Јас кај Крстинка бев за скринизи презадоволна сум од неа Мислам ако сакаш да избериш доктор кој ќе те пораѓа ќе треба во 36та недела да одиш за да бидат во тек со бременоста ама сепак консултирај се со Сашо или јави се во Плодност ќе ти кажат точно
Миличка, ти која недела стигна? Досега кои испитувања во Плодност ги имаш правено? И јас размислувам таму за пораѓај. Јас последно бев во 21 недела на втор скрининг и немам појдено од тогаш. Обедниковски ми спомна тогаш дека следни скрининзи нема, освен тоа за срцето, ама кога бев кај мојава матична во 24 недела (таа не знаеше дека јас веќе правев втор скрининг во Плодност) се' детално виде, и срцевиот мускул го гледавме како работи и ништо не ми спомна да го правам тој што е посебен за срце. Така да, јас не го направив, според нејзе ок беше работата на срцето/мускулот. Е сега кај неа сум тек во 32 недела, знам околу 35 се правеле брисеви а во Плодност не знам кога да појдам следно, на која контрола. Брисеви ќе ми прави матичнава, за друго појма немам...
Пијам само фемибион 2 (одма по ручек) и магнезиум директ 400 со Б витамин( зеленине на алкалоид) навечер по едно. Прашав за калциум, др рече доволно е преку млеко/јогурт да внесувам, не морало апчиња. Е сега се думам следно за забите да ја прашам за некој витамини, знам на многу во 8/9 месец што им се расипувале или болеле. Знаете ли нешто околу вакви витамини???
Земајте си витамини за да си го држите имунитетот,да не се разболувате, зошто знаете само парацетамол смее да се пие
Денес бев на преглед за од синко! Докторката рече дека се е во ред. Сега ми е мирна главата! Инаку денес сум 22+1.
Јас пијам Е, Д, метилфолат, б комплекс, б12, вит Ц. Мислам од нив ми е потешко него од било што. Посебно од б комплекс. Баш ми прави тешко да ми е.
Вчера бев на втор скрининг на ГАК ,21+3 сум , до сега воопшто не ми измериле цервикс . Ја прашав докторката вика на ехото се си е супер нема причина вагинално да ти мерам , а матичната па ми рече на вториот скрининг ќе ти измерат. Некоја со слично искуство ? Цервикс се мери само вагинално ли ??
Мислам дека и на обично ехо се гледа отприлика дали има потреба да се мери. А точно само вагинално. Мене цела бременост не ми мереа.
Откако можеше бебето да се гледа абдоминално, вагинален преглед немав сè до 22 недела кога бев вторпат на втор скрининг, тогаш побарав да ми мерат цервикс и вагинално ми го мереа. Инаку и абдоминално се гледа цервиксот, па ако се види дека има потреба, тогаш и вагинално би измериле.
Мене на 2 скрининг во плодност ми го измерија вагинално. После матичната по 2 недели кога ме гледаше абдоминално ништо не ми спомна за цервиксот (јас не и кажав ни дека правев 2 скрининг на др место), така да можи зависи од самата состојба и дали др смета дали треба или не да се мери. Сега во 32 кога ќе одам сакам да ја прашам за цервиксот бидејќи сепак ќе бидат поминати скоро 11 недели од последното мерење. А не знам дали го гледаат абдоминално, имам читано дека можи...
И мене досега не ми измериле цервикс! Се надевам дека докторите знаат што прават! Кога треба, а кога нетреба да мерат.
Од страт пијам Фемибион 1,па 2,Магнезниум претходно чат пат,а сега редовно,но 300мг.Читам некои од вас пијат повеќе.Приметив дека ми прави пролив и мене. Иначе внесувам доволно витамини преку храна,ама ко што рече Софија,ради имунитет нема штета. Железо уште не пијам,тоа ми е чудно,два пати имам спомнато ама немало потреба. Цервикс сум имала 4-5 цм до 27 недела,после нагло ми се потскрати. И да не ви кажат,мислам дека си гледаат лекарите.
Мене цервиксот ми беше 4цм до 36 недела. После тоа почнал полека да се крати, чепот ми испаѓаше, и дознав во 38 недела и некој ден дека сум 2 цм отворена, така и останав до пораѓај. Се породив 39 + 4.
