А во болница не објаснуваат и помагаат за доење? И мене баш не ми е јасно,ама во клиниката каде ке раѓам има посебно сестри едуцирани за доење и помош дур не се воспостави процесот.Ваљда ке ми се најдат. Имам читано ваши искуства каде утредента заклучуваат дека “немате млеко”,а на една родилка толку и’ треба.Многу сурово и без совест,се чудам како во таа бранша може да работи некој/а со нула емпатија. Баби нема што да гледаат или да ми висат над цицка,така автоматски ке ми секне.Решете ги пред време,нека се поштедат од “стручни” совети.
Мене за првото ме извреѓаа, јас имам рамни брадавици...никој не ми кажа и ме направи партал, полакома беше...без брадавици си отидов дома и ми рекоа себична си, не сакаш да доиш. А јас психички колабирав, тоа е. И плус млеко ми надојде дури по 1недела и сама се
ЦЦЦ, која скапајнца од земја е оваа. Покрај толку кампањи и обуки за доење, во самата болница кадешто се раѓаат бебињата, на родилките не им се помага во почетокот на доењето. Оние кои треба да те поучат, тие ќе те срозат. А доењето е првична и основна храна што му е потребна на бебето. Па како да зборуваме за здрави деца, здрава нација, од сам старт, ако во толку суштинска основна потреба сме срозени. Не е жално?
Не мора да тече кај сите во бременост И кај мене немаше додека бев бремена,само некои суви лушпи и ме болеа брадавките. Се породив природно,на 3 ден утрото ми надојде млеко. Се породив на гак @dunika никој ништо ниту ти кажува ниту покажува. Ми го донесоа детето,ме стисна за града ,немаш млеко. Викам и сега што да правам за да ми дојде? Па ништо ќе му дадеме адаптирано и си излезе. Јас останав цела во прашалници,зошто немам млеко,дали ќе имам,што да правам за да ми надојде,не знаев ни да се стиснам да проверам дали има, ја стискав брадавката Имав и пумпа купено,мм ми ја донесе па дури непријатно ми беше да ме видат дека ставам на гради После една рече па ставај го детето на града да влече,најдобра позиција ти е лежечка (а ко божем можеш да седнеш на креветот висок 2 метра ) и тоа беше се од совети. Мој совет,барајте ги одма патронажните да ви дојдат,мене таа сестра многу ми помогна, буквално се што не знаев ми кажа и покажа. Доаѓаше 5-6 пати, ја викнаваме преку луѓе првиот пат, 3 ден откако бевме дома.
За доењето во болница изгледа како се расположени сестрите.. ако се ќе покажат ако не кој те врти.. јас пред скоро 3 год се породив во чаир и имаше нешто со бебето па тек ми ја донесоа третиот ден да цица.. првично ќе дојдеше сестра и ми викаше измолзувај се ти па ќе му дадеме на бебето јас ни м од млеко ни да ми покаже како ни што.. и така си се намачив.. после тоа ми надојде млеко само ми течеше од гради а бебе уште не можеше да биде со мене... и третиот ден сестрата ми го носи бебето и ми покажа убаво и како да го наместам и се убаво ми објасни И да се сложувам со @Sofi.ja дека патронажната што побрзо да дојде они се убаво објаснуваат и покажуваат
Исто и мене не ми помогнаа. Една ми рече немаш млеко, друга немаш брадавици и така во круг. Во болница не ни пробував ништо со доење, среќа за 1 ден ме шутнаа дома. Патронажна дојде откако се побунив кај педијатарот, после 17 дена. Само ми рече фрли силиконските, имаш брадавици. Ко да не знаев. Имав од почеток, ама толку можев сама да направам.
