Здраво дечки, едно прашање ( го поставив и во соодветната тема, ама слабо е активна Забите и бременоста) Минатата недела бев на пескарење и чистење на забен камен, расипани немам. Само што на долново непце, на предниве 5-6 заба имам едно како после протеза што се става, одзади за да ги држи забите, на Р се викаше, ама не ми текнува. Во тој дел ми се јави како чешкање на непцето, ме нервира ме пецка кога го допирам со јазик. Дали смеам да ставам Генгигел? Некоја да знае? @Annath ?
Термин за пораѓај ми е 11.06.2020,дали е можно така да се спои од 21.04.2020 пред 33 недела да земам 15 дена од матичен генеколог до 05.05.2020 до 34+6,па 1 недела од општ до до 12.05.2020 ќе бидам 35+6,лански одмор од 8 дена и до оваа година ми даваат 10 дена другото после пораѓај?Од работа стално ме прашуваат до кога ќе одам за да знаат замена да бараат додека сеуште одам
Во аптека се продава едно како инка во кое се става сол марисол или обична сол и се испира носот.Многу помага при затнат нос и веднаш си како нов
Најпаметно е да не го оштрафуваш, и да не биде споено за да можеш да стануваш. Пробав со оштрафена ограда и залепено до мене, но во спиење еднаш сум бутнала креветче и сред ноќ бебето на земја! Од тогаш натаму си ја зимав од креветче, ќе ја надоев и пак назад во креветче. И така некако научи да спие сама во креветче, до ден денес незнае да спие со друг на спална, веднаш се буди.
Арно ти вика @Jana06, носи исплувок на микробиологија, може е бактериска инфекција, предолго време си со кашлица и секрет.
@Ann.loves.you постојат специјални каиши за да спојување на креветче чија страна е извадена и брачен кревет,но не знам дали ги има и се користат во Мк.Еве вака ко на сликата. Друга опција е да е залепено до ѕид па да нема простор да мрдне.
Јас денес 29+1 Понекогаш како да осеќам слаби вртења ама скрос најдолу некаде,околу коската. Друг пат пак, што ми е чудно и мислам дека доаѓа од мочниот меур, како да ме запекува и како некој сигнал да ми дава ко за мокрење а мислам дека баш не ми се оди во тој момент (некогаш одам после тоа, некогаш не). Се мислам дали е од што натежнува бебе или удира таму, појма немам само се молам да не е бактерија ама пак немам некој секрет ко за така..
Јас имам, баш пишував пред некој ден. Во прво тромесечие ги немав. Во второ почнаа.. да мислиме дека е нормално, незнам што да кажам
Јас сум за никаде.. Навистина не можам вака да функционирам, со денови се трудам да се справам со сите работи, ама не може веќе... Испити исчистив, се полека планирав да средувам. Ова со свадбата тотално ме уништува.. Седнавме двете фамилии на кафе да се договараме околу деталите. Беше договорено без никакви адети и обичаи, сега излегува дека се по ред требало да се тера. Ме напнаа сите наеднаш, некако издржав.. Потоа и вереникот ми се развика, сум била многу малку заинтересирана, изгледало како без никаква волја да ги правам работите, се осеќал дека на сила е целата работа околу свадбата, ми се развика лом ме направи. Едвај ги задржувв солзите, ништо не одвратив, ништо не одговорив. Ама само што стигнав дома и си останав сама, ми се врескаше, плачев како луда... Во моментот видов останата кутија цигари од татко ми. Во рок од 1 час испушив 7-8 цигари.. Знам не требаше. Од како дознав дека сум бремена немав запалено цигара никако. Денес попуштив.. Жал ми е и жива ќе се изедам и за тоа.. Слободно судете ми сега... Знам колку голема глупост и грешка е ова...Морав некаде да се искажам.. Немам со кој да зборувам за ова, никој не сфаќа колку ми е тешко и напорно, сите само ми наметнуваат по нешто....
Ич да не ти е гајле. Подобро што си запалила, одколку да те јаде нервоза. Верувам цигарчињата те смириле.. Јас пушев електронска за време на ивф и до 5та недела, веќе не пушам пошто ми се лошеше, но скроз те разбирам. Се ти е собрано и свадба и настината си, и уште кафето ти фалело со двете фамилии реално Остави работите да течат како треба, речи си добро е и терај без многу потресување. Сакале обичаи, истерај ако не попуштаат така ќе си олесниш себе. За цигариве не се нервирај, ако така ти дошло океј е.. башка нема назад тоа е Диши длабоко само, ќе помине свадбата ќе помине и напнатоста
Не се нервирај и кажи дека тибе напорно, кажувај дека имаш болки изморена си. Кулирај си, свадбите се убави ама тешки...на секого да погодиш и на крај ти излегуваш само уморен
Женски кога купувате облека за новороденче од H&M која бројка ја зимате ? Како што гледав има 50 ,56, па се мислев од која да почнам... фала вии
За магцитра 1900 да споделам само и јас ги пиев на почеток на бременост најверојатно така им е името бидејќи во една таблета има само 150 мг. магнезиум цитрат. А сега зедов исто магнезиум цитат од друга фирма now и во една таблета има 200 мг. Магнезиум
Пиев прво од синерџи магнезиум плус б6 од 350мг сма сеуште имав многу јаки грчеви и докторката ми ги даде на магцитра и од нив немав добро ми делуваа.. Сепак консултирај се со докторот што ти ја води бременоста
Искрено, многу ми е жал што минуваш низ сите овие стресови, секојдневно. И што се обидуваш на сите да угодиш,наместо тебе сите да ти угодуваат. Имам чувство дека од кога остана бремена немаш кога да уживаш во убавината на овие денови бидејќи сите само памет ти солат отстрана наместо да те разберат и да ти олеснат во овој период. Не се работи за адетите, туку зошто едноставно не ве остават да си испланирате онака како што вие сакате, ова е ваш ден и вас треба да ви е најубаво. За жал, живееме се уште со закоравени сфаќања и верувања, а твоиве (од кај сопругот) се оние од најлош вид што "најдобро" знаат, можам само да замислам низ кој хаос минуваш моментално. За жал, не можеш да ги промениш, само пробај ти да се смириш, диши полека, излези малку прошетај,среди си ги мислите, размисли каде можеш да попуштиш, а каде сакаш да биде по твое, само без нервоза, не си правиш добро ни себе, ни на бебето ако си вознемирена.