Здраво на сите нови и стари труднички, едно големо добредојде на новите и само здравје и среќа до крајот на бременоста Јас денес бев на лекар, ноќеска пак ме фати грлото и веќе не знаев што да правам, едвај чекав да се раздени и да одам на патолог и викам ќе барам и антибиотик, ова не се издржува, 1 ден боли, 2 дена сум добра, третиот ден пак боли грло....еее не се издржува 10 дена сум вака Среќа немам температура, почнав и влажно да кашлам ама немам на гради, чиста сум, грлото ми вика не е многу црвено, жлезди немаш потечени, така да нема потреба од антибиотик ми вика, многу чаеви, спреј со морска вода, витамини и тоа е, му викам, докторе се тоа правам и гаргара со сол правам и спрејови имам за нос и на птиродна база и чањви секој ден пијам и ништо. Ми вика можам да ти пишам антибиотик ама вака гледајќи ти ја сликата не си ЗА, ама види 3-4 дена како ќе бисе, ако гледаш дека нњма фајде од ништо тогаш земи го антибиотикот сеа што ќе ти го пишам. Во напредна бременост си ми вика, можеш слободно да земеш антибиотик, немаш штета. И така од кај него право во аптека, го земав и штом си дојдов дома го почнав анѕибиотикот. Епа не можам искрено, се мачам со денови и викам ајде од еднаш што ќе земам антибиотик нема штета и во другите бремености имав земано така во 7-8 месец, со син ми ко бев бремена вадев умник, ми отече местото и морав антибиотик да сплане отокот. И така. Да се надеваме од утре да бидам како нова
Јас сум 40+3 и уште си ги пијам витамините, имам уште околу 50 таблетки, таман и по пораѓај ќе ми се најдат. Витамините се потребни за да не падне имунитетот и секско за бебето. Оно си зима од мајката шо треба, и нашите резерви се трошат. Мене у цела бременост не ми мереле цервикс, го прашував докторот рече се било во ред, нема потреба. Мајче како си, недостигаш овде ве пуштија ли дома. со кој сум во трка сега јас?? Денес бев на контрола кај матичен се е супер, плодова вода супер бебе супер, го прашав дали има коса, има ми даде и слика од косата, кога ми го мрдаше стомакот се гледаше косата како се мрда од водата И така, си чекам јас, нестрплива, ајде со Бога напред ќе биде.
Ајде @ddevojce , те чекаме да се олесниш, ќе биде многу скоро, само со лесно да поминеш Мене веќе многу тешко ми станува Не знам сега колку се тешки девојкиве, ќе видиме на ехо следната недела, ама не можам веќе ништо да правам За седење одамна не можам, лежењето веќе кошмар ми станува кога треба да се свртам од една на друга страна, и перницата за трудници веќе не помага, дури и ко да ми смета повеќе Не можам долго да пешачам, нит се води нит се тера работава Мразам да се жалам, ама веќе тешко е функционирањето. За помош имам, и тоа многу, среќа што имам. Од една страна едвај чекам да излезат, од друга страна знам колку е важно да останат што е можно подолго. Претпоставував дека е многу потешко близначка бременост уште на почеток кога дознав дека се две, ама не толку многу Инаку осеќам веќе дека им е тесно. Движењата се малку намалени, нема такви превртувања како претходно Повеќе се тегнат и се местат. Само ова на лево да не смени положба, ќе треба да се менува се’ за породување Уште од сега е татина ќерка. Вчера многу послабо ја осеќав, јадев благо, пиев Кока Кола, ја буцкав..... не бе, не ми одговори на ништо Го викнав мм да легне до мене, стави рака од нејзината страна, одма се јави Он ја буцка, она клоца. Јас ја буцкам, ме игнорира Досадна е мајката уште од сега И јас имам гадења и лошења последниве недели. Мислам дека е од таблетите за железо, ама не можам да ги прекинам, ќе си ги трпам
Од витамини пиев фемибион 1, па сега наместо фемибион 2 ми ги смени Премама дуо. Не знам дали е до витамините, но зимава фала богу во сите вируси и настинки јас останав здрава. За магнезиумот и јас приметив дека ми предизвикува дијареа. Цервиксот ми го мереше 17та недела ми рече во ред е >5 пишал во мајчината, и ми го прекина дабростонот. Последниве неколку дена некако немам апетит, се најадувам со 2-3 залчиња. Не знам што е причината.
Др. Обедниковски , што би рекла јас смешко хахаха се насмеан е , па ке видиме како ке биде , кој и да го одбереш нема да згрешиш Одам кај Обедниковски , сега сум пак наредна недела , поради цервиксов правиме контрола на две недели , послеено немаше потреба од инекции за зреење затоа ке отидам со полна 30 да видиме како ке биде ситуација , за трет скрининг ке видиме што ке каже , од страв не прашувам , со цервиксов сум стегната мн , но ке помине се , само позитивна мислаа *** иначе денес сум 28+6 имам уште ехеее
Девојки, дали има некоја искуство со намалена гликоза во серум? Денес на крвната слика ми испадна дека шеќерот е под нормално ниво,референтните вредности се 3,9-5,8 mmol/L а кај мене е измерено 3. Има ли простор за загриженост?