Jas taka momentalno si lezam, cel den imam nekoj menstrualni bolki kako demek..ama bolki vo polovina bas i nemam..beloto pranje mi e na najako ovie 3 dena.. a sea taka vo tisina slusam bozem izdisuva nekoj balon pod gradi od crevata li e od sto li e poima nemam
Лелееее се наежииив убавинииии со лесничкооо кукле имај си школска бременост. Е значи се прерадував ко за своја душа
Добро утро на сите мешиња! Сега станав и гледам снег. Се израдував како мало дете. Ќе сварам и ќе гледам како врне. Убав ден на сите!
Äи јас сакав со лиценцето да ми даде слика сма завртено со главче надолу не се гледа, лицето. Само глава со линии, друг да види нема да познае шо е ама јас си знам. Здравје и живи ќе видиме со колку коса ќе се роди
Јас го имам ранецот баш тој. Да не ве тагнувам сите. Бебе е мал, го немам којзнае колку користено ама практичен е и голем. За траење не знам како ќе се покаже, и мене ми е нов .
Јас сум 22+2! Некаде пишува дека 6 месец почнува од 22 г.н. а некаде од 23. Што е точно, навистина незнам!
не вклучува во петокот бев на 3д ме гледаа околу половина час ке ти дадат и една слика од бебето,а додека вчера матичниот на 4д ме гледаше само 5 минути.
Фала за одговорот. Добро и 3д е во ред, имам огромна желба да го видам така... ме интересира на 3д ги земаат мерките или 2д тоа што е црно-белото?
на 3д ги земаат,и за кој орган и рака нога ќе ти даде слика во црно бело,сликата од бебето ми е во боја,се детално ќе ти објаснат.Јас го правев кај Афродита презадоволна сум.
И вие мене Не пуштија во понеделникот, едвај дочекав..со првото пропатив од пораѓајот, а со второво поради гладувањето на детето. Таман ја пофалив Велешка болница, се испоразочарав за сите пари. Нема многу родилки, идат те проверуваат цело време, притисок, температура, ти даваат некои витамини,и те буцаат со 300 инекции, ваа за едно таа за друго, газот ме боли, проверуваат крв цело време, секој ден визита, и проверување на бебињата...е сето тоа убаво, арно АМА бебињата ги оставаат гладни..'ртка гладни !!! Скренав луѓе..отеков у фацата од плачење, психички паднав, за сила собирав некако..Не бев спана кој знае колку време, ден пред пораѓајот, вечерта коа се породив, и наредните 2 вечери оти малата беше со мене..првата вечер ми ја донесоа на кратко, им реков да ја земат да одморам, ама не заспав од возбуда, е веќе од втората почна шоуто ! Вриштење пиштење беше, беше мирна само на града да цица, ами ја нели треба да јадам, да мочам, да одморам некој саат, со саати ми дремеше на цице..а сите знаеме дека млекото не иде уште првата ден..и вечерта отидов на таа и викам дохрана давате ли ? Од вчера од пораѓајот не сум спиена да одморам..аха вика донеси ја, ја носам и зажалив, ја однесов 1 по полноќ, таа вриштеше пиштеше, едно време сд смири..добро реков ја нараниле, сим подзаспала..станувам се уште вришти ,не само она, и другите што беа таму( спроти мојата соба беше собата на бебињата) ,ја гледам таа легнала на креветот и спие хрчи, како да ја земам..отидов соба..плаченка сум заспала до кај 6, кога и ми ја донесоа..ајде одма на цице, и така мачење цел ден скоро, па заспа и стана кај 4, фанав сон 2 саати може..коа стана поручекта кај 4..до 12 ноќеска на цице, ќе заспие 10 мин ќе вриштии ајде цице, па ќе заспие па ќе вришти..и се така во круг..кога, не можев повеќе да издржам, одам на таа да и речам за дохрана( си велам друга смена е ваа може ќе даде да си пробам среќата) докторке викам, дохрана давате ли ? Не вика немаш ли млеко, имам викам ама колострумот, се уште не доволно за неа..ајде нека цица вели, и викам од 4 поручек цица, 12 е сега..не можам више и велам..и замина, почнав да ја шетам малата, и дојде докторот, се свртев да не ме види..и тој ми вика, седни на креветот одмори, ќе те фане сон, ќе ти се слоши, ќе паднеш ќе направиш беља, добро докторе реков сега одма... и седнац пак да и дадам да цица, и психички се спремам дека треба да издржам уште скоро 12 саати таму, кога влегува таа докторка и вели дај млекце да и дадеме..и и даде..луѓе..не знаете кога ја слушнав како почна да го пие, шмука шмука шмука..го голтна за неполна минута..и тоа 60мл ! 60мл! Знаете што се 60мл за новороденче ? Тоа е дупла доза, новороденче 30 мл максимум пие !!! Која ја слушнав луѓе, пак почнав да плачам..душава ми се расцепи ! Вика таа шо плачеш, така и викам..ајде смири се рече, ќе и кажам на другата смена ќе пренесам, ајде легнете сега да одморите. Фала богу викам, и даде дупла доза..ќе одморам плус..кога ете ја во 12 заспа во 4 сабајле стана Ајде велам..ќе додржам до 8 саат, во 8 сабајле ѓи земаат да ги бањаат, педијатар ги гледа и ѓи враќаат, ИЗДРЖАВ..пак на цице ама издржав, ја земаа, кафе се напив на раат, појадов на раат, бев вц се истуширав на раат, ја спремив торбицата ,и сеа чекам да ми ја донесат и да ми речат тргајте..арно ама не толку брзо, наместо кај 10 саат, ја донесоа кај 11 и 30, за тоа време сите бебиња рикаа, и моето исто така..тоа се 3 и пол саати плачење без престан..