Сега сум 24недела, а на 12 беше 3.7, на 16 беше 4.11, на 20 беше 4.5. Кога ќе се качат нагоре после 23недела, матката се поткачува и цервиксот ќе се ослободи. Ми дадоа и појас за трудници, за да го разлабавам цервиксот од тежина
Нормално затоа и пишав премногу е ама познавајќи го здравството во Мк сакав да и кажам дека има опции.
А кажи ми појасот од каде го зема и колку? Јас денеска сум полна 29та ама премногу ми тежи стомакот, едвај се движам многу тешко ми станува.
Ми го препиша хирург, а може и гинеколог. Има во славеј медикус и е под фонд 124ден, а приватно 1250мислам
Навистина си во право, не се во ред нејзините коментари. На почеток ми беше чудно, образована жена, завршила 2 факултета, прошетала, видела, сега глупости прави вакви. Зборува колку е таа религиозна и поради симболиката ги практикувала обичаите, а уствари е суеверна. Еднаш и кажав дека суеверието нема врска со религијата и таа се навреди. Сега и на вереникот му досадувала, бевме договорени утре да купиме количка и креветче, изгледа нема да одиме бидејќи го напнала дека е рано...
Aaa toa e veke drugo,jas imam eden spontan pozadi mene sega 2ra bremenost i cerviksot mi e 4 a ne primam nisto pa malce se zamisliv koga vidov deka so 4.7 primas progesteron.
Многу си емотивна, а она искристува ситуација . Сега си трудна, треба да те олабави. Ама некои луѓе сакаат да доминираат, посебно мајки на машки деца... се знаат. Порано свекрва ми ја викав вегета, ама сега ја викам сол-сегде ја има. Некое јадење без вегета поминува ама без сол тешко Минатата бременост ми го прекинаа 16недела и на 23 почнав да се отворам. И сега им е страв. А сепак двапати инструментално чистена си има последици
Во букурешт сигурно има домашна посета. И функционира. Ќе доаѓаат. Единствено не може 100% да ти ветат дека ќе дојдат во дадено време.
Omg И јас сакав количка да купам пред некоја недела дека бевме при пари, па викам ај да не ги потрошиме на глупости. Кога ете ти ја 'Аман, остајте нешто и ние да купиме'. И ете сега си чекам количка од неа
Ќе си дочекаш може. Јас скроз попуштив со моите нерви, се скарав со вереникот. Не е крив човекот, она го напнува од една страна, јас се жалам од друга страна и се испокаравме, и телефон искучив и се. За количка не спомнувам веќе, нека ми стигнат пари месецов чекам поголема сума и ќе одам ќе се почастам еден ајфон. Па после нека прашува кај е количката. Ич веќе не можам да се напнувам.
Зависи каква ти е свекрвата па според тоа или ке добиеш количка или нема Јас ако чекав од мојата да купи се у раце ќе требаше да го шетам. Едвај чекам да ни кажат какво е па да почнам да купувам.