Никој од дома не го воспитуват да биде дрзок и да се расправа. Ама ако некој према мене се однесува дрско или ми наметнува правила или било што ми попува, тогаш ќе му покажам дека на грешка особа се обидува. Јас не дозволувам, се бранам. Ако тебе не ти е гајле за мене, зошто па на мене да ми е за тебе. Како ти со мене, така и јас со тебе.почитта се заслужува. И со свекор и свекрва. Знаат си и не ме замарат. А ти имаш и поддршка од мажот ти, уживај си, купувај си и не се замарај. Сега ти соли памет кога си трудна, замисли па какви приказни и суеверија ќе ти наметнува кога ќе се породиш.
Море и јас ќе сум така,кај и да е ќе почнам да се подготвувам,неможам да останам рамнодушна нема да издржам да не купам ништо.Ќе ,,снесеме,, од радост со мм...
Знам дека ќе биде: немој така, треба вака...Нооо уште на почеток ќе и дадам до знаење дека мое дете мои правила,како сакам така ќе правам...Еднаш ако премолчам ќе ме гази цело време.Сите овие год од кога сме во брак со мм на се што кажуваше премолчував ама за ова дете само јас знам колку солзи имам потрошено,е за него и со последни сили ќе се борам со сите
Не се замарај, пушти душа, уживај. Хаххаах ме пукна, јас сакав да пишам леле да е на мене свекрва... ама си исќутив, ај да не излезе дека сум ептен лоша снаа, ама не сум
Колку и да си добра сепак во нејзино очи ќе си ,, лошата,, Цело време додека правеш по нејзино ќе бидеш добра,еднаш оди контра и се се заборава автоматски си во група на лоши снаи.Реално гледано така е
Пред 7 год кога се пораѓав во болницата, тогаш живеевме во друг град, млеко немаа во болница, ми кажаа кое да го купам и одма му реков на мм отиде долу имаше внатре во болницата аптека, зема и ми го донесе во соба, јас си купив и термос, вода за греење, се од нас во соба тоа си праевме, они не се замараа со ништо оти 24 часа си е со мене бебето. Сега сум во друг град и тука не знам како е ама мислам дека е исто секаде, треба да прашам кога ќе одам.
Абе шо и е на таа, нормално е пред време да се спремиш за бебето, у што ќе го облечеш, каде ќе спие ? Нормална ли е.. Е јас сум таков инат, што би почекала уште некој месец, и коа ќе дојде некој на гости, ќе извадам една шпикозна или 2, и би рекла види што купивме, ама пред неа.. и она ако се осуди нешто да рече, ти на тоа ќе и вратиш со "Јас и маж ми така сакавме и така одлучивме, плус овие ѓи купив уште втори медец коа бев " па нека ја стрефи
Мислам дека 13та, кога зимаме брисеви тогаш. Ми кажаа дека мн трудници ја имаат и се лекува. После во 25та еширихија фатив таа саглам ме измачи ама помина среќа.
Го имав спомнато тоа кога ќе се роди голо ли ќе еи одма имаше одговор дека она за што била за 1час ќе купела ваљда планира во неипрани алишта да го облекувам,а за креветче и количка од кога ке сме се вратиле од болница,по нејзино треба тоа бебе да го оставам да спие по гарнитура Нека си зборува што сака,а ние со мм ке си молчиме и ќе си го полнеме плакарот со слатки бебешки работи а некаде 7-8 ми месец ќе ги паркиреме и креветчето и количката
Мислам да си направите нова тема за свекрви Темава не спаѓа тука... Ја отварам секој ден оваа тема за да видам што има ново за трудници која како поминала а не за свекрви. Без навреда девојки
Мене па ми дрема срамната коска каква сум у нејзините очи Преку 4 год со мм бевме врска, мед и млеко течеше, нимстоп дома кај мего таму спиев, од таму на раб одев итн, се веривме почна нешто свекорот да ми соли памет бетер од свекрва, као куќен ред, они дома така правеле, тоа така не се правело,ми пукна филм и само им реков имате веќе дома снаа, како наумила снаата така ќе прави. Ако не ви се допаѓа, ќутејте си и трајте си за да има мир у кучи. Може дрско и безобразно,ама кратко и јасно, јас не се карам со никој, имам свој став и стојам на него, сега никој не ме закача ниту ми солат памет. Арно е. Од искуствата на братучедки и другарки како се со свекор и свекрви по дома, решиив да не бидам како нив и да ќутам и да си траам и да се нервирам. @Bisera123 па споделувсме која како поминала ден и си раскажуваме. Такс му дојде за свекрви мусбетот, не дека за нив зборуваме.
Среќа сме имале што ни се погодила на смена тогаш.. инаку само што дознав доколу не била на смена а ја бараш да те пораѓа барала пари.. само не знам колку... но како и да е добра докторка е... си има знаење за се ...
Епа тоа е Адела... прво со карање почнува.. мене ме искара или така ми се причини за тоа што не сум се отворила ... со 2 прста ме примиа кога падна чепот се отворив уште 1 и толку.. после цел ден без промени па таа мораше да ми бутне внатре есно гоооолемо апче како што е оспен дури и поголемо па да ми прикачи три црева во вагината и да ми стави три инјекции во секое црево по едно.. кога ја прашав зошто е тоа ми рече седи мирна и не прашувај многу не сакаш да знаеш... после кога почнав да крварам од тоа цревото она го извади и кога видов голем меур ( како стисната песница) почнав да се тресам што од страв што од паника и виде не виде ми рече да не се плашам тоа ми помогнало да се отворам уште 5 прсти и дека спремна сум за раѓање.. ао 8 прсти осма ме качи на бокс и тука почна 3 часовното мачење плус бебуш се качи високо... па малтретирање.. па паники и страв на мое и на нивните лица и на крај кига запна Адела дека треба приордно да се породам го извлекоа со раце бебето..
Aiii Аиии и мене истото ми се деси денес ма гак со тоа топката и цревата. Не ни кажаа што ке прават ама го видов господ. Само што ми го ставиа тоа почнаа болки ненормални и прокрцарев се извадив од памет викам сестра па нормално е тоа така ми вика. После 2саати се смириа болките отидов во тоалет оп ми падна тоа го измочав лелее паники ме фатиа реков што нсправив па викам сестра добро одлепи го тоа фрли го. Се отворив 4 прсти ама не продолжиа со вагиналетка после тоа а требаше. Бебе ми е мн горе може ради тоа. Па рекоа утре ке стават. Ме интересира болките дали се поголеми од тоа топката или се издржува?