Да де така, строга може е подобар збор. На почетокот ме искара кога ме проверуваше колку сум отворена и и кажав дека ми е страв да сум непослушна, па после на шала ја тераше. И јас така со асистенции од сите страни се породив, иначе тешко одеше
Мешиња од која недела почнавте да купувате по нештичко за бебето? Свеќи ми е премногу старомодна многу ми иде на нерви да не сум купувала ништо,штом си имал пари лесно било за 1 час се ќе се купело... А кога сум низ град кога гледам бебешки работи се топам од мераци,и секако нема да ја слушам но штом го дознаеме полот ќе си купувам по нешто на пример боди,шпикознички ситни работи (колку за првите денови да има со што да си го облечам) но ништо пред неа нема да кажуваме оти немам нерви да се расправам,така се договориме со мм.И сама сум свесна дека нема уште во 20та недела да купам креветче и количка тоа ми е во план за најпоследно(пред пораѓај),а кога сме кај креветче и количка пред некој ден мајка ми беше на гости и во муабет мајка ми кажа да сме си одбрале што сакаме и какво сакаме и кога ќе сме решиле да купеме да и кажеме за со татко ми да го купиле мерак им било плус дека прво внуче и тоа после 9год абе ќе снесата од радост и тогаш свеќи одма паника НЕ НЕ никакво купување да се роди па кога ќе се роди потоа купување,и тогаш јас и се спротиставив и и викам е како да не сигурно ден два по порагај нема бебе дома да оставам и да шетам по продавници,и додека да купам детето нема да го шетам и по гарнитура да го ставам да спие...Осеќам дека ќе проба да изиграва мајка уште сега почнува да ни се меша Се извинувам на долгиот пост ама морав да се искажам
Да си купите се. Прв пат си мајка наместо да уживаш во најубавото нешто во живот, таа затуцана и проста нема сигурно да ја слушаш. Ко родила таа си правела како мислела, не ја рецкај
Ја штом дознав пол, одма си купив нешто симболично, дека женско прво. И остаивме за на крај к ние. И што? Оди шетај у 9ти со подувани нозе, сигурно..катастрофа,едвај дишев. Оди купи си, ич да не ти чуе @Dance27
Е така ако гледаш чекај да се роди, никогаш ништо не треба унапред да си планираш. Јас кога влегов во 8ми почнав поинтензивно да купувам, претходно нешто ептен од мерак ситно. Рачунај на крај тешко ти е да шеташ и се уморуваш лесно. До почеток на 9 гледај се да е спремно..
Јас од 5ти месец почнав да си купувам. Таква сум а и мм е таков сакаме се да ни е на време спремно не да трчаме во последен момент и да купиме колку да се купи без да уживаме. После испадна да морам да лежам и ако не си купев се со мерак порано сега ќе ми беше криво, други ќе ми пазареа и ќе ми праќаа слики по вибер. Не слушај такви муабети, и мене ми викаа дека е рано да не сум купувала ама не има давав важност. Ако си имаш твој пари и не зависиш од никој прави како што мислиш дека е правилно
Јас првото боди го купив во 5ти месец, многу имав мерак многу беше слатко и морав. Инаку сега сум 33+1 и имам купено некои алиштенца (не многу затоа што сестра ми имаше машко па тие ќе ги користиме за почеток, секако бргу ги растат).. исто си купив и гнездо и алиштенца за од болница , релаксаторот ќе ми го позајми сестра ми. За количка креветче, транспортер, коритце тие работи планираме за отприлика 2 недели да купиме здравје. Нема зошто да се стегаш само убави мисли Гледам и мајка ми почнала по нешто да му купува на бебчо многу се слатки малите работи ми се иде се да изнакупам
Па нешто у стил немој на нероден Петко капа да му кроиш, чекај прво се да биде во ред. Да не искобиш нешто. Мои претпоставки
Јас сум 19та недела и кога ќе видам нешто што ми се допаѓа си купувам, дали чорапчиња, боди, имаме дури и една тропалка кога ми кажаа дека е женско од мерак розевко боди купив... Ни кажуваме,ни покажуваме со мм... Само си се радуваме... И се надеваме и се молиме да биде се' во ред до крај, дедо Боже да не чува, нема друго. Си читам тука во темата Што се е потребно за новороденче па си разгледувам и за други работи кога шеткаме. Уживај си, не обрнувај внимание на зборувањата од страна и прави си како ти е ќеф и како тебе ти одговара, ти си мајката. Сигурно нема кога ќе излезеш од болница да трчаш креветче (или што и да е) да бараш, нели?
Ако ги прашаш викаат е така не било убаво, тоа влече корени од дамна кога многу бебиња им умирале заради несоодветни услови и пораѓање по дома со бабици ( Самоучени). Па демек да не " урочеле, ѓаолот да не го буцкале". Па затоа чекале дали се ќе биде во ред со бебето па тек после спремале.
И мене ова ме интересира. Покачени ми се, 11,3 ми се, а референтната вредност е до 10. Утре да видам матичен што ке каже
Ај и тука да пишам, поактивни сме Некоја искуство со стрептокока? 12+2, денес ми стигнаа рез од уринокултура и имам бактерија. Пишав на докторката, дур чекам одговор се јадосувам...
Ма не ја ставам на акл на мм му реков кај одиме,што правевме,што купуваме на никој ни збор...И така ќе правам
И ние сме такви се сакаме да ни е на време и со мерак да си купиме што ни се допага....Плус и дека долго чеканот бебче е.Си имаме свои пари да иако во иста куќа живееме делени сме и од никој не зависиме
Нормално дека кога ќе излезам од болница не планирам да шетам по продавници, тогаш ми е период на запознавање со бебчето,тоа и го реков на свеќи и поново добив одговор: "за што сум јас" демек она ќе отишла ќе купела.Јас пак и се спротиставив твојот вкус и мојот не е исто и како сакам така ке си го средувам моето дете.Потоа мм ми вика остави нека си збори а ние ќе си правиме како ни одговара.Така и ќе биде
За што си ти.. За ако ти побараат помош а не да се наметнуваш. Немој да си ја послушала, кај ќе купуваш откако ќе се роди бебе. Мерак си е да си купиш што ти се свиѓа, не е работата се од едно место одеднаш она да купи
Уф нема шанси да ја слушам. Ова го чекам цели 9год и веќе си имаме ,,бележано,, неколку парчиња облека и за машко и за девојче па со душа чекам да дознаам што ќе биде и мислам дека кога ќе дознаам уште од излегување од преглед право во шопинг ќе завршам Тешко постигнав бременост па максимално ќе уживам,од кај знам дали повторно ќе можам да забременам...така да не дозволувам да ми наредуваат