Навечер многу тешко дишам, како да се гушам. Така ми е веќе 3та вечер. Има ли место за паника? Следната недела во петок имам термин, ќе разговарам со докторката но до тогаш некои ваши мислења? 29+4
Исто и кај мене се случуваше во 29/30 недела, дури и сега ама поретко Имав и тука пишано. Дури и од спиење се будев и морав да станам да излезам на воздух, потоа да седнам малку дури се стабилизирам. Мислам дека јадев тешка храна пред да легнам, а и бебе многу притискаше во горниот дел. Пробај со главата да спиеш на подигната перница.
И јас го имам истото чуство, а сме 12 недела.. На вечер станувам гасам парно, излегувам на тераса по ноќи.. Мислам се гушам, лошо спијам, да не речам воопшто не спијам, а и немам желба за сон
Здраво девојки Кој витамин Д го пиете во бременост? Јас пред ин витро пиев ампули и вредноста на вит Д, ми беше околу горна граница. Вчера кога бев на преглед, ја прашав докторката, ми рече прво да проверам па ако е ниско да пијам. Проверив во Авицена и ги добив овие резултати : Некако не ми се јасни овие резултати, постојано на клиничка биохемија испитував, таму само вредност на Д3 мислам дека ја имаше. Но секако ми е ниско, не ми се верува за два ипол месеца колку ми паднал. Не знам дали да верувам на ова или да проверам во друга лабараторија. Ве молам пишувајте ваши искуства и што пиете .
И јас исто така правам, ставам обичен прашок и обичен омекнувач, околу тоа никогаш не сум запазувала, како ќе го научиш така, освен што за нив помалце ставам. Да, и да носиш како мене како би го извела сето тоа ? Цело време некој се врвчи, лево десно сал туку некој мине, влегува во соба, ти викам ми беше страв да не ми прават проблеми. И криво ми е , шо не фанав врски, ем Велес ем толку многу луѓе кој можеа да зборнат, ама ја..ај не со врски. Од секогаш сум била така..се шо е од мене да си биде, да не се влечам со други, ама сега кога ќе си ја чукнам главата..уште еднаш така не ! Фани си врска господ златен да го видиш, раат да си..ако можат другите можам и ја Мене со првото на бокс ми пукна сам,не сетив ништо посебно, овој пат исто на бокс ми го пукнаа..истече бааѓи и сетив топличко И ја ако не отидев со провокација мислам ќе ја носев уште, само шо ќе ја родев 4 кг сигурно Нема потреба од паника, 36 недела е веќе време за психичко опуштање и нема потреба од паника, а ако си сака да си поседи уште во меше на мама, тогаш уште по убаво. А колку време ќе лежиш на клиника ? Прво ти е ? Со лесно до крај и добра мисла Фала ти мила, испраќам гушки и бацки назад Па така треба бе Ајде со лесно на испит Мене така ми се дешаваше, се почесто последните 2 недели, испадна дека е од забрзан пулс, мери си го пулсот, ако е многу над 100 за 1 минута време, напиј се Б6, или пред спиење обавезно Б6 да те смири, ќе ти биде полесно.
@Dikinzi pa zatoa taka pominav prviot pat oti kutev, imav vrski...ama pedijatrite ne davaa duri doktorkata mi rece sebicna ne sakas da dois... a sega koj gi sisa...ako nemam mleko ke davam so spric i mi e gajle.
Дечки ај пак да прашам-дали пиете некои витамини или нешто за забите?Засега немам мака, знам трудници што земаа бидејќи им се расипуваа. Досега не сум пиеал ништо таква работа (сега сум 27+4). На преглед сум за во 32 недела, ќе ја прашам др секако, само сакав и вас да ве прашам од искуство. Позз
Млекото сакала нејќела не стасува за брзо, се надевам по убаво ќе си поминеш ти, и нема да ве мачат како у холокауст ! И тоа не е себичност, само што си родила, за тоа е болницата таму 2 -3 дена, за да сд опоравиш, жена само што родила, нема сила, и ќе нема уште некој ден, ти носат дете гладно, тоа мава на психа, а на секоја родилка психата и е многу битна работа. Затоа се вика пост породилен период, кој е многу битен..си раѓал, било природно, било царски, душата ти испаднала..и да треба да го слушаш малото како се мачи..не фала
имам пишувано ама пак ќе кажам 3 месец 6 месец 8 и 9 месец траат по 5 недели,затоа се буниме сите...мислиме сите по 4 си траат ама не,вака е најправилно и во систина и гинеколгот ми го објаснија вака календарот
И мене тоа ме буни. На едно место пишува дека 6ти месец се влегува од 22 недела,а на друго место гледам дека од 23 недела
Женски понекогаш навечер чувствувам болка кај срцево. Ни на лево ни на десно можам да спијам и често навечер,а и во текот на денот чувствувам како да ми прескокнува срцево. Има некаква врска со бременоста ова? Или да се плашам треба?
