Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Јас тие неколку парчиња што ги купив беа 56ка, од 50 купив само 2 пара шпикозни. Се мислев повеќе 50ки да земам ама и да се роди 50цм верувам дека многу брзо ќе ги надрасне и затоа и следните што ќе ги купам ќе бидат 56ки. Нека му бидат поголеми што има врска секако дома ќе бидеме на почеток, а и брзо растат. Кога почнав да купувам сфатив колку финансии се потребни, страв ме фаќа.
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Скроз те разбирам, јас си ја растурив целата идеја за свадба заради неговите. Многу пати сакав да пишувам на форумот за проблемот. Да не објаснувам на долго, си имавме испланирано само млади да си каниме, да правиме забава уште во октомври, ни се вмеша најмногу свекрвата и 3 пати правев промени за да задоволам. Веќе мојата идеја изгуби поента и кога се освестив дека правам се по нејзино, прво искрено плачев 3 дена сама затворена, а после тоа се јавив кај моите и кажав јас не можам ова да го поднесам. Од нив добив целосна поддршка и слобода, исто и од вереникот и откажав се. Сега ќе правиме само мала регистрација со еден ручек. Моја грешка што дозволив да ми упропасти се ама од сега знам како треба. И јас и ти сме дозволиле предалеку да отиде работата, само што тебе ти е касно да откажуваш.
    Собери се, издржи уште некој ден нека помине свадбата и немој веќе да дозволуваш некој да ти оркестрира. Ти и бебето сте најважни во моментот - никој друг. Немој ни една солза да си пуштила веќе!
     
    На Watermelon96, eta, CareTee и 15 други им се допаѓа ова.
  3. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    Секогаш е подобро да земеш повеќе поголеми работи, подолго може да ги носи. А и стварно многу брзо растат. Дури и неможеш да знаеш, ако ти се роди поголемко бебче може тие најмалите бројчиња да му се дури и мали или да ги носи ептен кратко.
    Јас за првиот батко најмали бројчиња купив две-три работи, останатите поголеми и така си истеравме :)
     
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Немам нерви веќе. Им кажав да се договорат и да испланираат што и како сакаат, да не ме прашуваат ништо. Ни за украсување не отидов да се договарам ни за ништо, и кажав на свекрвата нека одбере што сака и како сака, само да не ме чепка. Моите ме поддржија, само ми кажаа да не се однесувам толку остро и да се смирам и некако да се прилагодам. Немам намера да се карам или да се расправам, се нека отиде во неповрат веќе со таа свадба, не ми остана ниту сила ниту трошка волја имам.

    Стрина ми моментално најмногу ме поддржува и ја оставив неа да се расправа со нив. Не можам стварно да се напнувам околу свадбата. Од сам почеток јас и не се замарав, сакав да не правиме воопшто никаква свадба, ама они сакале да се одбележи некако.. Сега кога почнаа да претеруваат почнав и јас да збеснувам...

    Се чудам само како ќе живеам со нив после свадбата.. Се работи за неколку месеци само, потоа одделно ќе бидеме со вереникот, ама имам чувство дека повторно ќе ни се качуваат на глава.. Јас сакам да се подготвам за бебето, да си се фокусирам на бременоста, ама тоа им пречи, ми солат памет дека е рано, дека не требало да купувам, не требало за тоа да мислам... И уште кога гледам дека тие постојано зборуваат за свадбата на деверот и јатрвата која уште не е закажана. Не ме повредува воопшто ни тоа што постојано се седнати со другите сватови, а татко ми го избегнуваат. Претходниот викенд бев таму, они не знаеле дека ќе дојдам организирале скара и ги викнале цела фамилија на јатрвата, а мене ми викаат ти дојди попосле. Не се навредив од тоа, ниту се осетив повредена, само си кажав дека нема веќе да се да се трудам да им угодувам.
    Не сакам ниту да ме сакаат ниту да ме изедначуваат со јатрвата. Сакам само да ме остават и да не ме напнуваат. Не створив некоја блискост со свекрвата знаејќи дека од преголема блискост се ствараат проблеми потоа. Држам дистанца од сам почеток.

    Сега само ќе гледам свадбата да помине и да имам едно гајле помалку. А осеќам дека ќе ми биде и потешко. Јас едвај издржувам и се воздржувам кога одам кај нив, а живеењето со нив не знам како ќе го издржам без да се нервирам и без евентуално да избувнам кога ќе ми дојде премногу.
     
    На sweet.woman, Dikinzi, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Не можам да се замарам стварно. Кога се вратив дома се исплакав. Се почувствував уништено и згазено.. Татко ми кога ме гушна не издржав и се исплакав најсилно.. Ме боли што ќе бидам разделена од него и што не го слушав за некои работи. На убав начин ми кажа дека за жал ќе морам да сменам некои работи во животот заради бебето и заради себе. Еве пак ми потекоа солзи кога помислувам на некои работи како сме ги минале сами јас и татко ми. Знам дека секогаш ќе ја имам неговата поддршка, ама ме фаќа и некој страв.. Ми се мешаат емоциите моментално. Некогаш дури и си помислувам каков ќе ми беше животот ако некои работи ги направев поинаку..
     
