испитувања правите. Тоа сакав да прашам. Инаку бебуш го осеќам се повеќе и повеќе како си клоцка посебно насабалје кога станувам за на работа накај 6/7 си клоцка убаво. Ранобудно мажуле на тато ќе биде ова. Па здравје на 14 април сум на следна контрола, а тогаш ќе сум веќе 32 недела. Па со Господ напред. Имајте убав ден.