Абе не ми поминува скроз на скроз само малце ми пушта.. офф маки.. ќе си пијам и тоа е.. ама тоа си викам со првото у 9ти се тогаш ме болеше пред ништо а сега еве денес 22+1 (мислам дека сум влезена во 6ти) уште сега ме боли си викам а кај е 9ти.. а и мешково почна многу да ми смета не можам више ни патики да облечам ко што треба... тоа е ќе издржиме се Едвај чекам јуни да дојде
Мене затоа ме зачуди, ама сепак е човек, ете грешел од искуство на негови пациентки. Мада знам дека кај него сите одат за пол да дознаат, стварно е мн добар, и верувам дека му е реткост грешка. Ама тоа сепак не значи дека не греши. Нормално е да згреши. Ќе видиме за кај мене. Сепак што и да е да ми е здраво и живо прво, ама сепак док не каже Ложанковски не потврдувам ништо.
Да, да, така ќе прави од сега, лека полека се подготвува матката и бебче и мене ми е така на моменти дури и во одење ми се ствртднува за момент и застанувам, ме потболува троа малку, додека ме пушти и пак продолжувам да одам. Баш пишав преска, некни дури во сон имав и слаба менструална болка, која помина за многу бргу. Исти недели сме и со тебе и нормално е тоа, сега веќе нема страв што да биде, само ќе чекаме да дојде моментот
Фала мајка. Зборови се во прашање ама значат. На крајот од денот е најбитно да е здраво и живо, но сега веќе во 16+4/+5 ќе се гледа поубаво. Сепак овој преглед е за пол да кажат бар кај мојот гинеколог. А ако е машко ќе одам на трето.
Јас мислам дека чаре за колковите нема. Џабе витамините кога спиењето и лежењето е ограничено. И јас од мрза да не се превртувам нон стоп останувам на десно или лево по неколку часа, и потоа здрвено е местото боли тапо. Повеќе со масажа на колкот размрдување и тоа. Мн дека витамините би помогнале при таква постојана положба, не верувам. Замисли истото е кога во спиење едната рака ти е под тебе, кога ќе ја размрдаш, сфаќаш целата се здрвила или кога седиш на компјутер па забораваш и целата се закочуваш. Тоа е, Че си трпиме
Ако е тоа во државна јас бев еднаш, кога видов во каков ладен ходник преполн треба да чекам 2 саати си отидов. 400 ден ти е во Синлаб на приватно, а можеш и со упат мислам дека нешто ситно се плаќа или воопшто не се плаќа и ќе си седиш на топло.
Добро утро, тмурен ден, да не дозволиме да ни влијае на располжението И мене пребрзо ми помина времево, денес сум 25+ 2, почна малку паника да ме фаќа дали ќе стигнеме со сите подготовки за бебето..
Многу убави имиња си одбрала, јас сеуште незнам чекам прво да ни кажат какво е. На брат ми децата се викаат Мика и Михаел. Додуше за женско мене ми се во топ имиња Деа, Ника (ама имам комшика Ника па отпаѓа) Мина и Хана. Се некако ме влече за женско да гледам,дали дека два пати сонував дека родив ќерка незнам. За Димчев ме изненади. Мене во првата бременост ми рекоа женско, за кога отидов кај Димчев да излезе машко
Со првата бременост авицена правев,матичниот сега ми дал упат за на клиничка биохемија ,да во државна е.Значи подобро да не одам.
Па како сакаш, да беше за едно боцкање ок ама веќе си ја знаеш процедурата и кај гладна и жедна, па уште на ладно во гужва 2 саати... Јас се вратив дома тогаш Да се едитирам: Јас лани бев таму зимата, ако нешто е сменето во меѓувреме не знам. За д димерите пример супер поминав, за 5 мин завршив работа.
Машко испадна по Димчев? Хахахаха а сега уште пол не ти спомнаа? Оти мислам исто сме со неделите нели?
Немаш потреба од секирација, нормални се, немој да се плашиш..може да се јават во било кој дел од денот. Може и по 5 саати да ти досаѓаат, стварно се досадни и мачни.. би ти рекла магнезиум за да се опуштиш, ама више 9 ти влегуваш, па можеш само Б6 да се напиеш. Некогаш може да и да те боли по силно, тие се лажните болки, нема жена шо нема отрчано до болница ради нив Ја ем со второ па пак отидов Лажните коа ќе легнеш, седнеш веднаш ги снемува. Немој да се плашиш, секој ден ќе ѓи имаш, живци ќе те фанат, ама треба да бидат присутни затоа што телото мора да се спрема за пораѓај. Ја да ти кажам..живци ме фанаа више у 9 ти од нив, не можев да станам, да седнам, да мочам..аууу досадааа Иначе како си покрај контракцииве ?