Фала ви на сите, си закажав преглед следниот вторник да се запознаеме со бебушче До тогаш ќе си одмараме и ќе си се радуваме со најблиските, едвај чекам денес да ја споделам убавата вест
agrona јас сум сега во 32недела и јас не сум испитувала скриен шеќер ниту пак ми кажа докторот дека треба да испитам тоа туку само ми рече нареден пат кога ќе идам пак да си проверам крв и урина, а тие мушамите разбрав дека ги има на битпАзар а и некоја феминка имаше поназад постирано страна на фб од каде што може да се порача, и моето си мртка ли мртка последните неколку недели нонстоп си мртка си ужива кај мама во стомакот, посебно кога ќе го слушне гласот на тато и пеењето на мама поизразено е клоцањето како да сака да ни каже нешто chache87 со лесно
Здраво мешиња како сте? Мене овие денови многу ми идат киселини. И многу често ми се јаде.. Доколку сум малку гладна, веднаш почнува да ми се гади и да ми се . Имам жолт секрет, но немам ни печење, ни чешење, ниту непријатен мирис.. што може да е ова? Инаку полека влегуваме во 12 недела едит: Верувате ли во оние „бабини деветини“ - да не прескокнеш кабел, да не се бањаш на зајди сонце.... Јас сега несакајќи прескокнав кабел и веднаш на тоа се сетив Ве поздравувам и ве Имајте убав ден
Slucajna, твоите бројки се исти како моите И јас кога бев прв пат (веднаш откако дознав дека сум бремена со тест) имав само гестациски сакус од 7мм, а по две недели кога бев за срцева акција на 6 недели и 6 дена малечкото беше 8.1мм. Вредностите си одговараат скроз и немаш потреба од никакви паники. Инаку, кога докторот го мери бебето автоматски по должината излегува која гестациска недела си. Не е ништо страшно ако твојата гестациска недела (како што си ја рачунаш од последното добиено) не одговара со гестациската недела по мерењето на плодот. Ова може да се случи поради тоа што докторот може да не му земе точни мебарки или пак самото бебенце да е понапредно. На пример, моето е една недела понапредно, така што наместо да сум 11 недела како што си рачунам, бебето ми одговара за 12 недела Исто и во врска со болката во долниот дел на стомакот - сосема е нормална...многу е слична болката пред добивање, како некое пецкање, краткотрајно. Сепак не треба да е премногу јака да не се издржува и во таков случај треба да се обратиш на лекар. Се надевам дека ти помогнав и ти посакувам лесна бременост chache87 имај убава бременост
Agrona и мене никој не ме удостоил со одговор на прашањето кое ме мачи, шо вака засрамени сите Јас наредна недела сум на последната контрола кај матичниот, треба да дадам брисеви па ќе прашам за депилација и ќе ти кажам. Инаку и претходниот пат кога бев кај матичниот ми спомна дека нареден пат кога ќе се видиме ќе ми објасни како иде процедурата со препраќање кај доктор во ГАК, ама како што разбрав ни треба само упат, а кој доктор ќе биде на смена не можеш да знаеш, евентуално ако имаш свој близок лекар што сакаш да те пораѓа па да искомбинирате некако. На вежбите во ГАК ни кажаа и дека акушерките се тие што не породуваат (зборувам за природен) а докторот само асистира. Тебе ти е многу рано за ова, ама не е на одмет да се знае Еве со најнови информации наредна недела ќе видам што ќе ми каже матичниот па ќе ти кажам. Во врска со подлогите, јас си купив една од Илинденка и ја платив 230 денари. Бидејќи имам и мушама за пресоблукавање сметам дека една ми е доволна. Ми се чини ги има и во Стружанка, види и таму колку пари се. Феминката што ти ги препорачува на фејсбук мислам дека се многу поскапи ама затоа пошарени ми изгледаат. Побарај ги како Подлоги за пелени. Во врска со скриениот шеќер ни јас не испитував, мојот лекар ми рече дека во мојот случај нема потреба ни од димери така што ако редовно си правела крвна слика и се е во ред нема потреба да се испитува и тоа. Мојот лекар во кого имам голема доверба кога го прашав за овие испитувања ми рече дека ако нешто не дај боже не е во ред се гледа на крвната слика па ако нешто се сомневаат тогаш те праќаат на дополнително испитување. Затоа секој месец се инсистира на крвна слика и уринокултура. Мислам дека немаш потреба од тоа, ама ти си знаеш, види си ги резултатите од последната крвна слика. Поздравче до тебе и мажето фудбалер, мојата мала пеперутка не претка толку силно ама па многу се движи, мислам дека ќе биде пливачка
Во вркса со депилацијата, немам лично искуство , но знам дека две другарки се издепилираа со топла депилација, едната една недела, другата еден ден пред да се породи. Исто и од муабети кај козметичарката, знам дека сите си се депилираат со топла цело време...се зеза - „се плашам да не ми се породи некоја“
Јас пак мислам дека за трудници е подобра ладната депилација бидејќи нема можност пак да се искористи тој восок, со топлата може пак го затоплуваат и користат. Битно е да се најде некој салон каде што имаш доверба во козметичарката и каде што условите се многу хигиенски.
