Женски, имам едно прашање, Диазепам се дава ли на породилни болки ? Вчера правев муабет со другарка ми, ми кажа и ставиле прво Спазмекс, а после Диазепам, она се породи во Август во Гак со второ.
Јас 2 апчиња и 1 црево добив.. Ама вака почнав со ич отворено. 2 дена траеше се, она на крај само тука беше. Иначе и јас слушав дека бара пари. Ама така со царски мислам ќе те направи за да не те мачи.
Кај секој различно. Јас од топката на ич отвор се отворив 3 прста без болки и запрев тука. Па друго малтретирање следеше Едит: Сега читам, исто си како мене. Јас утредента добив уште една вагиналета (првата ја добив заедно со топката, односно катетерот) и се отворив уште 1 прст без да осеќам болки па пак запре се и ме качија горе во родилна така. Откако ми го пукнаа водењакот добив вистински болки и после релативно брзо одеше ( после 6 саати болки се породив)
25та недела сум. Болки во колковите и препоните веке 3ти ден и едвај станувам. Претпоставувам дека е нормално и не паничев до сега ама од денес почна страв да ме фаќа. Нормално е или да одам на лекар
Нормално е,мене од кај 20та ме болат колкови,од спиење на страна,плус широки ми се,баш на коската спијам.Пробај да лежиш со перница меѓу нозе,кај колената особено,ке имаш подобра циркулација и помал притисок на лигаментите во таа регија. На лекар не би одела за ваквата болка,се додека не е јака болка во кичма или стомак,сметам дека е ок.
Женски, да ве прашам после колку дена од примање на флостерон се враќаат движењата на бебето? Кај мене е 6ти ден, ама уште мн. слабо ја чувствувам, скоро ич..
Да да, и првиот и вториот така го правев. За првиот самата матична ме упати ако сакам да одам плус на приватно (во плодност, заради приска, во 13 недела и ми дојде преку еден ден) а вториот пат сама си одлучив. Во плодност бев во 21 а кај мојата во 24 недела
Тек во трето тромесечие ќе те боли тој дел чекај,што од укочување што од тежина на стомак, како кит се осеќам и тешко е за спиењее.. Ама нема чаре,мора да се трпи
Незнам искрено најверојатно помагаат ,јас бев со провокации кога ми ги дадоа после добив епидурал и се заврши добро се породив природно .Спазмексот го даваат за релаксација на стомачна мускулатура и смирување на грчеви ,а диазепамот за смирување јас прв пат тогаш диазепам примив океј поминав не заспав ама затоа па ја преспав цела ноќ после тоа без проблем
Ве читам колку сте лабавки како да не треба да се пораѓате за некој ден чекам да си каснам мекица во ваше име
Кој го знае Ние со првите секако сме со одминат термин Нека ви е вечна славата вас Фала ти Па ми е чудно , дека Диазепамот е за смирување, затоа прашав.
Абер нема, првите со надминат термин, изгледа и тие. Само се молам да не е завртено пак. Утре сум у 9 на комтрола у клиника. @Dikinzi фала, најблиски пријатели ќе дојдат така малку да одбележиме слава, ништо големо не правиме. Јас веќе неможам да чекам .