Мешиња скринингот помина супер. Бебко солидно напредува до пред еден месец беше помало доцнеше 1недела,денес Др рече дека сега одговара според неделите и е 409гр а го дознавме и полот Носам девојче Само едно ме загрижува,поради што пред некој ден ми се качи притисокот (сега со Метилдопа го контролирам од 120-135 со 80-90 не ми се качил повеќе)ми кажа преглед на нефрологија или кардиологија за некое апаратче 24часа да сум носела да виделе како ми е притисокот и точна терапија да ми се одреди.Исто ми напомена дека е можно неколку денови пред порагај да сум и на патолошка и кажа да гледам да истуркам бар до 34 недела..
Ќе излезиш на крај, ќе помине периодот. Вистина ти е набиен со разни обврски, кога ќе помине, ќе речеш шуќур, успеав. Внимавај на бебето најпрво, за другово се` со договор ќе се реши. Испитите полека ќе ги кашираш, сконцентрирано, сталожено. Секој кој те нервира, избегнувај. Верувај не се важни другите. Еве со пример мој да ти кажам. Сите шо ми одеа на живци, ги ставив на стендбај. Ухааа ич не ми е гајле, мене да ми е фино на душава, па за нив после. Не сум излезена со луѓе, не знам од кога, ко во домашен притвор сум, ама така ми е убаво. Бурми ќе купите, две три продавнички трк и ќе најдете. Поделете ги задачите околу свадбата, бидејќи ти секако не можеш се да завршиш сама или да мислиш. Затоа се другите тука. @Dikinzi , најтопли гушки за тебе и малото. Сте се отарасиле, конечно!
@Mitrovska95 не се секирај, 36-та недела е веќе 9-ти месец. Си примила тоа што треба, затоа биди мирна, покриена си со се’. И да е помала бебка, сепак е во безбеден период за пораѓај, иако технички се смета за малку предвреме. Бебиња се раѓаат и многу порано, па преживуваат Се’ ќе биде добро
Оваа е најточната.. и е иста како мене матичниот што ми кажа да сметам.. 1 месец има 4 недели.. значи ако си 20 недели тоа значи дека си 5 месец.. (20 ÷4=5 ) 20 недели делено на 4 недели еднакво на 5 месеци ... јас така си сметав и точно беше.. сега кој како си сака така си смета... еднаш на некоја членка од тука и посочив ако јас се водев по нејзиното сметање (апликација) јас значи сум се породила во 43/44 недела или сум го носела бебето 10 месеци .. а јас се породив во 40 недела и 3 ден Па убаво ти кажал/а .. кога ќе наполниш 16 недели тогаш си во 4 месец... нема забуна тука никаква Па не се замарај со никого.. стави се на ИГНОР... никој друг не е битен .. освен ти и тоа што го носиш.. нетрпелливост пука на сите страни но тоа е, нема кога ние сакаме туку кога тие сакаат да искочат ќе искочат.. тие се главни ...што повеќе се задржат во стомак толку подобро е и поспремни се за надворешниот свет... Од 20 до 24 е 5 месец.. од 16 до 20 е 4 месец.. од 28 до 32 е 7 месец.. од 32 до 36 е 8 месец.. од 36 до 40 е 9 месец
@Mitrovska95 не се сеќирај, веќе си во 9ти, и инекции за зреење си примила, и ве пратат таму со бебка ќе биде се во ред. Среќно
Е па тебе поразлично ти кажале, мене како што пишав. Секој нека си се води според тоа што му одговара, важно да стасаме сите до крај.
@Dance27 девојченце, што убавкочувајте се. Тоа што ти кажале за 24 часа да носиш, се вика холтер за крвен притисок. 24 часа го носиш и си функционираш најнормално, не е страшно. Потоа вадат просек за тие 24ч како ти бил притисокот и врз основа на тоа ти ја дозираат метилдопата. Избегнувај солено и газирано, и само позитивно
Само смирено , во безбедна зона си веке , и да биде помало ке си порасне , само убави мисли и ке биде се ок , мене на последен преглед др ми рече до 34 дотуркај после е мн полесно , веке си покриена со се така да смирено , паниката не ти е добар пријател во моментов , гушкиии.
Па и тоа е најбитно.. тоа е и најглавната цел.. да се стигне до крај без никакво потешкотии.. да мине се без проблем.. со лесно до крај на сите.. не се замарајте со пресметки.. ова она.. ти кажав ми кажа... бебушките нека напредуваат и нека седат во мешињата до крај.. па и нека надминат термин не е страшно...
Така и правам веќе. Денес пак не издржав пуштив некоја солзичка. Бевме да гледаме мебел и да се договараме како да изгледаат собите. Малку вереникот беше погруб и нервозен и тоа некако тешко ми падна, ама веќе ми помина. Ќе излезам на крај некако. Искрено не ми е до ништо. Утре имам испит, немам учено ништо до денес, вечерва ќе прочитам, ќе се потсетам бидејќи некои работи ми се познати од материјалот. Ќе гледам да не се оптеретувам толку. Ми олесна кога си ги видов резултатите од брисевите, според моето скромно знаење чисти ми се чинат.
Чиста ми ти е другарката . Ајде читни, па уште едно мозоче имаш, ќе запамтиш брзо, ќе положиш. Ајде, кажи таму, трудна сум, имајте осет хеххехе
Јас знам дека и холтер апарат има за мерење, т.е откуцаите на срцето. Да се види дали има аритмија или тахикардија. Јас сум носела исто неколку пати 24 часа. @Fallen.Angel среќно на испитот утре