Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Хахахахахха, кој е лабав бе :D Не знаеш шо ми се дешава, ама се трудам да сум смирена, тоа е..да испадне на поинаков начин нема :D Вчера баш бев во болница, имам цело време контракции, ме отепаа, ме нервираат, на живци ми идат, со првото немав волку, сеа секој ден по 100 пати, и викам ај да отидам ја, оти напати и ме боли, сосем различно ваа бременост, ама ме вратија назад :D И ја чув една како си писка, и ме стегна грутка у грло..сакав отаден да фанам..ама кај ќе бегаш мајче си велам..и тебе за некок ден истото те чека :D И дома се изнаплакав, маж ми ми вика зошто плачеш, дополнително стресови, со првото не плачеше..плачам му викам знам шо ме чека :D а ти ќе дремеш тука со нозе у вис :D
     
    На Meckicja, Thallia, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Знам, ајде кафе, благо, доста е..колку да се одбележи :D
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Од топката не боли воопшто.. контракциите се поголеми од неа и ако се отвараш бргу ќе боли.. јас само 5 прсти се отворив од топката.. ме болеше само кога почнав да крварам и одма ме качиа на бокс после вадењето на цревата и топката.. болките ми почнаа кога се качив на бокс и кога ми ги ставаа провокациите за да се отворам уште 2 прста... од нив може и бебуш се качил горе .. не знам .. а и не сакам да знам ... ама Адела ќе ја паметам за цел живот.. што се не ми збореше и после откако се породив како да не зборела ништо.. како да е друга Адела .. ајде со лесно нека ти е.. полесно од мене да се породиш
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi Ова го прават на тие што потешко се отвараат и се со надминат термин.. не е страшно на дело иако вака по кажување звучи страшно.. и не е болно кога го стават апчето долу и кога го прикачуваат цревото.. јас еве воопшто не осетив...
     
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Какви топки бре жени??? :worried::worried:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Тогаш е друго :D Чим не е и таа болна постапка дополнително..друго е

    На пилатес да не мислат.:D
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Јас кога ме примиа бев само прст ипол отворена.. вечерта ми падна чепот и се доотворив уште прст ипол и се на се бев 3 прста.. цел ден така бев не се отворив ич.. следниот ден попладнето кога адела виде дека не се отварам и стави едно апче и црево со три мали цревца сврзани... можеби сум добила 1 апче зашто сум била отворена 3 прста.. не знам навистина.. а пари бара и за царски и за природно доколку ја викнат од дома кога не е нејзина смена...
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Апче кое со 3 инјекции вбризгани во трите разграноци од цревото постепено се претвара во топка која ти помага да се отвориш...
     
    На strelkata и Dikinzi им се допаѓа ова.
  9. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi Според мене не е болна таа постапка зашто за три часа 5 прсти се отворив.. не знаев дека ради тоа ми ги ставиа индукациите ( апче и црево за после да се претвори во топка) .. пред да ми го извадат цревото осетив како нагон за какање ( извини на израз) и и викам на сестрата шо беше покрај мене дека ми се кака она само се насмеа и рече дека почнал процесот за раѓање ... ја викна Адела да ме види.. докторката го повлече цревото и имаше шо да видам.. топка на крајот од цревото.. ја прашував кога ми ја ставила топкава долу, јас ништо не видов... ми рече само тоа е апчето, ме провери со рака и само ми рече браво па ти си доатинала 8 прста ти фалат уште два и ќе раѓаш.. ме однесе горе одма на бокс ми приклучи венски провокации и тука веќе почнаа болките .. тоа ненормални болки изгледа ради тоа шо бебе искочи од родилен канал и се крена горе под гради... тука веќе е друга приказна... ама се заврши како што треба.. сега бебуш има 7 месеци.. жив здрав и тоа ме прави среќна... така да не се плаши од ништо само следи инструкции од докторот и се ќе биде ок.. со лесно мешко
     
    На Thallia, Cherry333, Maja92@ и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Со втора бременост и јас убаво осеќав контракции, и бракстон хикс и породилните. Од 8ми месец цело време како менструални болки, некогаш и непријатни, а во првата бременост појма немав што се лажни контракции, неможев да ги препознаам. И кога почнав да раѓам ич немав напон со првото, незнаев кога треба да напнам, затоа докторот ми се "качи" на стомак за да стиска, додека со второто ненормално јако самото тело ме тераше да го изгурам што побрзо. Се роди во рок од 5 мин откако се качив на бокс.
    Се надевам и ти ќе поминеш така лесно.
     