Да не се плашиш Како расте бебето, добива на тежина, и телото се адаптира на новонастанатата ситуација Нормално, се’ додека е тоа од време на време и така по малку. Ако приметиш дека е пречесто и скроз губиш здив, обавезно консултација со лекар. Лежи и одмарај, само смирено
Од мое скромно познавање, витамин Д има повеќе компоненти. Д3 е сончев витамин и е многу значаен, Д2 се добива од храна ( риба, жолчка, маргарин или путер можеби, млеко) и 25, OH е активната супстанца на витаминот во серумот кој се испитува. Реално, од храна колку можеме да добиеме? Од риба, само ослич и лосос, другите помрсни и поголеми содржат жива - не ги јадам. Јас испитував на почеток на седми месец, низок ми беше. Ми испитуваа само Д3, а сакав да го знам во активна форма колку е. Ама и тоа ми беше доволна за да имам претстава. Зедов додаток само Д3 по препорака на д-рот ова: ТРИМЕКС е производителот А од другите витамини кои ги земаме редовно во бременост, пијам Pregnacare plus Omega 3, во нив има вит.Д како Д3 10 микрограми. Можеби се` оди во плодот, ако нека си зема, па затоа кај мене покажа намалено количество. Ти кој месец си и кои ампули ги земаше може да знам? Можеш да провериш и на друго место, ама Авицена се добри, веројатно таа ти е вредноста. А инаку од храна колку земаш? Риба јадеш? Џабе е мислам, зашто треба мноогу да јадеме, а од сонце најмногу се добива. Сега зимски месеци се, почни повторно со додаток.
Јас мила само што ја почнав 13 недела. Пред ин витрото вредноста на вит Д ми беше некаде на кај горна граница, па затоа докторката ми рече прво да проверам па потоа да видиме дали ке има потреба да се пие. Овие ампули ги примав, но не се препорачливи во бременост: Но ете после два ипол месеци ептен ми паднал. Со докторката ке се чујам во понеделник, треба за брисевите да и се јавам, па ке советувам и за ова. И јас се мислев 1000 iu, да земам за почеток, па потоа ке видиме што ке каже докторката. Инаку риба јадам два пати неделно обавезно, сега сме повеке на овие слатководните крап, пастрмка, зошто ми се послатки. Лосос јадев еднаш неделно до после трансферот, потоа ми се згади од него, но ако има во него доволно вит.Д, ке мора на сила да го јадам. Јас фемибион пијам, во него нема вит.Д, но pregnacare plus не смеам заради тоа што содржат вит.К, а тој не требало да се зема кога се прима клексан. Ти благодарам на советите
Дали се спремате со техники на дишење за породувањето? Има улога, колку помага дишењето или во моментот се заборава на техниките? Ако имате некои техники, видеа, споделете тука
Јас во таа паника барав на гугл што треба да правам при породување Не најдов ништо,само ли текна длабоко диши издиши да правам. Кога ќе ми дојдеше контракција станував се потпирав со лакти за кревет и лево десно со колкови мрдав,со раширени нозе. Полесно ми беше така отколку да лежам. И се движев,ме боли ама шетав. Е кога ќе дојде време за раѓање земаш воздух,задржуваш и туркаш бебе.
Zencinja dali rezultatiot za skrien seker go baraat kako dokument nesi za poragaj ili pred ili ne ?maticnata mi rece da zemam upat xa skrien ama gledam nekoj praat nekoj ne i soprugot vika so ke ti e ne praj ama pak u misla mi ostana se mislam..pa spodelete mislenje