Дали има некоја мајка тука што носи високо (од под гради) машко бебе? Се кладев со другарка дека женски високо се носат, јас дека Константин доле ниско го носев , чисто ме интересира искуства.
Фала женски на поддршката Не ми даде прогестерон,се зачудив и јас,ке прашам следна недела. 31ва Г.Н сум иначе,30+4 поточно. Мачно ми е и да јадам вака без да трошам,а две кила сум послаба од минатиот пат. Се надевам до 36та да допрам,после ке е полесно.
Не има повеке со скратен цервикс , јас сум 28+0 а пред две недели ми беше 2.94 цервиксот , утре сум на контрола да видиме како ке биде , страв во коски имам зш на преглед ми рекоа и постелката дека ми е пониско , ама ние сме лавици ке си пишуваме тука хахаха ке се храбриме и се ке биде како треба ,само нека издржат во меше на мама уште некоја недела , криво ми е што уште ништо не сум купила а не смеам ни да шетам , и меше се затега се надевам се ке биде како треба *** само смирено ке си се дружиме и позитивна мисла пред се хехехе.
36+5 сум и денес почувствував пред неколку саати како менструаллни болки и сега исто пак ама бебуш истовремено си мрда дали се лажни контракции или?
Моето е машко,напикано ми е во желудник и мислам дека сите ребра ме болат. Ако тоа значи дека е високо
Здраво женски туку речи 36 полни недели Денес бевме Скопје на преглед, се е во ред беба големка одговара за 39+2 тежи 3.495 гр ми направија и прво цтг се е мирно чат пат осеќам како ми се стврднува стомакот и осеќам болки доле, но има време. Нема веќе сон, се препотувам нон стоп мислам ќе се угушам... паника и страв ме фаќа околу породувањето па малце мисли тргам со поготовките за роденденот на синко Имајте убава ноќ бдв @LadyC Кирил го носев високо мислев низ уста ќе ми испадне, а еве беба е ниско мислам дека у секој момент на секое ставање, поместување, клекнување.. ќе испадне
Јас како што слушам од другите ако е ниско и нанапред тогаш е машко А ако е женско повисоко се носело и пошироко заоблен бил стомакот. Но кај мене е обратно, бебе е девојче а стомакот ми е ниско напред, имам простор под градите многу а сепак ме боли тој дел кај желудникот, ме гори, и околу ребрата исто Едвај спијам... 32+0
Значи губев кладба. Нема везе, се сум чула, ама ај реков еве вас да ве прашам тука најтАчни сте. Добро утро. Да носам дете на градинка и ќе се дружиме.
И јас ја пратив денеска малата во градинка, требаше од понеделник, ама викам ај да смогнам сили, да земам здив, на момент се осетив како немајка дека за 2 дена ја праќам..ама ми требаше сила да смогнам малце. И му викам на мажот ми, да пуштам правосмукалка и џогер, па ќе седнам..се фаќа за глава, вика улава ли си..легни спиј Ама да си завршам обврски ја прво
Добро утро. Јас чистев денес, веќе неколлу дена се нафаќам да чистам ама се нешто не ми е арно и денес се разбудив со елан шо викат старите, немав некои потешкотии и викам ај додека ме држи ова доброво да зачистам па и тепуси тресев, правосмукалка уклучив, џогирав, купатилото го исчистив и седнав, саат и 15 мин ми одзема вкупно, а каде е прашината во сите соби ? Ај утре тоа. Треба и јадење да правам сега па ќе дојде 1 саат да идам по син ми и толку е. Треба да ги средам шкафовите кај нас во спална, сакам бебешките работи да ги ставам на некој рафт, да ми се близу, кај син ми во соба не можам да одам нон дтоп он си има негов шкаф и не се собираат таму. Треба и да ги извадам чаршавчињата, ќебенцата, крпите тетра, имам доста ама искрено ме мрзи ај денес ај утре се оставам, а треба да се среди да не трчам во последен момент еве 8ми месец го тераме. Битно пелени и влошки за во болница си земав па другото лека полека. Млеко не знам какво да земам, на Хипп е добро мислам, син ми израсна со него. Го има и тука ама мислам поскапо е, а јас сакам мало паковање оти надам се дека ќе дојам, ова за во болница само додека ми надојде млеко, може ќе треба 2-3 дена додека ми дојде, дај Боже и одма да ми дојде да не мора да и давам вештачко ама за секој случај да си имам јас со мене. Шишенца си земав на Нук и цуцли. Полека полека спремам. Шо да правам
И јас ги користам на Нук, некако најубави ми се, и купив мало паковање на Хипп млеко додека да стаса млекото, пошто сигурно ќе му треба ден-два барем со воа. За првото ми стаса околу 3 ден, до тогаш си беше на адаптирано, ама и ставена беше да цица цело време. Арно си направила
Не можам да те разберам..на цтг ти покажува контракции до 35 ? Ако е тоа..тогаш не му се мисли, така и треба да биде, си се спрема телото. Ама и со такви контракции можеш да си го надносеш да знаеш, тоа не е никаква индикација дека породот ќе биде за брзо. А од друга страна, е добар знак, дека телото веќе почнало да се спрема. Јас имам секој ден, многу чести, и доста на живци ми одат више. Малку се досадни, ама тоа е..
Ja kako sto znam ovoa zelenoto e kontrakcii..mozda i gresam nadam se deka nema da go nadnosam oti 5 kila ke se rode molam se so pobrzo da izleze, ne mozam veke sve zivo me bole
Да, со другите ми дојде млеко дури дома кога се вративме, после 4 дена, шо ако одма штом се родија ги ставав на града кога немаше ништо, шмукаа на празно, тек дома почна жолтото да се лачи и после ми дојде млеко, затоа сакам да земам вештачко за почеток. А дали знаеш која е цената на Хипп 1 во Мк? Да порачам кога ќе дојде татко ми да ми донесе од таму ако е поефтино. Тука има од 600 гр само, од 17-20 евра е цената по аптеките шо гледав.