И мене пулсот ми е до 100 ми рече докторот е нормално кај бремени. Може б6 да се земе во текот на денот, а за потта немам зборови уште пијам утрогестан мислам од нив се пореметив влакна по тело вртоглавици што не.. ама што се мора тоа е
Леле конечно некоја да пише за ова Прво мислев дека ми се изостри сетилото за мирис ама сега кога почнав да се потам... Ќе облечам чорапи и нозете ми се мокри, ноќе се покривам само со едно ќебе и пижамите исто се мокри. Првпат раат спиев ноќеска по гаќи и горна пижама само. За мирисот на потта дека ми се смени не сакам ни да почнувам
Да, тие се од старите апарати воедно и најточни. Јас купив дигитален за поедноставно да ми биде зашто почесто сум сама дома и покажува и пулс. Можеш да си мериш и сама, ќе најдеш инструкции на нет.
Здраво девојки да прашам проверував крв и мокраќа и во Седимент пишува pl epitel 10-12 le Дали нешто не е во ред?? Бремена сум 20 недели
22+0 сум, прееска ме праша една жена кој месец сум била. Не знаев точно да кажам, реков при крај на 5ти.. Гледав по табеливе негде пишува 6ти дека е од 22 недела, некаде од 23..
Спијам со бела маица од маж ми и со негови кратки шорцеви и се покривам само со еден чаршав, ако ставам уште еден или не дај Боже ќебе, жива вода се будам. Топол ни е станот и не се спие инаку. А спиењето па, секој саат до два мочање, па ако фатат киселини нема лежење туку само седење и така дремам. Хорор со еден збор.
@Jana06 5 ипол месеци си... штом си 22 недела.. значи 20÷4=5 плус 2 недели... 24 недела веќе почнува со 6 месец.. значи 1 месец има 4 недели.. сметајте така.. значи 6 месец е 24 недела (24÷4=6 или 6×4=24) Мене матичниот гинеколог ми рече така да сметам.. ако се водам по овие Ваши пресметки значи јас детето сум го родила на 43 / 44 недели а не на 40 недела и 4 дена...
Да, така е логично ако се водиме по календар, знам. Ама идеме по гестациски недели гинеколозите рачунаат дека сме бремени од последна менструација, затоа и бебето се носи 40 недели според нив или 10 месеци. Јас не ни рачунам месеци, само недели зашто ми е поважно за прегледи и испитувања.
Имам дигитално апаратче за притисок, се става на рака, ама и не е баш точно..пулс најточно си мерам коа ќе ставам 2 прста и гледам на саат. Рачунам на 15 секунди т.е бројам, и после ги собирам до 60 секунди.
Здраво мешки Денес бев на преглед,беба е добра,1500 гр има,активна,вода и протоци супер,ама за жал цервикс скратен.24мм измери овој пат,одма ми пиша боледување.Ми смрзна крвта во прв момент,се избезумив.Ми рече по дома само,не строго мирување ама без напрегање,лесна работа,и одмор колку можам. На работа не смеам до крај. Терапија ке си продолжам со Магнезиум и Бриофилиум(апчиња за шмукање на билна база) и тоа. Контрола следна недела. Сега да се наоружам трпение и добра мисла,книги имам и полнач до мене
Ааа денес и јас морам да се пожалам од срамната коска, посебнонод десна страна. Искрено, не знам дали тоа е тоа ама ми тежи скрос долниот дел на вагината и особено на десна нога ако застанам или се задржам. Малку попешачив (мислам дека е малку). Инаку со работни обврски немам мн време за пешачење. Вчера на пример само до продавница, низ дома вагани, ручек,едно-друго и 6 часа седење на стол. Денес башка од тоа што подизлегов, пак низ дома со ручек, пак едно 4 часа седење на стол (со паузи) и сега метев и џогирав една соба и толку, пукнав. Вечер плус можи гости ќе имаме и милина (а сакам да дојдат ми се дружи)) Ама тоа е, ајде си велам ќе издржам не е страшно. Туку постојано мислам на цервиксот и ме фаќа мн страв, си велам леле до кај е дојден Во 21 недела беше 47, наваму не знам. Сега во 24 не ми мереше матичната, а само го мислам....Така, ај реков да си се пожалам
Без секирации, и мене истото ми се случи, па еве ме 35 недела терам. Не е толку страшно, не смее да е под 22 цервиксот во тие недели, само си бара мирување. Таман ќе си одмориш и ќе се спремиш за доаѓање на бебка. Само позитивна мисла, одмор и ќе си биде се’ во ред
Одмарај се, ќе биде се' добро! И јас сум на боледување од пред 6-7 дена. Имав некои стресови на раб., се изнервирав и отидов кај лекар да ми пише боледување. Прво мислев дека ќе се досадувам дома, ама не е, цело време си има нешто за средување, читање, гледање видеа на YouTube И нареден преглед и јас ќе си барам мерење на цервикс, досега никогаш не сум имала...или барем не ми кажале. Држи се, и без нервози!
@dunika која недела си? Јас од 21гн почнав со 29мм цервикс. Сега сум 32 стигна до 15мм. Убаво е да лежиш. Прогестеронот го подпомага цервиксот, а магнезиум е за да нема контракции по потреба може повеќе пати на ден. Мирувај