За тахикардија. Уште пред бременост имав тахикардија и пиев по 1 на ден. После во 8ми појака тахикардија имав и ми препишаа 2х1. Ама сето тоа од кардиолог
@Dikinzi и едно гратис од мене: Дали се внимава многу на исхраната во пракса заради грчевите,зошто вака како да исчитав многу работи што треба да се избегаваат.. Или зависи тоа кај секој различно?
Женички искуство со пецкање при мокрење ама не постојано ,веќе 2-3 дена вака,имам закажано на гин во понеделник ,фала виии
Да се потрудам и на двете да ви одговорам, барем тоа што јас го знам и го практикував и го практивувам сега моментално Прво да си знаете дека секое бебе е различно, има бебиња цицаат по 10 мин и им е доста, се најадуваат заспиваат и раат има бебиња што се доста мрзеливи и може да ви висат на цице по 1 саат и пак да бидат гладни. А има бебиња, цицаат најадени се, ама уште висат на цице убаво им е Друга работа, доењето без труд е доста комплицирано, ама воедно најубавата работа на светот Со труд може да стане лесно, како за бебето така и за мајката, посебно за неа..она треба да биде смирена, опуштена, да прима доста течности, и да го следи бебето..т.е. неговите потреби. Ќе гледате во него додека доите и ќе го учите, за почеток јас се водам според саат, од кога ќе дојде убаво млекото, и коа ќе почне во млазови да иде, бебето ќе почне забрзано да цица, и може да се закашла, и како да се дави..веднаш ќе го кренете да се искашла, и потоа пак ќе го ставите назад да цица. Ао тек на време ќе научи како да се справува со млазот. Имајте на ум, некои бебиња сакаат побрзо да тече млеко, некои не..тие што сакаат побрзо може ќе се бунат, па за да не го слушате како плаче го ставате на друга града..грешка ! Ќе се научи дека може одма од друга, а во другата града ќе се стимулира помалце млекце. Затоа ќе ги мачите малце уште на почетокот, за да може повеќе млеко да се ствара. Да ви кажам на прашањата Грутки се ствараат кога се преполнува града, болни се, ама не дека се и не издржливи. Правам нежни кружни движења околу нив, а со цицање се пуштаат одма, доколку и после цицање има грутки можно е да има запушено каналче, и добро е да се става топла крпа на града, или одма под туш. Градата коа е полна е тврда на допир, и тежи..ама буквално тежи. Од кога ќе ја исцица полната, нареден подој ја нудам од наредната. Ако случајно се разбуди за пола саат, саат.. ја нудам од истата која што цицала, да видам дали сака да цица, или само да спие..ако сака да спие цицнува еднаш..и го плука млекцето, ако се буни, влече влече па пушта..па пак фаќа и пак пушта, знак е дека треба да ја ставам на другата, ама како што кажав не ја ставам одма,, него почекувам малце да си поцица од таа. За вежбите не за рачињата,моите раце и се на нејзиното главче, имаме контакт со очи, и така ја поткревам, а за ланолин можеш ако сакаш да почнеш и во 9 ти, ама од кога ќе се породиш обавезно, јас користам Ланолин од ДМ. Кога ќе се навикнете и двајцата на доењето, ќе биде многу полесно. Само треба труд, многу труд, и да не се откажувате лесно. Бенефитот е голем и за двете. Во врска со храната, внимавам на грав, зелка, патлиџан, газирани сокови, алкохол.Викаат до 3 месеца барем..мада искрено да ти кажам имав колешка, што јадеше се, и викаше бебето секако има грчеви. Гледам исхраната да нема леб, ама да биде богата со протеини и масти, пијам јогурти, пијам млеко, јадам месо за ручек, за да биде по мрсно млекото, зошто ако не е добра исхраната млекото ќе биде повеќе на вода, и нема да биде токлку хранливо.
Познавам сестри и докторки што работат таму. Ми имаат кажувано дека навистина се случуваат тие работи. Крадат бебиња и прават бизнис ги продаваат. Обично на жени на кои им е второ или трето дете. Цела бременост им ја полнат главата дека бебето е на ризик и такви работи и на крај им го земаат по раѓањето. Не знам колку е точно, ама ова ми е кажано од медицинска сестра која работи таму.
Секаде во странство ,мртвите родени им ги даваат на родителите да си ги погребаат.Само на Балканов тоа не се случува.Еве и зошто...
Не би ме изненадило да има такви работи, со оглед дека немаш пристап во многу работи. Искрено мене кога ми почина бебето ме викнаа и ми кажаа дека по службено го праќаат на обдукција. Доколку сакам да одам пред да оди на обдукција да барам со потпис да го земам. Ама јас немав сила и умрено да го видам...сепак моето беше родено 26недела...
Здраво драги мамички и мамички ту би. Имам едно прашање. 11та недела сум, осеќам повремено тапи болки во долниот дел од стомакот, бев денеска на гинеколог и рече дека нема место за паника, само што заминав по неполн час почнав да имам страшни болки во желудникот (инаку имам активен хелико), е сега тие болки како да ги осеќам преку цел стомак и имам чувство на издуеност и чувство за у ВЦ а не можам ништо да направам. Слично искуство?
Никаква беља, таман работа, што знам ќе кажам ќе помогнам, на ФБ лајкнете ја групата Поддршка на доењето, од таму јас уште и учам
Во 8ми месец и до 120 ми отиде. Ама одма отидов на кардиолог(иако викаат нормално е во временост), ми правеше ехо и екг и се беше добро. Но, ми ја зголеми дозата. Мој совет ти е, доколку е почесто толку пулсот да си се консултираш со кардиолог
Jas ja bataliv taa grupa oti po niedna cena ne preporacuvaat ad a ima slucai kako mojot koga zaradi moi zdravstveni pricini morav da prekinam so doenje sega sum clen na grupata soba za doenje I ad I e mnogu podobra grupa nikoj nikogo ne osuduva
И јас тој период имав такви тапи болки во долниот дел а желудникот до 13 недела ме изнамачи невидено...Баш и јас дека сум со прва бременост не знаев што е нормално но и др а и членките кои се поускусни во групава ми кажаа дека тие тапи болки во долниот дел се нормални бидејки матка се шири, лигаменти.Мене и во одење ме болеше, па до кај 12 недела мн ретко пешачев и само во тоалет одев да проверам да не ми е дојдено...
Истата сум, само трепкам не дај Боже да не има нешто. Не верував дека некогаш можам да мислам песимистички особено не во бременост. Ти благодарам многу