и кога ја донесоа, беше облечена и во на цимерката бебето алиштата, а ја брзам да си фанам патот дома..и викам на таа една млада, нова, стажира таму..ја носи право кај цимерката, вика ајде 42 број..И ја станувам и велам тоа е мое бебе !!! Вика не она е 42..МОЛАМ !!! Она е мое бебе, 39 викам..и брцаше 1 мин на рачето да види дали е така..ах господе, зарем ќе те лажам, на цимерката имаше коса за кукули да правиш, и моето има ама не толку, а да рече извинете..ја земав од раце, и земав да ја соблекувам, (баш сега најде си викам, дома коа треба да одам, да ја соблекувам , па да и дадам да цица да ад смири малце, оти дома требаше плаченка да ја носам) и ја соблеков, и дадов да цица, и ја слушам голта голта.. млекото стасало повише ! Голта со млазеви..па викам добро мајка..толку плачења да слушаш, сите бебиња рикаа, од тоа ќе дојде ,се налапа за 5 мин, сама се тргна од цице и заспа, велам фала ти боже..одма испаднав, тие ја облекоа во скафандер, јс сд пресоблеков и фанав патот накај дома. Уште ми се слуша вриштење во глава, понекогаш не знам дали си замислувам или е реално, и да напоменам, јас си носев млеко..ама не давале таму освен педијатар ако не дозволел, и ако видел дека паѓа на килажа..си велам у памет, шо педијатри ќе имаше во Скопје во Гак и во Чаир, одма шо им даваат на децата млеко, а тука гладуваат. и Така, си стасавме дома, и почнавме со обврските па ќе видиме како ќе не биде Да не заборавам да ви кажам, гласот и беше фатен од вриштењето. Инат бре инат
Лелееее читајќи те се препотив, исто како да сум таму и го слушав плачот на бебчето, ненормални, па бива ли така бре, па нормално не можат сите да имаат одма млеко, кај некои одма иде, а кај некои треба 2-3-4 дена, па зар немаат душа тие сестри, доктори таму да ги слушаат да плачат бебенцата? Зошто не си направила млекце штом си имала со тњбе? Нели можеше во соба да и направиш? Тука во соба секоја родилка си носи со себе она што се грее вода како каната не знам како се вика на Мк, млекце, шише, се што треба и правиш млеко и со го хранеш бебето и без тоа е нон стоп со мајката откако се роди, само за бањање сабајле ги земаат и ги враќаат. Глупости невидени е тоа таму кај вас значи, да оставаш бебе да зајдува од плачење Битно поминало и сега сте си домче. Патем, честитки, живо и здраво да биде, Господ да го чува само и да ги радува мама и тато
И направив еднаш само и тоа 30 мл, и од страв и го давав под ќебе, ми беше страв да не ме фанат, па ќе ми правеа проблеми после, се осетив како во војна, да те треба скришно детето да си го наранам, и после се се погодуваше гужва, а и оваа беше на смена шо и го даде млекото, таа беше фина душа, а види дека плаче повеќе од 5 мин иде те проверува, зошто плаче, само таа беше таква, другите бездушни, па и те прават будала, како може воа ти е второ ти вика, не знаеш ли ? Леле луѓе ќутам траам, оти знам ако зуцнам, ќе си поминам лошо, ќе почнат да се понашаат, ај спрема мене не ми е гајле, ќе издржам да бидам долна магарица , ама може спрема бебето, не знам како можат така, дали болницата нема доволно пари за млеко да им даде ,ама ако нема нека каже ние ќе даваме. Стварно чудна работа и страшна, шо педијатри ќе беа во Велес толку многу по паметни од Скопје. Многу ми беше жал, сите бебиња плачеа, мозокот само тоа ми пее сеа, бебешки плачови...му реков на мажот ми, да не ми се лути дека ќе ми треба време да се соземам. И болницата има правило некое ново 48 саати од коа ќе се породиш треба да си таму, ја дека навечер се породив, мораше да останам уште една вечер плус, 2 вечери требаше да бидам само. Ајде тоа е..помина. Фала ти душо, и вие да сте здрави и живи, и од бога благословени. Па да си имаш брз и лесен пораѓај @Kallias2
Оф душа мила си се изнамачила , но за жал тоа е нашата чудесна Македонија , жалосно мн , за што плаќаме здравствено за да се изживуваат со нас и нашите најмили? , но се се заборава кога ке го земеш сонцето, ке го гушнеш и тоа е тоа , не мисли повеке на тоа , само биди смирена сега си домаааа и доаѓа најубавиот период во животот ***
@Dikinzi ауу душо што раскажуваш, ццц хорор, битно сега дома да се соземаш, па дома имаш и друго дете и на него треба внимание да обрнеш, на бебето, ај тресни домакинство треба и за тебе одмор и ти да се средиш. Не знам шо да кажам, фала богу што сте дома сега ќе се прилагодите треба малце време. И @Kallias2 кога кажуваше за ад млеко дека носите у болница ми беше чудно као у болница имат се, мора млеко да има за бебињата ама згрешив шо сум мислела така ццц. Тоа е. инаку јас се нервирам веќе бебе нејќе да излегува, у петок сум пак на контрола кај гинеколог и му велам шо ако не се породам до тогаш, вика пак ќе дојдеш у понеделник, велам ќе бидам тогаш 41+3 како така, епа може ќе те пратиме у болница тогаш со упат за викендот. Мајкоо ќе пукнам. На сите страни зуи од мене нервоза, едвај се воздржувам да не му се истурам на мм. И првото ми е преносено 9 дена.