Ох леле да не те лажам, ама и тука е најскап Хиппот, 800 грама мислам 1000 денари тука некаде е ..не сум сигурна. Ама, бидејќи планираш да доиш, земи си од 400 грама, доата ќе ти е, тамам ќе ти биде додека стаса, а верувам сега по брзо ќе дојде. Со првото имав ромка цимерка, 4 то дете и беше, цел ден висеше на града, со вечерта и стаса. И тоа бело ! Не ни му даваа дохрана на малото, си имаше жената млеко, штом влезеш 9 ти, почни масажа на гради, кружни, ќе стаса по брзо овој пат. Едит: Извини, дури сеа прочитав дека има само од 600 грама кај вас. Нека ти земе татко ти кога ќе иде од кај нас, има од 400 грама.
Фала ти многу. Уште утре ќе му порачам да си знае, он ќе испита цени во сите аптеки и каде е најефтино од таму ќе земе, не дека нема пари ама таков си е, за се, иди, шета, споредува цени и на крај зима од таму дека е најефтино
Оо па тогаш немаш гајле, таман си е. За ребрата тоа е, коа ќе се спушти подоле, ќе те боли нешто друго, па ќе сакаш тие да те болат Нема на што Имам јас иста другарка таква, и не ми е чудно..нив им е како хоби, они уживаат додека го прават тоа Само напомени Хипп 1 (единица)
@Dikinzi ти со второ си бремена? Од Велес беше? И јас сум од Велес, размислувам за пораѓај каде да биде. Каде ќе се пораѓаш?
@Kallias2 @Dikinzi Зошто земате ад млеко .. зарем кај што ќе се пораѓате не ги дохрануваат бебушките.. јас кај што се пораѓав ми го дохрануваа синко се дур ми надојде убаво млекото..
Најдобрата докторка во ГАК , која ќе има среќа да биде породена од неа ќе помине најдобро.. јас ја имав среќата и покрај ризичната бременост ме породи природно.. https://www.slobodenpecat.mk/d-r-ad...testovi-ne-treba-da-gi-pravat-site-trudniczi/
јас вчера правев заб без анестезија...повеќе од пораѓај ме болеше минатата недела ми правеше со анестезија и сега оваа недела без ми рекоа несмееме две анестезии за толку краток период абе господ во пижами го видов следна недела сум пак да ми го пломбираат,дали знае некој дали тоа е болно или не? страв ми е да одам пак а морам вчера лек ми ставаше во каналите..језиво искуство уфф минатата бременост исто ме болеа забите ама не до волку,сега ептен ми се испорасипаа и неизбежно беше ова
Па не знам дали имаат во болница дохрана, таму каде што ќе се пораѓам бебето е нон стоп со мајката, сама си го храниш, го пресоблекуваш, само наутро ги земаат за капење и ги донасаат пак. Јас за секој случај сакам да си земам млеко па ако треба и така нека ми остане.