Wtf ne veruvaj i.jas sum skokala kabele i sl rab. Plus kako nema da.se bajnas ppsle.zajdisonce..ako odis na rabota ptimer do pet i dodeka se vratis odmoris.jades nema li da bide.zajdeno sonceto??? jas mn ne veruvam vo takvi rab ama.sega se pridrzuva dodeka pominat 40 dena ne izleguvam posle zajdisonce i ne gi susam rubickite na kerka mi i moite posle zajdisonce.nadvor.edinstveno toa go gledam bidejki mi e.za deteto...od starite e toa i ajde da ne me jade sube posle
Wtf би ти препорачала да не се замараш со такви работи, бабини деветини има колку сакаш јас во ништо од тоа не верувам. Тоа ти е исто како паганските работи кога порано играле надвор за да заврне па види ти колку памет има во тоа Уживај си јас нон стоп понинувам под бандери и кога ќе ми помине црна мачка а и тресам навечер па фала богу жива и здрава сум
Потполно се сложувам со тебе. За козметичарката што зборам јас користи нов восок и интимата ти ја депилира со тој и потоа го топи со восокот што и е за се друго....ама барем тој дел ти го депилира со некористен восок.
Вие шо тресете глупости за бабини деветини, вчера сте пишеле некои коментари, сакам да мислам дека е шега за денот на шегата, оти ако сте сериозни тешко на нас неверниците покрај такви како вас. Има една изрека што вели - на глупавиот не му е тешко што е глуп, тешко им е на паметните што доаѓаат во допир со нив сакам да ве прашам во кое време живеете, каде живеете (планина ли, село некое запустено) па со такви мисли ви се наполнила главата? Уживајте во бременоста, никој и ништо не може да ви ја замати оваа среќа ако верувате во Бога и во доброто и се стремите кон светлите точки во животот. Порано имало такви пагански обичаи бидејќи луѓето живееле едни до други, се верувало дека ако оставиш алишта одвечер некој љубоморен и злобен комшија ќе ти направи магија. Ама тоа баба ми во село кога живеела, не можела да ги трпи тие селски размислувања и далеку понапредна во размислувањето од повеќето денешни млади дошла да живее во град за да не се замара со такви нонсенси. Денес, кога живееме во високи облакодери, патуваме низ светот, уште ли со вас ја носите таа македонска неискоренета простодушност и лекомисленост? И во Библијата пишува дека ѓаволот најлесно ги измамува лековерните, оние со цврст и разумен став го имаат Бога. Ве молам, искоренете ги тие пагански размислувања за да го имате Бога а да не ве залажува некоја мрачна сила. А бе да сте живи и здрави, никој вчера не ме изнасмеа толку добро колку што денес прочитав каде се може да забега лековерниот ум. И што ми можете, се бањам кога ќе ми текне, еве синоќа се бањав во 1 часот по полноќ, алиштата останаа на тераса и денес, зашто одам на работа, живеам во Град, си го живеам животот онака како што јас сакам и среќна сум, неизмерно среќна зашто моето дете ќе расте во модерно опкружување, ќе учи за вредностите на животот и ќе го учиме да биде борбено а не плашливо од некое си зајдисонце, боже мили.
Штета што само еден лајк може да се даде, овој коментар заслужува 100, апсолутно се сложувам со тебе, дека тие паганштини требало многу одамна да останат во минатото. Многу ми е жал за тоа ама мислам дека денес како помодарство станало посебно кај млади луѓе, трагедија.
Џени тоа е тоа размислување што ми се допаѓа!!!! Јас не сакам да бидам премногу дирекна или да навредам некого, но време е да се искоренат тие мислења... Гледам на тие што ги знам бабите лук со метла и со не знам што им ставаат под креветчето на бебето... Против уроци... Оваа реченица треба да се исфрли од употреба, дефинитивно
Трудници денес ми е роденден,ама дека сме трудници не прикачувам слики,да не ви се пријаде,па што правиме после,но доколку сакате слободно дојдете на торта ќе ве чекам.Ова ми е прв роденден со принцезата како што си го славам. Расположението на највисоко можно ниво,а сигурна сум и пеперутката е среќна.
Срекен роденден мила верувам дека до сега за ниеден роденден не си била посреќна, ама замисли го наредниот, тогаш веќе ќе си се гушкате со бебушка
Среќен роденден MrenaRiba и се најубаво, сите наредни да ти бидат уште посреќни и поисполнети гушкајќи се со принцезата
MrenaRiba Срекен Роденден и се најубаво!!! Верувам дека овој ти е најсреќниот роденден до сега. Мене малце ме снема ама тука сме со бебушко клоцкаме. Отоците ни спаднаа, малце испаничив, па бев и на специјалист оти преку ноќ отеков, најверојатно од тоа што си цупкав на нозе по цел ден по дома Правевме ЦТГ контракции имаме ама уште е ранко Плацентата 2 стадиум е сеуште, плодова воба бебушко имат Сега удрив на шопинг, па да ја спакувам торбицата па ќе бидиме спремни
Не мора одма да напаѓаш, можеше сето ова да го кажеш и на друг начин. И јас не реков дека цврсто верувам во тоа. Доколку толку верував ќе ги соберев сите кабли по дома и ред др. работи. И дека сум ги слушнала овие работи и сега кога ќе направам нешто од тоа, шубе ми е. И да живеам во град! И можеби овој твој пост е прочитан од некој што живее во село, што не мора да значи дека тој верува во овие работи, и можеби не е ГЛУП и со ЛЕКОВЕРЕН УМ „како јас“!
Сакам да ве прашам нешто. Според последна менстр. сум 31 недела, а според матичната и докторот на гинекологија што ќе ме пораѓа сум 33 недела. Како да рачунам, според коиј термин?? Инаку со ИВФ сум и незнам точно кога влегувам во 36 недела?? Некој поискусен да ми каже.