    На green.eyes, FallenAngell, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Па да ,јас почнав со шопинг хаха земав 3 работи 50ка и 2 работи 56ка ,ама се мислам дека 56ка ќе зимам повеќе и така не е некоја голема разлика.
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Ќутииии и мене исто ,а се е премногу убаво неможеш да одолееш.:D
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Душичка :l::hug::hug: И од нас ја имаш најголемата поддршка! Ти, маж ти и бебето сте најважни. Со него да си бидиш најблиска, да си имате разбирачка, неговите на последна алка се.
    :*
     
    На Ann.loves.you, Bebac, Fallen.Angel и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    3.998
    Здраво трудници убави. Кско сте? Јас денес така некако ,како се ближи времето уфффф ме стега срце од страв, немир некој :worried:
    Денес бев во болница каде што сакам да се пораѓам. Еднаш во 5 месец бев само да ми отворат историја им кажав дека сакам таму да се пораѓам и толку после не сум била. Си одам на приватно секој месец кај доктор што од почеток одам таму и ми ја води бременоста. Е работата е што приватните гинеколози пораѓаат дамо по приватни клиники по договор само ако сакаш да те пораѓа тој, му кажуваш, ти кажува во која клиника пораѓа и одиш таму се пораѓаш, но и од економски причини и од сосем други причини, решив во болница да се пораѓам. Кога бев да ми отворат историја во болницата, прашав дали треба секој месец да одам таму бидејќи одам и на приватен или можам при крај само кога ќе влезам во 9ти и ми рекоа како сакаш така, не им смета што идам на приватен, можам да одам и секој месец, а можам и кога ќе влезам во 9ти. И решив да не се малтретирам и на двете места да одам, да си продолжам кај приватниов што си идам и кога ќе ме фатат болки да одам во болница на пораѓај директно.
    Е арно ама пи разговор со некои пријателки кои се породиле во болница, ми рекоа да почнам од сега да одам, дека ако одам само за пораѓај ќе се лутеле и не сакале така и викам ок, ај денес ќе појдам да видам што како. Отидов, беше некоја сестра или не знам што беше и и кажав дека за недела дена ќе влезам во 9ти што треба да правам, кога да дојдам, сакам тука да се породсм. Ми вика таа, ее како така идеш без закажано, треба да закажеш прво, епа викам ако ми закажат после 1 месец како тогаш да дојдам, а ѕреба да раѓам, епа ми вика епа тогсш штом влезеш во 9ти ќе дојдеш во 9 сабајле. Отдов да закажам, ми вика тој на шалтер на 4ти Март има само, порано нема. Епа му викам ок. И така се разочарав малку, цело време си мислам од тогаш што ќе биде, ќе ме примаат ли така, дека не одев секој месец, па прашав една пријателка што работи таму ама друг оддел да се распраша и ми се јави одма жената прашала една бабица блиска пријателка нејзина и и рекла да не се секирам да идам штом влезам во 9ти месец, тогаш не се закажува, одиш без закажано и не можат да не те примат вика, тоа им е работа.
    Глупости може е што се нервирам за ова ама многу ми е на мисла како ќе биде пораѓајот, за мене, за бебето страв ми е, многу мисли ми летат низ глава аман веќе :doh: :sweat:

    Кај вас како е за пораѓај? Одите на приватен, матичен не знам како ги викате и за пораѓај одите само во болница? Или претходно одите и таму и таму? И ве пораѓа било кој доктор таму?
     
    На Sexybaby86, Thallia, elcezelce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Кај нас си одиш кај матичен се до 9ти па после за прво цтг ако сакаш доктор да одбереш ти кажуваат ден и одиш на прво цтг.. и после само од првиот преглед во болница кај што ќе се пораѓаш ти кажуваат за колку време пак на контрола и тоа е тоа.. значи од 9ти месец не одам кај матичниот... вака беше пред 3год ама мислам дека не е сменето ништо (јас зборам за државно во Чаир) :D
     
