Немам испитано шеќер, само ме интересира како ми е за да си знам. А дијареа кога ме фати искрено се исплашив да не имам нешто расипано јадено па од тоа да ми било.
Штом повеке не има значи нормално е ама тука сме да си помагаме и да си споделуваме искуства , повеке од овде научив него од било каде , напорно ми беше патувањето до Скопје иначе сега свакам дека мојот ивф др не би го сменила за ништо на светов
И јас можам да кажам дека 80% од работите ги научив, а уште учам токму од форумот. Од докторите само основното го знам. Веројатно е тоа така бидејќи овде се сите напатени и искрени, секој си го кажува искуството со надеж дека некому ќе помогне.
Девојки како ви е денес? Денес се осеќам посебно лошо, прееска ќе се онесвестев за малце, ме враќаше со алкохол другарка, цел ден ми се лоши и повраќа... Не можам при себе да си дојдам... Башка се уфилмав дека имам гестациски дијабет зашто многу ми се суши устата од време на време, ми се привртува и многу благо ми се јаде. Не знам дали е нормално тоа.
Лелееее шо фаца за то со косата хихих, дај бе сликче да видам како изгледа косето. Ајде само за убаво, со Господ напред, се да си помине во најубав ред.
Фала ти што се сети на мене. Не ми помина ништо, ама се трудам некако да излезам на крај. Со некои луѓе нема разбирачка и веќе пробам да игнорирам. Стресот допрва ми почнува. Од утре имам испити, а по една недела ќе биде и свадбата.. Растрчани се сите околу подготовките, јас едвај можам да ги слушам муабетите, баш и не се ангажирам. Бурми уште не сме порачале со вереникот, а старите негови стално упатуваат критики и напнуваат околу свадбата. Јас само велам “Аха” и “Добро”. Немам толку енергија за да се нервирам, се трудам испитиве да ги положам.
Да не знаеш до кога ќе биде на боледување? Јас кај неа одев и со првото и сега, денес бев и беше докторка на замена, баш се зачудив.
Јас пијам Премама, метил Б12 од 1000 2х1, метил фолна од 1000 2х1, магнезиум директ 1 или 2 пати, Д3 од 4000, тотхема (серумското ми е слабо на долна граница), Ц витамин. 25та недела сум
Мене ми го поклонија,чека да биде испробан ама многу го фалеа и има бајаги прегради,практичен е,собира многу и плус може да се носи и со рачки и како ранец. Мислам дека нема да згрешиш
Од Локо Кроко се. Практично дека е ранец, ама јас во последно време ништо не купувам од таму, а се скоро од таму купував, ич не е квалитетна гардеробата. Ме потсеќаат на дуки дасо. Нема квалитет. Јас лично ич не сум задоволна.
Е да, за марката и квалитет незнам,може да не е квалитетен. Мојот е ист модел само ама од германија ми го донесоа, може да се види на друго место,мислам дека би требало да ги има,сега се актуелни нешто