Сабајлето се разбудив со болки ниско долу на стомак, дојдов на работа но кога се исправува да одам ме боли 22+5 сум. Дали е до ширење на матката или да одам на доктор?
Јас бев во иста состојба, немав ембрион до 7 недела, па после слушнавме и . Се ќе биде во ред, само мисли позитивно
Цела бреѓеност сум свиена од чистење, не е ништо страшно, ама неудобно и нелагодно е. А за болките нормални се при лежење и про седење па и при движење
Полека со чистењето јас последно кога го чистев вецето имав страшни болки во половината потоа само лежев, наместо со средства го чистем со сјај за да не вдишувам отрови
Зависно која недела си. На пример клекната положба одбегнувај, да не вршиш притисок. А положба на четири (на дланки и на колена) читав на англиски дека се препорачува дури, од помош е за бебето да се заврти надолу. Јас не знаев за ова и околу 6ти па и пред тоа знаев да бришам по дома подовите во таква положба, и од 27ма недела бебево завртено е надолу. И сега во 8ми така си застанувам, крпата во рака, се раширувам, а и како убаво ми е на стомакот, не осеќам затегнатост, така и во текстот пишуваше, бебето има повеќе простор отколку да си навалена наназад, испружена ко за филм гледање. Можда има некоја врска. За грбот од спиењето ти е. Што со истегнување поминува, не е страшно. Магнезиум јас земам, мене ме подболува кога како.
Мислам дека не треба да е проблем.23+5 сум, цела бременост јас чистам, дури и со абразивни и секакви средства, само отворени сите прозори за да не вдишувам многу и со паузи да се проветрува. Имав земено од ДМ средства кои се на природна база за ВЦ ама и тие тешко мирисаат. Практикувам почесто да користам паста за домаќинство од Green ми е порачана, не е штетна за вдишување. Инаку сега се вратив од испит, деветче ми ставија. Чекам сега кај матичната и после трк на другиот испит од 12 часот.
И јас си го поставувам прашањето дали му штети на бебето додека чистам!? Одговорот не го знам. Ми имаат кажано остави се, ќе имаш време за чистење. Но, неможам да оставам до толку, се да се запусти додека се породам. Само од мм имам помош! Никој друг не ми помага! И мене ме болат од време на време двата колка и грбот. Се тешам ќе помине и ќе издржам уште малку до јуни.
Фала ви на сите на одговорите @elenaklasik имаш право имам читано дека положбата на сите четири е супер, и јас така бришам. Помага и против болки во грб и половина, така на сите четири и полека, нежно правење мачка-крава вежби (смешно е имево ептен ама се надевам ме разбирате што мислам, како при вежбање или јога кога се истегнуваме) @Martka верувај дека најмалку што би сакала е сега да чистам и да се мачам, ама ете мора, освен од сопругот од друг помош немам. Не се оптеретувам многу, планирам пред да дојде бебче здравје една генералка, а сега она основно одржување хигиена што е неизбежно.
И јас исто немам баш помош, а искрено не ни сакам дека не сум баш физички активна, па ова ми е вежбање Си пуштам музиче и лагано цел ден си потфаќам по нешто. Само вц не чистам од сам старт, тоа вереникот си завршува кога е дома. Имав читано некаде дека не е добро да се вдишуваат средствата за чистење на вц. А и не се замарам баш ако се запусти дома некогаш. Секако само блиски ми доаѓаат на гости, па ако ептен загусти ќе помогнат. Имам и јас денови кога само сакам да лежам
Па со провокација се породив. Не не, првиот у Скопје, вој тука во Велес. Не е штетно, до последната ден рибав како коњ. Со одмарање повремено, ако сетиш тежина,, легни одмори.
@Dikinzi ама ти беше отворена веќе два прсти и знам пишеше имаше лажни контракции, како дојде до индукција? И јас денес пак на контрола бев кај матичен, аман не можам веќе да ги гледам тие таму помошничките шо му се толку глупи, некултурни непрофесионални катастрофа. Утре пак сум на клиника.
Девојки, овде пишувам бидејќи темава е поактивна а и си ја обожавам Денес испитав скриен шеќер, со два пати боцкање, по 2 часа. Пред глулозата резултатот ми е 3.88 (реф.3,3-6,1). По два часа 2.8 (реф. <8.6). Гледам дека е нормално, само како може да падне после тоа? Читав низ темиве за ваков случај, во лабараторија ми рекоја супер е рез. Ама би сакала некое ваше мислење од искуство....А и да напоменам, деновиве се' нормално си јадев, сношти ме фати вечерата во 9 додуша (макарони+сирење+ павлака ама малку изедов бидејќи навечер не можам мн да јадсм). Лабараторијата ми е на 5 мин, па си дојдов дома после пиењето на растворот , си лежев, па пак појдов-си велам не поминав толку мн пат оти нели некаде и таму се седи 2 та саати....Па сега нез, само ме чуди дека понизок е рез. На второто боцкање....
Дали некоја правела нокти за време на бременост? Засега не планирам, ама штом влезам во второ тромесечие би сакала, нормално, ако не е опасно
Отидов на преглед, рече сакаш ли провокација, реков ајде..секако ќе треба да испаѓа коа тогаш..и се согласив Аман бе, таму ако се некултурни тука какви се?
Си правам нокти цел живот, и во бременоста не престанав. Пред пораѓај само ќе мора да ги скратам и гелот да го отстранам. Викаат не е убаво и да се фарбаме, ама еве ме моментално од фризерскиот стол ви пишувам, со бланш ме мачкаат. Гинекологот кажа нема страшно.
Ќути, катастрофа се, секаде има таквви. Почна главата мн да ме боли се осеќам мн омалаксана преги ми мереа притисок беше 120/80, сега си го измерив ми се качи на 135 со 80 и пулс 81. Ако ми е висок не го поднесувам. Ме фајќа малку страв тоа одолговлечување оти толку мн трае. Па плус и глава ме фати сега не знам дали да пијам парацетамол сега баш при крај