Добро утро и од мене. И јас се чудам колку брзо ми помина времево, денес 26+3, за некој ден влегувам во седми месец
Машала Оли колку брзо минува мила, мајско бебе ќе имаш? Смисли именце? Да се редактирам, наредна недела ќе го потврдам полот, на роденден кај другарка на Константин правевме со родители муабет, не ми се веруваше Димчев им утнал пол на три, на кои едната има машко и женско близнаци, до 6/7 месец мислеле дека се две машки. Хахаха Сега наредна среда ќе ме види Кацарска, па во четврток Ложанковски и со сигурност ќе се обојам и јас.
Мајско Абер немаме со името, демек има време, рано е. Имам листа со имиња, а јас сум баш неодлучна. Ќе одберам 3-4 што најмногу ми се допаѓаат, па мм нека пресече и нека одлучи за едно од нив. Ти веќе си имаш име, нели?
Дааа,за машко Мика (ел) Јаков ( и Константин ми е со две имиња Константин Филип) Микаел - дар од бога Јаков - еден од 12те апостоли За женско сакам Викторија ама не може да влезе во игра зашто се лути мајка ми оти е разведена од татко ми и прави проблем (татко ми е Виктор), а второ што ќе влезе во игра е Мина Меглена. Видиш, за женско не сум расчепкала значење.
Димчев... Ме збуни. Ама искрено и да е машко ќе сум пресреќна. Само да ми е здраво и живо. На се што му правам само тоа ми е битно. А некако мислам згреши оти нели сонував куре, ама па на промена на пелена курето му падна на бебето. Затоа мислам дека утнал, ама и да не , ич не се секирам.
Добро утро Јас само што пристигнувам на работа и жива ненаспана сум плус времево цел ден ќе ме докрајчи изгледа. Од вчера утрото стомакот ми беше ептен тврд, како прејадено се осеќав, пиев вода, кога дојдов дома се туширав велев ќе ми олесни но пак исто, бебе се истегнуваше и ми правеше болки цело време, се стегаше стомакот. Се додека не легнав да спијам кога наеднаш се престана, бебе се смири го нема да мрдне а стомакот ми стана помек и осеќав трнење само. Се испаничив и не спиев цела ноќ, се превртував и чекав да ме клоцне малово. Сега промрдува пак но слабо. Дали е можно да се тоа лажни контракции? 35+0 сум
Оли јас сум 34та па уште немаме пресечено за име.Неколку се во игра,па ке видам на кое ке ми личи кога ке се роди До сега и’ се обраќаме со 300 различни имиња,скроз ке биде збунка @srce-9 не паничи,нема место више бебе за да клоца толку.Ако немаш болки без стрес биди,и мене ми се здрвува стомакот особено ако во сон сум се стискала за во вц,или па беба се трти со газето
И јас така си викам, ќе видам на кое име ќе ми личи, тоа. Да беше моево женско, мислам дека досега ќе имавме одредено.
Ајдеее држам палчеви, знам што сакаш и да ти се исполни од ти посакувам Колку повеќе си во исчекување па и време не мине, нели? А тоа дека утла прават докторите, тоа е факт, 80% од нив не можат точно да кажат многу работи, така да, немој да се сеќираш и тоа шро е твое ќе си дојде
Да и јас истото го осеќам овие денови, иста недела сме и јас сум 35. Неќни во сон ме разбуди дури и слаба менструална болка и да видиш колку се исплашив, си викам ауууу не сега, уште една недела барем издржи, рано е уште малку и станав од страв, идам у вц да видам, хаха ама ништо немаше, викам нем да имам крв нели ама добро беше се. Си легнав, на моменти пак ми доаѓаше така слааба менструална болка и поминуваше и толку беше, помина. Сум заспала после и кога станав утрото ништо, се во ред. Готово веќе, се спрема бебушка лека полека, нормално е, до тука стигнавме ли, од сега е се лесно и нормално
И јас бев сигурна дека е девојче, ама Димчев и на 12 и на 21недела рече машко. А матичниот првично го гледаше женско...ама сега баткото повеќе курето го покажува а лицето го крие
Женски, вие што сте во 9ти и другите што поминавте, колку имате/имавте лажни контракции по честота? 36та недела ја почнав, сметано од менструација, а реално може и поназад некој ден да сум, ама ден-два почесто имам стврднувања, ми пречи, ме потболува и половина па пушта, и јајниците по малку, она менструално чувство. Вчера подолго време стоев, бев излезена и после дома ме тормозеше стомак. Шо да мислам не знам. Утре сум на преглед. И тие што поминавте @Dikinzi @ddevojce ?
Од премор ти е, гледај повеќе да мируваш денес . Веќе имаш тежина од бебето и стоење подолго во едно место ( тоа е па уште позезнато) и пешачење многу долго време даваат вакви симптоми. Не се секирај, не е ништо страшно, но ако се чувствуваш исплашено, консултирај по тел гинеколог.
Хаха леле значи исто.. јас си сакав синко ама имав чувство дека е девојче.. и во државна на прв скрининг ми кажаа машко ама некако не верував баш баш си викм рано е може утнале и си викам ќе знам со сигурност на втор скрининг димчев не утнал до сега и само што го уклучи ехото ете го синко газето и курето прво ги покажува и му викам докторе дај лицето да го видиме и пушта 4д ова малово се крие со рачиња на очите за жува глава не се поместува.. и така цел преглед ни го криеше лицето ама битно курето се утепа од покажување... (мамо машко сум да не ме мислиш) Ај да се редактирам.. мешиња кажувајте чаре за болки во колкови.. т.е. Колк десниот абе некогаш дури и цела нога ми ја укочува и не можам да одам.. магнезиум пијам ама не секој ден.. кога ќе се напијам осеќам мало подобрување ама не ми поминува скроз.. значи и пред бременост вака ми се фаќаше колкот ама пва сега многу боли.. и во спиење и будна.. спијам со перница меѓу нозете ама џабе ми е и тоа
Штом ти поминува од магнезиум пиј си редовно секој ден и по повеќе ако треба. Мене докторката ми рече може и 3 на ден ако не ми поминува болката. Нема друго што да правиме, ќе си трпиме.