    На Sexybaby86, ddevojce, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Фала мила, и фала за објаснувањето, ете прв пат слушам за вакво нешто и не ми беше јасно. Фала што се потруди да ми објасниш :* :hug:

    Ќути, ѓи имам више цело време, па и боли тадури некогаш, стварно се досадни, лажни ама досадни, нервозни, знаеш :D Фала души, чул те господ :*
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.281
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам за Брекстонот..
    Дали се пропратени со болки таквите контракции?
    Мене ми се случува понекогаш навечер да ми се стврдне стомакот,особено кога нагло станувам за во вц,камен тврд се прави,и за нецела минута “се пушта”,односно смекнува.
    Д-рот ми рече дека е од менување позиција.
    Ова дека пипкам знам,иначе во сон може и не би осетила..
    Друго,се плашам дали ваквото стврднување допринесува за кратење на цервикс,тоа најмалку ми треба во моментот.
     
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Во првата бременост не беа болни, ниту чести, се јавуваа така така, како што викаш од нагло станување. Во оваа да..болни се, ама не е ништо што не се издржува. А за отварање дали отвараат поим немам ,ама мислам не оти до сеа требаше 20 прста да сум отворена :D

    Пиј магнезиум 2 пати во ден.
     
    На Thallia, ddevojce и dunika им се допаѓа ова.
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Пак не ми е јасно, кај бутат црева, у вагина??
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Не допринесува за кратење на цервикс, брекстон хикс почнуваат после 20та недела и се нормална појава, подготвителни контракции.
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.980
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Не, немало гајле за отворање, баш читав дека не правеле за тоа проблем, не го скратувале цервиксот, туку се како подготвителна состојба за породување. Јас се почесто имам такво стврднување, и тоа како на мочање ме тера, лесно непријатно е, се трпи и поминува. Без гајле. :)
     
    На dunika и Dikinzi им се допаѓа ова.
  17. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi нема проблем... не е тешко да се објасни само поубаво е да не го искуси никоја ова што го искусив јас.. не зборам за топкаца туку за самиот процес на раѓање.. топката е безболна :hug::hug::hug:
    @ddevojce да во вагината.. легнуваш на столот шо е за прегледи, го мести спеклумот, после едно големо апче ти става колку е можно повнатре, потоа полека го става цревото со 3 разграноци ( тенки црева) и со мало стапче (игличка) го прикачува на внатрешен зид од вагината (не осеќаш ништо од болка)... после во секој разгранок (тенко цревце) вбризгува течност со инјекција... три инјекции за трите разграноци...после цревото ќе го залепи на една нога за да не смета при одење.. стануваш од столчето и можеш да се движиш без проблем и без болка... апчето постепено се претвора во топка од течноста од инјекциите.. така ти помага да се отвориш и кога ќе се отвориш повеќе прсти ќе почне по некоја капка крв да ти паѓа од цревцињата... тогаш веќе си спремна за раѓање.. овој процес се вика ИНДУКАЦИЈА .... Се надевам дека сега ме сфати... со лесно и без паники.. ако вакво нешто ти прават и на тебе не се плаши ..сосема е безболно...
     
    На ddevojce, Cherry333, lavinija28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    А зошто не ги замоли да шеташ, 3 саати на бокс не е интересно ич..
     
  19. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Нема шетање штом се качиш на бокс.. приклучена си на провокации и дозволено е само да стоиш до боксот и да се држиш за држачот од инфузијата со провокации и да правиш клекни стани... ќе ти понудат пилатес топка да скокаш но те предупредуваат да внимаваш да не паднеш зошто веќе си при крај со отварање .. болки на секоја мин имаш, бебе се грчи, контракциите се посилни и посилни.. се потиш , се виткаш од болки така да нема шетање.. или стој до бокс или лежи.. за седење не ни размислувај не даваат... но сето тоа е минливо кога ќе го родиш тоа мало суштество и кога ќе ти го стават на гради... значи сама на себе си ја раѓаш среќата...
     
    На Dikinzi и Dance27 им се допаѓа ова.
  20. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Јас сум А+, маж ми Б-.

    Дали треба да се прими некаква инекција? Заборавив вчера да ја прашам докторката (facepalm)