Леле,и мене исто завчера ми излезе. Ми рече интернист дека крема ацикловир може, сигурно и апчиња, ама ако е еден плик тогаш не треба. A пробав нешто ново за мене - лепенки на херпес, по 12 саати стојат залепени и не се шират бактерии од местото. Compeed е марката
Еве едно многу убаво видео за доење после породувањето, некоја членка тука го имаше споделено пред некое време, жал ми е што не се сеќавам која за да ја тагнам Одлично е
Нормално, не мора да ти тече додека си бремена. Секоја жена е различно. Не ,не е кај сите болно. Ако правилно фане да цица нема да биде, чим боли значи бебето не фанало убаво да цица. Совет ..за доењето Ни ја сама не знам некогаш што да правам ем второ па си висиме на цице ем да стимулира млекце повеќе, ем да ме исцицува, иначе цело време следам гради, дали има грутки, ги масирам нежно, под туш обавезно со потопла вода (не жешка) , ја ставам да цица од таа града шо е полна, додека не исцица не ја тргам, некогаш знае да заспие ама ја чувам уште на истата, па ако и текне повлекува пак, ако почне да плаче после цицање ја нудам да цица, ако потегне неколку пати и почнува да плука не и се цица, најадена е, или има грчеви од што и дошло одма млекото, или сака да спие кај мене. Ако се грчеви ка ставам на нозите, и ја држам главата да ме гледа, така под агол да е, и ако почне да се грчи ја навалувам глава до глава со мене, и така правам вежби за мешето, па се олеснува, ако почне да дреме едноставно ме барала мене, и ја враќам назад во креветче. Ако едната града ми е многу болна, а она нема абер да се разбуди, се одмолзувам колку да пушти притисокот и да ми олесни, па после пак цица од истата.Еднаш дневно ви препорачувам топол туш, или топла тетра на града, да се отнат каналите сите. Ако ве печат брадавките, уште одма во болница ставајте Ланолин.
И без паника дека немате млеко ,кај некого иде втор ден, кај некој 3-4 ден, секоја жена е различна ,додека не дојде убаво млекото, а тоа се сеќава по голтање на бебето, постапката иде цицање колку може повеќе на града, а после дохрана со адаптирано. На пример ако јаде на 3 саати, го ставаш прво на гради, на една па на друга, по пола саат би било супер, и после дохрана, освен ако не сакате да давате АД, ама да го издржите периодот од плачење на бебето наредните 2- 3 дена, односно психички да сс спремите дека ќе висите на цице по 24 саати, се додека не надојде. А во болница не сакаат да кажуваат, ги мрзи, ама затоа вие ќе досаѓате и прашувате цело време.
Не знам дали сте слушнале за случкава и дали воопшто е вистина ама јас останав позината. Си се враќам денес од аптека, онака лабаво роботски се движам, туку ме застанува еден непознат дечко и ми вика: Девојче, те гледам дека си бремена и имам еден совет за тебе да не се породуваш во државна. Јас му викам зошто, ми одговара дека крадат бебиња и дека минатата недела на неговиот брат и снаа, детето родено здраво им кажале дека е мртво и сега овие ќе го тужеле. Јас стојам вака на улица и не знам како да реагирам. Само му реков благодарам на информацијата и си заминав. Останав зачудена, не ми беше сеедно.
Авикловир, лепенки zovirah, сега една којнска маст си ставам. Со билки со што ли не, разни масти разни чуда што ли не, ама уште кака си немам ставено на херпесот да ми простите.
те прочитав од вчера што си пишала за контракциите,мене вака ми се случуваше 2 дена пред да се породам,без гајле дека си над термин кај и да е ќе биде..Моја другарка тераше 14 дена точно над термин и се беше во ред..не се секирај се ќе биде во ок само позитивно гледај и не се нервирај опушти се,мораш да бидеш полабава за да имаш сила за се натака мене вака исто ме болеше помалку и кога отидов на последен закажан преглед рече отворена си прстипол два,значи почнал процесот со лесно и позитивно само !
Фала ти на објаснувањево вака ни сестра ми нема кажано А сеа да те допотпрашам. 1) Грутките од задржано млеко се осеќаат на допир, болат? И како правиш масажи, кружни движења, стискање на градите или поинаку? 2) Кога е полна градата се осеќа? И откако ќе исцица од полната, следното доење даваш од другата или пак некако по стежнатост, по полност осеќаш па ја користиш пополната града? 3) Вежбите за грчеви глава со глава разбрав, мислам дека разбрав, како стомачни да му правиш така? Ја влечиш за рачиња кон тебе? 4) Дали уште во 9ти се почнува со Ланолин, само заради превенција? Значи доењето е како рутина, навика да стекнеш потоа е полесно.