    На Bebac, Kallias2, Maja92@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    И кај нас си одиш кај матичен до 9 месец (во мајчината книшка мора да собериме 5 печати заради породилно мислам), а после матичната те праќа за на цтг (е таму не знам дали кај одреден доктор или кај кој ќе се погоди кога ќе треба). Јас сум во голема недоумница дали сакам во државнатта болница или на приватном(во плодност). Мн е скапо но знам психички ќе сум поопуштена а во државнава и страв ме фаќа, и не знам....мнооооогу размислувам за ова па ќе видам, 3 мај ми е термин (со тоа што сме понапредни можи и порано) и само на тоа мислам, каде, како ќе биди....па ако се одлучам за приватнава имам едно 45 минути пат, па дали ќе сум во состојба да издржам...оффф..тешкоо
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    3.998
    @NNK19 @lavinija28 ви благодарам на одговорите.
    Па тоа е и најдобро што самите доктори што ви ја водат бременоста ве посочуваат да одите на цтг и понатака во болница.
    Тука се лутат приватниве, не сите ама повеќето, ако им кажеш ќе се пораѓаш во болница, после тоа некако не те гледаат како што треба, како од ракав те поминуваат, а им плаќаш секој месец по 50че. Јас на овој кај што идам не сум му кажала, а не ме ни прашал човекот никогаш каде планирам да се пораѓам.. Се мислев пред некое време, знам дека е поубаво на приватно, нормално штом плаќаш ќе те гледаат, ќе те галат, ќе те мазат, а во болница си велам којзнае како ќе се понасаат со нас.
    Ама кој како сум прашала за таму сите задоволни, лош збор ми немаат кажано и за персонал и за доктори, сестри, бабици, педијатри, се супер па си велам како ми се погоди така, ако треба нешто да се деси било каде може да се деси....уффф само глупости мислам аман многу со негативна енергија сумм ќе си пукнам не сакам ни јас ама така ме тера одвнатре :sweat: :(
     
    На lavinija28 и green.eyes им се допаѓа ова.
  13. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Кај мене исто како и во мкд отприлика. Се оди кај приватен гинеколог цело време, се собира документација и после при крај 38 недела (или и покасно) се оди во огромна болница за преглед, ако одлучи докторот и ктг и евентуално пораѓај. Јас закажав термин за преглед, во јануари ѕвонев и добив термин за преглед во клиниката почеток на март - тоа мене ми одговара, тогаш ќе бидам 37-8 недела. Не се очекува да се оди порано таму, едноставно мора да имаш јасна документација од испитувањата, не е важно кај си ги правела.
    Инаку, во приватните клиники е толку средено, преку интернет си закажуваш термини, а оваа за раѓање огромно здание, зградиште, лифтови, луѓе... :)
    Кај што сум јас, средноевропска земја скоро сите се пораѓаат на државно. Имаат добри услови и кадри.
     
    На Thallia, lavinija28 и Kallias2 им се допаѓа ова.
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.278
    Пол:
    Женски
    @Kallias2 мене бременоста комплет ми ја следи матичниот гинеколог,мислам до 38 недела,па после се оди на ЦТГ во клиника.
    Уште во 3 ти месец тој самиот ме пријави во клиниката каде ке раѓам,па од нив добив писмо со сите документи и обрасци за пополнување од кои дел пратив назад потпишани.Имав листи со детален опис за се..
    Мајчина книшка немам,д-рот им ја праќа целата моја историја и тек на бременост нив директно,јас треба само да се појавам со лична карта и крвна група картонче..
    Др не е присутен на пораѓај без некоја индикација,целиот пораѓај го водат бабици..
    Во родилната сала има кади за породување во вода,јажиња,пилатес топка,и кревет нели..Епидурал даваат по желба,а за царски нема шанси без медицинска индикација..
     
    На Sexybaby86, Kallias2, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  15. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    39 недела сум дали е нормално денес неколку часа чувствувам болки во грбот како некој да ме боде со нож и повремено грчеви во желудникот четврток сум пак на цтг дали има простор за паника? Какви се вистинските болки?
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.783
    Допаѓања:
    38.679
    Пол:
    Женски
    Зашто простор за паника? Јас се породив со поголемото на денот кога влегов во 39та недела.
     
  17. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Дали да одам во болница за тоа мислев или да почекам? Кога лежам ми се смируваат ама кога седам или се движам ми се јавуваат болки..прва бременост ми е
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.783
    Допаѓања:
    38.679
    Пол:
    Женски
    Мери ги на колку време се појавуваат.
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Пресметај како ќе ти се фати.. можеш така да искористиш.. мислам дека можеш...треба максимум 45 дена а минимум 28 пред отварање на породилното.. мене термин ми беше на 15.06.2019 а го отворив породилното на 22.05.2019.. значи бев на патолошко до 5 мај.. од 6 мај земав боледување од општ лекар.. до 12 или 13 мај мислам се фати.. на крај земав одмор од фирма 9 дена и после тоа породилното.. само еден одмор ме фати лани.. зимскиот..а летниот не ме фати така да сега деновиве ќе користам 1 зимски а на лето ми следуваат 2 летни одмори.. (14 + 14) ... камо среќа да можеа да се користат предвреме јас ќе споев се и на работа ќе се вратев кога синко ќе имаше 9-10 месеци а не вака на 8 месеци го оставив и појдов на раб
     
  20. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам моето искуство во втората бременост, можеби и цел ден да беше, не знам, не обнав толку внимание оти воопшто не беа силни, ама имав болки во грбот, особено во половината. Добро што имав закажано преглед следното утро, сум се отворила 5 прсти и ме задржаа, до вечерта се породив.
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.