Па размислувам за Велес, со господ напред само Ти која недела беше ? Со првото во Чаир се породив, носев за секој случај, таму го дохрануваа, па дома само неколку пати и дадов. Со второво планирам Велес, од некои муабети, на некои им даваат на некои не, и затоа решив пак да земам, да не си играм играчки. Па ако треба арно , ако не уште по убаво
Здраво дали некоја го има пиено, значи неколку недели се мачаам и сега случајно на фб ми излезе ова како да знае и тој дека само тоа читам и барам Па Ве молам ако некоја има искуство ?
Ќе ти кажам како ќе преживувам Во фаза е на зборување, се ја интересира, се не копира, не смееме да прднеме Зима едни книги меки, со животни, со овошје зеленчук, и само ги врти на брзина, вика ВОА ВОА ? И покажува со прст И кажувам ја..а ако згрешам животно, стои на него уште и чека да се поправам Се пентери секаде, и на моменти е ептен залепена за мене, ама добар момент е што многу сака деца, и да си игра, па коа ќе дојде другово, ќе видиме што ме чека Имаш време ти уште малце, да му го донаучиш карактерот на малото и одприлика да знаеш на што си, и што ќе те чека
Цела вечер шетав релација спална детска, малата се будеше, за на крај у 5:30 сабајле да ми текне дека бебе не ми мрда у стомак, леле една паника ме фати, мрди така мрди онака, пипкај стомак, не знам шо ми стана ми се заврти нешто у глава и мм ми ме искара да не си правам филмови и стресови ајде по едно време почна да претка, леле мислев се родив од олеснување шо ми бидна и сама незнам. @Dikinzi вчера ја зедовме од градинка и бевме да резервираме за роденден у една куќа за мебел најгоре има за славење на детскио родендени. Поминавме низ бебешкиот дел со креветчиња се така средено убаво, велам и мама ќе направи сега магија и нашето бебенце ќе има исто такво креветче. И ајде едвај чекаше да дојде дома леле кога виде радост скокање среќа, цел ден играше со креветчето и со нејзините бебиња, ја пушташе таа вртелешката со музика абе радост. ве читав за шишињата. Јас од пакетот што го добив од една дрогерија имав внатре од нук шишенце, и плус од колегите и колешките на мм, ми направиле голем подарок со разни бебешки ствари и шишенца од марката на дм. Не сум купила адаптирано млеко бидејќи ако уште у болницата нема воспоставено лактација таму дават со шприцеви млекце. Ако и дома немам млеко тогаш ќе земаме. Со ќерка ми имав две шишенца и тоа кога почна да јаде веќе каши, шишенцата за водичка и беа и ако требаше да одам некаде се молзев во едното. Водичка со лажичка и давав да пие по малку додека бевме на доење само. А цуцли имам на авент купено. Мн бев задоволна од нив со ќерка ми и сега зедов од истите. @Bella* поарно прај си заби со анестезија, без адреналин или тој шо ти е со лек одложи го малку понатака, не се стегај. Јас имам еден скршен заб доле шестката јадејки коска од маслинка го скршив ( мислејќи е мелено месо соберав се од чинијата и коската од маслинката и отиде забот читај ќорава ) и една осмица ми е со кариес ама крај на март закажав и за двата да одам. Тој долу не ме боли оти е умртвен ама осмицата ми се полни со храна и стално го чистам со конец, ако ме фати недај боже ќе одам.
како успеа бре со маслинка хахаха абе мене неподносливо ме болеше и затоа појдов да го правам,ми ставаше два пати лек незнам зошто првиот пат со анестезија,вториот пат без анестезија и сега трет пат за пломба рече иначе немале без адреналинска анестезија а ќе речеш во Ендомак одам се е приватно и ептен јака ординација а немаа безадреналинска глупости.. ем за лек платив 3000 мислам wtf цел живот одам таму,ама сега го претераа со цени,уште пломба и не ме гледаат...
Да, хахахах, јадев мусака и тие коските од маслинките ги ставав у друга чинија, а една некако залутала у чинијата, со последното залче да го соберам меленото месо ми се виде и коската месо и така го жвакнав и отиде половина пломба, пола заб стои, а др дел шо беше пломба отиде
Па на мене ми го оставиа бебето да си биде нон стоп со мене , сестрите доаѓаа на 3 часа да го дохранат т.е влегуваа и прашуваа дали сакам да го дохранат со образложение дека се уште не ми надошло убаво млекото.. јас си го пресоблакав, јас го облакав.. му менував памперс и среќа во мојата соба имаше кадичка и топла вода па си го бањав.. но прво прашав од сестрите дали може и дали ќе сака да ми покаже како, зошто сум неискусна и прворотка ... го земаа бебенцето само да му прават испитувања и да го боцнат (вакцините кои требаше да ги прими)...педијатарот секое утро доаѓаше да го зирне да го измери... и така функционирав дур бев на клиника..
@Kallias2 морат да имат у болница млекце за беб. Ако е така сама да носиш од дома млеко, ќе ти треба и топла вода, некаде каде шо ќе ја топлиш водата итн. Не се секирај.
Не ми изгледаше ко дрска туку како строга.. тераше по нејзино.. значи 3 часа ме мачеше да се породам природно иако имав многу компликации и од икс причини синко се качи мн високи, искочи од родилен канал.. скроз под градите дојде.. тешко дишев, немав сили за ништо .. така 3 часа ме мачеше и кога и побарав царски она не ми дозволи демек треба приордно да се породам поарно било за мене.. а на страна со Зулбиери и Калчев се шушкаа и им се гледаше паника и исплашеност на лицето.. но ете некако успеаа да го спуштат синко пак долу за со рака да го извадат од стомак.. (Калчев притискаше на стомак, Зулбиери и Адела со раце буквално го извлекоа синко) среќа па се се заврши добро...
26+1 Сум денеска. а зошто не се пораѓаш чаир ? не си задоволна? Вие каде ќе се пораѓате ? која недела сте?