Да, да те и Да, да те имам читано и баш си велев на девојкава ама баш се и' се собрало....Ама тоа е, период, се случува и ќе помини. Сега наприоритетен ти е бебушот, и подготовката за свадбата за да си имате убави спомени ☺ Друго се' ќе си се среди, и гледаш , како што велиш и ти, веќе отрпнуваш а тоа е знак дека времето лечи се' Инаку, јас продолжувам да си се лекувам со мојава настинка. Си пијам млеко со препечен шеќер, бујрумте) Деснава страна нос/грло/уво ме печат некако, до вчера мало шлјајмче вадев и од синуси, и нешто надолу што се слеало ама барем ми пушти носов оти 2 дена пукнав, скрос затната бев. Па ќе видиме до каде ќе оди настинов...Имајте убав неделен сончев ден мешковци (мене воздухов ако не е мн ладно, ама ужасно ме сечи на грло
Јас си земав сега на Jamieson Пренатал со омега 3 , на акција им се во Еурофарм 841денар, има 60 капсули, за два месеци и сум презадоволна. И со првата бременост пиев различни, а од маркава Jamieson сум посебно задоволна, ете дали дека фолна пиев три месеци пред да останам трудна по препорака од гинеколог рече за лесно да останеш ( одма залепи од прва дури уште не ми се верува)и кога чув за овие одма ги земав. Само осеќам веќе на спиење трнам во рацете, имам дома магнезиум , а немам навика да пијам ич...
Мешковци дали некој користи Видермина за интима за надворешна хигиена, со цел превентивна заштита од бактерии? Додека прашам доктор да си потврдам тука Јас ја имам користено, но пред бременост и знам дека е добра. Или што друго користите ? Убав ден Инаку конечно се опоравив 3 дена сум затворена во соба, страшни главоболки имав... како ќе се издржи незнам со главава си имам големи маки
Затоа што лесно добивам бактерии, и меѓичката меѓу анус и вагина е многу блиску и често завршувам со ентерокок, докторот гинеко-уролог Сашо Поповски на клиника ми даде совет: да не се бришам со тоалетна(не била стерилна) исклучиво со бебешки влажни, ако има услови да се одмивам постојано и со памучна крпа да се бришам. А тогаш ми ги даде видермината вагиналетите за регулирање на вагиналната флора, муслам дека имаше 2вида.
Нарушена ти е флората треба да си пиеш некој пробиотик, побарај во аптека (јас пијам Лактогин). За бришење, јас си користам тоалетна освен за голема нужда тогаш се мијам или влажни марамици. Конкретно за таа бактерија - бриши се секогаш од напред кон назад (од вагината накај анусот) никако обратно. Така се фаќа таа бактерија најчесто.
Јас користам Лактацид гел за интима,без сапун е и на база на млечна киселина,прититоа не нанесувајќи во внатрешноста на вагината. Мислам дека го нема во Мк,дур бев таму користев на Уриаж,одличен е. Најдобро е само со вода,бидејќи вагината сама се чисти и си одржува Ph,но јас не се осеќам доволно чисто така:/ До сега не сум имала иритации никави,но внимавам на веш(исклучиво памучен) исто и пантолони не носам во чиј состав има полиестер,тоа е рециклирана пластика. @LadyC женска ме праша за линк од бебешката соба,не знам колку ке ти е од корист бидејќи не живеам таму,но ако сакаш во порака ке ти пратам слика
Кај мене е проблемот меѓичката, ме прегледа докторот. А сето ова го знам и затоа ми даде овакви совети. Ама барем во бременост целосно да се заштитам ако можам
Ти дал совет да правиш сé што не треба. Бебешки марамици и често одмивање и ќе ти биде бетер. Не ни треба тоалетната хартија да е стерилна, туку да не е рециклирана, односно да е 100% целулоза. И памучната крпа што ќе ја користиш не е стерилна, освен ако не планираш да пеглаш и употребуваш нова на секое бришење. Таму местото природно си има бактерии и треба да јачаш вагинална флора, а со постојано одмивање ја уништуваш и може често да добиваш вагинални инфекции и/или цистит. Лактогин на пример, вагинални и оралните капсули се одлични за таа работа.
Јас сум сигурна дека ако се миеш или бришеш после голема нужда од напред кон назад нема како да ја добиеш бактеријата. Природно секој човек си ја има во цревата, нормално е, меѓутоа прави големи проблеми ако се најде на било кое друго место во телото. Затоа припази само после голема нужда и немаш гајле.
Секој има право на мислење, јас го послушав и веќе 2год немам проблем Не се разбираме, мене ми помогна докторот...оти јас немав проблем со хигиената. Во секој случај доколку некој не му се допаѓа овој совет или како да е нека не го применува.
Да, не сме се разбрале Сега прочитав наназад и мислев дека моментално го имаш проблемот, па сакав да помогнам...Извини