@Dance27 купи си се што ти е мерак, и ако ти проговори, кажи мое дете мои правила кога сакам ќе си купам.
20та недела сум еден Др рече ми личе на девојче,а друг Др вика му личело на машко но и двајцата нагласаа дека не се сигурни и дека е само претпоставка тоа беше пред две-три недели (17-18недела бев тогаш) а сега наредната недела сум на контрола па се надевам дека конечно ќе дознаеме,и повторно ако ни се крие се надевам дека на вториот скрининг ќе се виде што ќе е.
Исто и мм ми вика ти не слушај што ти се допаѓа купувај,и складиран во плакар. Додуша тоа е повеќе нестрплив од мене.Кога сме низ град нема нема ќе каже ај за бебко нешто да купиме,јас одма викам што ќе купиме кога не знаеме што е,и он одма има одговор нешто универзално бело или друга боја што ќе одговара и за машко и за девојче немора да биде плаво или розе...Срце ми е многу ми е мерак што и тоа се вклучува во се
Леле од вакви размислувања аман! Најмногу што мрзам е кога некој сака шубиња да прави, наддава со ,,не чини ова, не чини она", а бе коса ми се крева кога се меша некој каде што не е негова работа и го тапи со заостанати муабети од 10 век. Да не ти е гајле, ваша работа е купувањето, да си купите што си сакате и кога сакате. Јас почнав околу 5-ти месец, па заедно со мм после втор скрининг си изнакупувавме облека за почеток, а јас секој можен момент кога излегувам, си купувам по нешто. Си имам списоци и со нив шетам, со мерак си одбирам работи. Сега сум со доста енергија, не ми е тешко и сакам да го искористам тоа. За крај ќе останат само крупните работи. Со време сакам да си средам, а не на крај кога ќе е најтешко. Од облека за почеток веќе сè комплетирав, остана козметика и крупни работи понатаму да ги земеме.
Здраво девојки , бев на преглед денес , цервикс е добар останал ист 3.03 , др ми рече дека е супер , виде постелката беше супер и грлото исто , инекции за зреење ми рече сега нема потреба и за 2 недели пак да отидам па ке видиме , иначе малце ме зсгрижи тежината на бебче , покасно видов дека одговара н 28+0 а јас сум 28+1 но работата е што во неделата мерката беше дека бебе одговара на 27+6 , некоја искуство ? Или секое ехо различно мери ???
Душо мила, јас од коа сме заедно со мажот ми, кажано му е да ќути да трае, ништо не смее да зуцне. Така и правиме стално, трај си прај си..по убаво од тоа нема. Чекано ви е детето долго време, те молам дополнителни стресови не си прави, батали ја..со тек на време ќе си легне на брашно.
Дали купуваш боди со кратки ракави? Јас сакам да купам ама во стружанка влегов и се зимски работи имаше, па се откажав, оставив за понатака....
Уфффф нема шанси да си легне на брашно душо.Премногу е инаетлива се сака по нејзино да биде. А и ние со мм ништо не кажуваме така си се договоривме.Од таа страна немам мака не е мамин син како што има некои,дури повеќе е избувлив и одма на секој збор со збор и одвраќа,и мене ми вика да не и молчам да си кажувам се но таа сум така воспитена се си измоччувам за да не навредам.Ама кога е во прашање мое дете.....на друга страна ќе свртам ќе почнам да бидам безобразна.
Да, да, купувам и со кратки и со долги ракавчиња. Не е толку топло во април-мај, тамам ќе се и со долги. Во Стружанка можеби во таа продавница немало, ѕирни и на друга локација.
Хахаха терајте по свое и ич да немате мака ама ич , и јас го чекам бебево 5 години и никој не смее ништо да ми каже @0ли до која недела стигна ти ? Мене термин ми е 22.04 и јас не сум земала ништо само некое комплетче, иначе сакав во стружанка да видам не знам какви шпикозни има ? Имаш ли погледнато ?
Ако кажам јас дека од 12 недела купивме количка за првото. Некаде 17,18 и креветче веќе. Ништо не дадовме друг да ни купи. Облека изнакупив исто, дур се роди 3 пати ја исправ Здравје боже и сега така планирам Поарно по малце секој месец, неголи сѐ наеднаш.
Јас со искуство за бодиња и шпикозни според мене за летно време најдобри се на тритекс или на картерс тенки се.За зимно време на моите близнаци им нарачувам од tiny baby shop страна онлине од фајсбук англиски бренд памукот е мек и дебел исто и пижамите им се убави.Бодињата од вајкики се растегнуваат а од стружанка на реди се многу припиени за тело.Тие што ќе родите бебиња во пролет на долги бодиња за почеток и 3 ви се доста.Моите зимно време се по дома беа со боди на кратки и шпикозни само кога излегувавме надвор носеа боди на долги.Одете си на предавањата во систина за техники на доење и нега на новороденче доста има корисни совети поготово за тие што чекаат прво бебе.
Денес 23+3 сум. Имаше убави шпикозни во Стружанка и со ногавици и без, но не купив од таму бидејќи веќе имам доволно. Инаку ми се допаднаа, но не зедов, не сакам да трупам бидејќи ќе почнат кај да е да носат за пролет-лето. Види и во Анжи има убави, гледав и таму.
Пишува трудници и доилки што знам не знам едвај чекам да одам и др да прашаам не знам плачам во вц кога одам ..
Имав и јас, пиев антибиотик мислам Ампицилин и се исчисти. Повеќе течности и антибиотик да ти препишат
Мислам прво да седнете сите заедно, и да и ја објасните ситуацијата на убав начин, без карање. Доколку не вроди со плод, тогаш безобразлукот е на ред Тогаш, чим сакаш да пробаш со ова,верувам ништо друго не ти помогнало до сеа, не знам што совет да ти дадам.
Јас у трети месец си купив креветче од бебе саем. И после што ќе си начекав си дозимав. Јас буквално спремна се породив. И топ ми беше.
Охх мила пробавме,не бидува неможеш човечки да разговараш што се спомне за купувања околу бебето одма се расправа со нас нека се завршело се да се родило после се по ред ке видело....и ај да си на мое место како ке се разбереш човечки,како да и објаснам незнам @Dikinzi