Како што кажуваат членките некаде после 20 недела. Мене немат ми кажано се уште. Мојот доктор вели дека ако примети на ехо нешто ќе ме прати. Пример знам на жена на која плодот и беше многу поголем за неделата во која беше ја прати. Знам таа била негде 27 недела, а бебето по мерки било за 30-31 недела. Ептен голема отстапка. Моето е само една недела понапред и нема ми кажано докторот за скриен шеќер.
@Dana31 , @Fallen.Angel Кај мене не беа понапред со неделите па испадна да имам скриен шекер. Не чекајте симптоми за да испитате тоа е рутинска проверка во бременост во 26та недела и секоја трудница треба да го прави.
Јас не сум од Скопје, тука немаме такви лаборатории со толку услови. Скриен шеќер, д димери и сето тоа го плаќаме на приватно или одиме до Скопје да испитуваме. Толку никакви услови што во лабораториите нема точни резултати за обични крвни анализи и брисеви.. Докторот кај кој сум е во друга општина и е многу спремен и стручен. Се надевам дека е се добро.
Даа, на 31.01 , фала мила да сте живи и здрави Самоконтрола ? Колку треба ? Многу ! Ептен многу ! Мораш да бидеш психички спремна дека боли и дека треба да издржиш, јас како што пишав во породилни приказни болките ги издржав како професионалец Кога имаш болки, ќе шеташ нема да стоиш, ќе дишиш длабоко вдиши-издиши, и ќе си ја масираш половината силно со двете раце. Нема да заседнуваш, нема да легнуваш..и нема да мислиш на тоа колку боли. Е сега..коа ќе дојдат напоните од друга страна..тоа е сосема друга болка, тие болки што си ги имала до тогаш ќе ги нема..ќе почнат само напони, исти како за какање, и не треба да се заборави дека треба да буткаш со газот, а не со вагината оти ќе се распукаш до немај каде. Верувај..на секој може да му се деси да се изгуби тој момент..мене тоа ми се деси, на цимерката неќна истото..скоро сите може да се изгубат на момент, и најмногу од се..да се слуша бабицата што кажува и докторот, ако ти рече земи воздух и задржи и буткај..тоа и ќе го направиш, знам дека се нема сила..ама ќе треба да се смогне од петни жили..тоа е тоа..и само со лесно
И мене денес матичната ми кажа да испитам. Мислев дека нема да правам пак, во 8ма недела правев се беше океј. Сеа кој ќе пие од тоа грдото бљак бљак.... Плус за д димери ми даде упат.
@Dikinzi , само ова со туркањето со газот, место со вагина, како то? Тука не разбирам. Другово многу убо ми го долови
И јас кога прочитав се зачудив, викам ај не се брукам не прашувам, ама ме интересира.. Ми олесни кога видов дека и ти прашуваш
@Fallen.Angel , каков срам, ич! Појма неам од ништо, се осеќам ко пред животен испит. Нема шо не ме интересира сеа, прибирам информации, впивам сее.
Иста сум. Баш сакам да си најдам другарка трудница и да си правам асален муабет, да си споделуваме искуства. Не прашувам многу жени кои веќе родиле бидејќи преувеличуваат и ме плашат. Овде на форумов си читам бидејќи има многу жени-лавици. Сакам да се едуцирам околу се. Јас врска немам што ќе правам со бебето после породување, моето опоравување како ќе биде,процесот на доење, на што да внимавам кај бебето. Има многу работи, не е ништо едноставно, сакам поспремна да бидам. Гледам и за породување многу жени се спремаат, учат како да дишат правилно, како да напнуваат.. Сегде има финти..
Да не прочитам уште еднаш вакво нешто да си напишала окк??!!! самиот мајчински инстинкт ќе ти каже шо да правиш со бебето. Ние шо веќе имаме родено по едно а некои по две со нови бебиња минеме низ исти почетоци како со првото. Се е одново. Бебе плаче шо му е, шо не му е, ќе му се чудиш и ти ќе плачеш со него. Шо сака едно бебе освен цицка, повивање многу гушкање и љубов. Шо сака една нова мајка?? Одмор и поддршка. Само тоа. Ќе си влезеш у ритам. да не ти речам дека ако ти немаш врска шо ќе правиш со бебето, бабите околу тебе ќе знаат Затоа ќе си се собереш и без паники. Форумот е тука ќе си прашаш шо ти треба и ќе се снајдеш. Првите денови се тешки дур научите доење и си влезете у ритам. Послеќе биде полесно. Грчеви ќе има ќе плаче има и за тоа лек. Се е период, така да уживај и не се замарај за нешто што самиот инстинкт ќе те води
Јас пијам 2000 ие. Не испитав. Митко кажа пиј и јас терам Ја фрлив опаковката, ќе видам после каков сум зела од аптеката во систина.
И јас пијам од 2000 IU од Синерџи. На почеток пиев од 1000, па ендокринологот ми испита, на долна граница ми беше и рече од 2000 да земам.
Диши - издиши што подлабоко и побрзо. Ќе ти покаже и сестрата што ќе биде во сала сигурно. Иста болка имав. Се управив дури 5-6 недели после породувањето. Не помага магнезиум. За по породување носи си Бетадин со тебе и на секое менување влошка ставај на неа. И јас мислев царски е полесно ама сега викам не дај боже царски да треба. Операција е тоа женски само ставањето од кревет е хорор ами болката можам да замислам каква е. Ги изжалав цимерките што беа со царски. Ако немате сериозни индикации ич не си ставајте трн во здрава нога.
Не беше толку страшно царскиот Не дека не боли, ама боли само првото станување. После е се полесно и полесно.
Девојки, а вие што се имате породено природно, дали и епидурална ви ставија? Некои искуства да пренесите за тоа?