Немам дома, мажот ми после од работа коа ќе си дојде му реков да ми купи, одма и се јавив на другарка ми, оти она имаше висок притисок во првата бременост, а со втората полесно помина, а матичнава моја тешко да ја добијам, и и реков притисок таман, ама пулс 114, рече одма магнезиум, Б6, диазапам, или верапамил пиела она по 2 на ден. И викам абе жено, од кај ја диазепам дома, за верапамил прв пат слушам, Б6 никогаш не сум имала, само магнезиум имам, и сако тоа се напив. А ја од коа ѓи престанав фолната, приметив навечер почна тешко да ми станува.
Ја при крај со втора бременост, дури сега го научив ова,може мене ми смета, може не сум навикната, ама прашај си, секако ништо не губиш.
И мене под 100 не ми е. Кога му кажав на докторот, рече дека е нормално да е забрзан во бременост кај некои. Двапати пијам магнезиум и двапати Б6. Притисокот ми беше 120/80, а последниов месец 100-110/60-70.
21+2 сум и понекогаш чувствувам гушење. Мене доктор ми кажа дека нормален пулс за трудница е од 80 до 100. Кај мене така и се движи.
Над 100 ми беше, 114 а после се качи 136. На другарка ми и рекле над 90 да пие апчиња, до сеа ми се движеше 70 или 80.
Јас уште ги пијам тие витаминските, баш мината недела зедов, 60 таблети се, таман и за доењето ќе ми се најдат. Магнезиум не пијам престанав од крај на 37 недела, а притисок мерам добар ми е, баш го мерам и кога малаксана се осеќам супер е 110/70, не ми е низок, пијам доволно течности. @Dikinzi ти велиш да мерам пулс кога чуствувам така ама тоа е секундарно неколку секунди трае, дур измерам притисок оно поминува. Пулсот ми е од 80-100 зависи кога како. Креветчето денеска го спремив со постелнинка, така ми беше покриенко со чаршавче да не се праши, сега тип топ со завеси со се ми е. Имам оградичка, ама многу ми се допаѓаат плетенките, може ќе си порачам една. Сега кога ќе дојде ќерками од граднка има да се изненади. Едвај чекам да види, јас ќе снесам од возбуда
Добро е сеа за сеа помина, ама за нареден пат коа ќе неможам да си земам ептен здив ќе знам од што е ,ептен се качил..затоа и толку тешко ми беше, ќе препаднев. Ајде па да пишеш импресии од малата
Верапамил и рекле, ама она со првото имаше преекламсија, се породи индуцирано во 35 недела, а со второто да издржи и да нема мака со притисокот пд почекото ѓи пиеше, па го роди во 37 и некој ден.
Добро, тоа е друго. Малку се замислив, затоа си реков да прашам. Фала за одговорот. Притисокот мене добар ми е, секој ден го мерам за секој случај, што го знам да не скокне. Инаку, со пулсов немам проблем, нормално се осеќам, не сум имала гушење или каков било проблем со дишењето.
Мајки, мора да споделам, ме фрустрира ова. Последниве недели многу си ја осеќам потта, ми мириса, ми смрди сопствениот мирис, а човек сум што многу пази на хигиена Се срамам дури да се приближам некому на работа. Дали ви се случило? Иначе 34 недела сме
Да, нормално, веќе организмов ми е хаос, и за тироидна пијам лекови... Ама мнооогу непријатно, никогаш во живот не сум си ја осетила сопствената пот
Немај гајле, колку можеш туширање, антибактериски марамчиња имај по рака, и тоа е. Не претерувај со антиперспиранти, не е убаво за жлездите тука во околината, и за млекото што ќе надојде. А велат додека се дои уште повеќе жените се потатат и "мирисаат"
А како мериш пулс, имаш такво електронско апаратче за притисок и покажува и пулс? Изгледа по болниците имам видено нешто такво. Јас не можам да проверам, нели? Купив едно со пумпање и круг со броеви и стрелката оди горе долу и со стетоскоп слушаме каде чука ...сум видела свекрвата дека има такво и купивме и ние.
Јас тоа го прижетив уште кај 7-8 недела, а никогаш во живот не ми мурисала потта. Се чудам, ама и знам дека е од бременоста, ќе помине. Алое вера стик користам тој и послаб е нема парфеми и не помага многу но не сакам да користам друго. Сва среќа што не одам на работа ))))
Поголемиот дел од времето сум дома и не користам никакви средства под пазувите, па може понекогаш да се осетам дека смрткам На периоди осеќам дека замирисувам, не ми е така цело време. Мислам дека кога јадам кромид, тогаш. Но не ми е гајле, ќе се заплакнам и толку. Надвор кога излегувам, прскам дезодоранс без алуминиум и надвор не сум замирисала, без разлика дали ќе се испотам или не.