мамички ај да почнам дискусија како со стриите јас се распукав на стомакот ко лубеница а тек е 31+6 ми препорачаа со крема од чист невен некој искуство? има време нешто да се повлече или нема лек за тоа.. ахх заборавив и дали да одам сега на очно зашто стварно ми е слаб видот или да чекам да се породам ? треба наочари да носам, поврзано е тоа со бременоста или не ?
Мустела со двојно дејство во зегин е 1410 денари многу е ефикасна,јас мачкам од самиот старт прво со путерот на хип помешано со бадемово масло сега со мустела секое сабајле и поручек после работа,а навечер се мачкам со домашна свинска маст,исто и еуциринот е многу ефикасен за избелување и да не се појават нови стрии имаш и во темата стрии во текот на бременоста искуства.Јас сум 23+5 многу вода пијам хидратацијата е многу важна,стрии немам сеуште.
@FallenAngell за стриите главен предуслов се гените,па хидратација,па на крај е надворешна нега односно масла и креми. Јас сум 33 полни,денес ја почнувам 34та недела,немам сеуште ништо,а и релативно мал стомак имам. Ако носам до термин,почеток Април,очекувам да распукам,но многу не ме тангира,го имам прифатено како очекувачки и нормална појава. Мајка ми имала црвени големи со мене,после некое време и’ се повлекле сами од себе. За диоптер не сум стручна да те посоветувам,само знам дека во наредните недели ке почне да варира нагло нивото на шеќер во крвта,а тоа води до малаксаност и заматување на видот,што може индиректно да влијае на резултат при испитување.
Мислам дека не седат туку ножињата им се вкрстени, и папочната е меѓу нозе па не се гледа. Може така и изгледало. Кај мене секогаш е со крената нога
Мене најмногу ми помогна магнезиум од магцитра 1900мг по две на ден пиев 920ден ги купував ама имаш за цел месец
И двете ги носев ниско цела бременост, и двете ги родив во 41-ва недела. Уживајте во мешињата, нема правила. Поздрав од турбо-мама
Па не да е хард кор!!! Многу околу мене се болни веќе со денови ама сите со различни симптоми. Сестра ми душичка најмногу се измачи, секој ден со 39.7 температура, таман ќе симне за некој саат пак качува. Нема спас. Јас сум сама дома, не пуштам никој да дојде и искачам само на 2-3 саати. Многу ми е страв, ги гледам нив со секакви лекарства не можат да се оправат, што ли би правела јас. Пазете се жени, а ти @LadyC иди си на доктор со време одма да ти препише се што можеш да пиеш и побрзо оздрави ни.
Малце мачно..ми се урла На @ddevojce ваљда полесно и е со поголемо дете А со има врска ако ти е таков стомакот, секоја жена различно го носи. Остај ги ти тие муабети
Мами секој момент може да се породам па да си се спремам полека Дали за вадење од болница им облекувавте хулахопки на бебушите за обој период? Дали би сметале на папочето?
Јас мислам да облечеш, моето е 4м па ако не е со скафандер обавезно облекуваме хулахопки одоздола. За папочето,можеш да ги подвиткаш да не го покриваат.
Нема потреба ќе си биди завиткано во ќебенце и плус со транспортер претпоставивам. Само меки памучни шпикозни и едни чорапчиња со лесно
Добро утро женски, сега се разбудив, демек подобра сум ама ме скина кашлица.. Уште вадам зелен секрет на кашлање, носот уште ми се затнува.. Докторов вели не е ништо, не препишува лекови.. Не знам како ќе се оправам, за некој ден ми е свадбата, кожата ми се исуши и ми се излупи кај носот и над устата од цело време што се бришам со салфетки.. Гледам поретко да ставам капки за нос, само кога ептен едвај дишам.. Како да си помогнам веќе не знам. Многу се напнувам кога кашлам, а знам дека не е убаво. Бабите и тетките ми викаат кашлај и вади од тебе се што имаш. Секретот морало скрос да го извадам, а не да го голтам. Ако знаете кажете ми што смеам да правам, ова веќе многу долго трае..
Здравоо Загрижена сум на 12 недела на брисевите ми најдоа стрептокока Б група , ми препиша гинекологот антибиотик ама само на мене а на мм не , не ми ни спомна дека треба да пие и он превентивно да не си ја пренесеме повторно и сега се секирам . Слушнав и прочитав негде дека бактериите и инфекциите предизвикувале предвемено породување и се извадив од памет сега само на тоа мислам .. Ми треба совет дали да менувам гинеколог сега во 16 недела и дали имам место за паника
Од вчера официјално во 9ти Имам едно прашање,ако има некоја мамичка што и било споено креветчето со спалната дали останувала оградата некои 10сантими измеѓу спалната и креветчето?? Вчера видов дека толку се спушта,а ако сакам скроз споено мора цела ограда да се одштрафи.. Ако има некоја искуство да ми каже како е попаметно и попрактично
Добар ден мешиња, како сте денес? Бев на втор скрининг,во Гак. Ме гледаше едно 15тина мин докторката Ана Данева Маркова. Презадоволна сум, се убаво објаснуваше. 21 недела сум. Малечката моја е 390 грама. Сонце мајкино личи на мене, поготово во очите иста е Се е добро. Плацентата е на преден ѕид. На преден ѕид се осеќаше бебка помалку? Не знам како прочитав А мојава клоца баеѓи, душа ми вади Душава ми е полна верувајте . Едвај чекам да се роди, да се запознаеме
Јас се мачкам со павловичева и Ад капки ставам во неа. Пијам многу вода,а имам сува кожа..се надевам нема да испукам. Ама мислам се до гените е. Не се грижам многу, бебка и ја да сме добри, па и да испукам не ми е гајле многу.
Ако веќе спојуваш со спална, најпрактично е да се извади оградата, само ќе ти смета. Бар во мојот случај беше така. Ама сепак секој случај си е различен, ќе си видиш како ќе ти одговара најмногу. Мене ми беше така полесно за доење, зошто практикував/м доење во сон.
Ако ти дозволи доктор сируп од бел слез и ц витамин од 1000мг за побрзо да ти помине настинката. Јас колку што знам зелен секрет е знак за бактерија затоа и одма ти пишав на доктор за антибиотик ама ете докторот не ти дал. Барем брисеви да провереше, па ќе видиш.