Не му смета на секое бебе исто,затоа треба да се проба. Јас јадев едно по едно за да видам реакција: краставица,патлиџан,портокал,лимпн,цитрон,грашок,зелка,газирано. За се ова ќе прочитате дека прави грчеви. Од ништо не видов да му смета. За Бадник каснав и гравче,во умерена количина. Само да не се претерува. Некогаш пијам по 1 чаша пиво,а се имам напиено и пола чашче узо. Сепак да се внимава и умерено да се јаде едно по едно за да се види нешто да не смета.
Бебињата го сакат вкусот на лук и кромид во млекото. Само некои кажуват од кромидот добивале грчеви. Јас немав голем проблем со грчеви кај првото. Јадев се и не и траеа многу
Да, но како што имам слушано од некои жени, им правел грчеви на бебињата. Кај секој е индивидуално и останува да се проба и да се види.
@bibi Па низок ми беше, ама јас и пред да го пијам Верапамилот си имав низок притисок. А никој не ми спомнал за притисокот дека е од апчињата. Искрено, аконти помага подобро низок притисок отколку јака тахикардија. Јас кога ми беше пулсот околу 100 - 110 се осеќав многу неубаво, тешко ми беше ептен (и кога не бев трудна)
Лошо е ако ептен малку апнам чајна? Докторката ми рече да не јадам такви работи и сега ако ѝ спомнам ќе ме искара и ќе се чувствувам лошо и виновно. Гледам да се воздржувам но некогаш (може еднаш во цел месец/два) не можам и земам малку. И потоа имам некоја тапа болка во желудникот. Можеби е само поради страв и бидејќи знам дека не смеам, а на сите прегледи е се во ред со малата. 30та недела сум
Мене др ми ррче дека не ми препорачува такви работи но и декс не ми забранува целосно. И јас си каснувам понекогаш, во мн мали количини па се надевам дека не е штетно до толку...
Јас јадам се. Ми кажа гин да јадам повеќе месо, овошни снегулки и здрава храна, ама тоа не ме спречува да јадам што ми душа сака. Грубо е на трудница да и се "забрани" јадење зашто сепак стрвоста (бар кај мене ) е зголемена. И првата бременост си јадев се што сакам и сега сум иста. Кога се породив со првото 10ка оцена доби, а се отепав од јадење хамбургери и чикен од 7мица,па не му ја намалија ради моето невнимание со јадење. Се што ти се јаде да си јадеш.
ајдее се ближи времето мешиња ние влеговме во 31 недела активни сме со некои болни клоци ама добро е сега да закажам кај мојата за преглед треба ли нешто додатно да се провери во оваа недела или докторката ке ми каже?
33+6 бебе одговара на неделите, тежина 2500 грама Со оглед на стомачето што ми е мало бебе си расте добро. За два дена пак ќе идам за брисеви. Ми рече боловање да го земам од 1ви март, секако ќе видам како ќе се издржува од понеделник натаму.
Ова е страшно ! Зошто таа медицинска сестра не ги пријавува случаите ? Па тоа се деца...не се муви ! Да да, затоа дека по никоја цена не смееш да прашаш за АД или да дадеш се малку чудни, и има осудување. А стварно има жени кпј имаат не дај боже здравствени проблеми, кој они очигледно не ги разбираат. Искрено јас преферирам мајчино млеко, мегутоа не сум против ни за АД. Таа страна не ја знам, ќе сакаш ли линк да ми дадеш ? За што лошо ? Што сакаш ќе си јадеш во умерени количини, трудница си, зарем ќе се стегаш.
Јас и ти сме тука некаде а ? Полна 31 си или ? Јас денес сум 30+0 и во петок сум на преглед па ке видиме што ке кажат , за движењата го осеќам секаде , малце долу , малце над папок некогаш како да се тегне , некогаш ке ме лупне и се така во круг , белки се е нормално Аии мојов на последен преглед беше 1500 па да видиме како е напреднат , значи сега повеќе добиваат на тежина хахаха штом на 33+6 е 2500, не сум ги исчитала неделите после мојата недела за да знам како би напредувале , а дали осеќате на пример како мускулна болка ? Да речам како кога ке ти се воспалени мускулите ? Понекогаш така осеќам на меше ???
Јас сум сега 28+, ми рече да појдам околу 32/33 недела (јас ќе гледам во 32 да биди) и не ми кажа ништо посебно освен кога ќе одам крвна слика и мокрача онаа рутинска да си ја направам, а ми спомна околу 35 недела дека се земале последни брисеви. Па ќе видам што ќе кажи, макар да ти ќе појдиш пред мене
Од кој месец почнавте со утрински мачнини и повраќање, јас сум 5та недела до сега не сум осетила ништо, имам само зголемен аптетит
Од 7ма недела. Но кај секоја е индивидуално. Има жени кои ги одминуваат скроз мачнините, има и такви кои низ цела бременост ги имаат.
A zosto mora da se pocnuva od nekoja nedela so utrinski macnini kaj sekoj e individualno jas cela bremenost nemav ni eden pat