Освен отворена гледаат плодова вода дали е во цервикс и дали е омекнато. Флостерон и магнезиум обавезно, и мене ме шетаат цела недела поради овој проблем ама не давам преглед со прсти оставив на господ па од понеделник ке виделе за примање. Често се случува ова со близначка бременост не се плаши само слушај препораки да истуркаш некоја недела плус!
Грло на матката, и треба да биде подолго 3.5 во бременост...најпрво почнува да се крати...а потоа омекнува и се отвара
Е има.. ама само за тие кои не се отворени воопшто или пак многу тешко се отвораат а им е дојден или поминат термин на раѓање...
Најубаво си е процесот сам да си тече. Од овие работи да ти се одмили све. Па колку буричкање добив лелее од сите доктори и сестри на патолошка и горе
Што мајка бараат сите да брцаат внатре? Уфф мене како што ми се ближи времето некако се повеќе еуфорија ме фаќа, и страв и радост испомешано, но едвај чекам
Да проверат колку си отворена. Што подолго трае процесот, повеќе проверки. И плус вртат внатре за да ти помогнат. Ужас, од тоа имам највеќе трауми. Рачунај јас 2 дена бев со провокации.. Едит: Со лесно, остај ме јас што се жалам, за бебчо пак би поминала низ се
Е најубаво е ама кога ќе закочи нешто значи мора да се потпомогне...јас ден ипол бев на патолошка и само еднаш добив проверка со рака но кога веќе ме качиа на бокс е тогаш ми избуричкаа внатре за сите пари... на секои 5-10 мин следуваше "рака" и на крај дваица доктори чепкаа долу за да го извадат синко набрзина зашо дојде до компликации... ја осетив раката на докторката внатре бидејќи ме боцна со нокт кога го влечеше бебето.. малку ми го напукна грлото и тука прокрварев доста .. ама минливо е тоа.. со оглед на тоа што сега си ја држам среќата во раце...
Дали и вие вака правите ?! https://pedijatar.mk/mamo-nemoj-toa-da-go-pravish-9-raboti-koi-bebeto-vo-stomakot-ne-gi-saka/
Мешиња мили, се породив нешто пред 23h (природно) , стигна бебушка 3680гр,и 50цм долга. Ве гушкам сите