Пишав и во д-димери ама сеуште немам одговор 28+2 сум. Примам фраксипарин 1х1 од 0.6 од ноември. Во последно време на левата рака ми остануваат топки од инекциите и ме боли и чеша, а наизменично примам секој ден лева па десна рака, на десната немам. Некоја со слично искуство? На лекар сум дури во вторник.
И јас примам од 31.12 фраксипарин од 0,4, секој ден. И имам 2 топчиња на левата рака. Чешаат и повремено болат. Ставам облози со борова вода, и мачкам хепатромбин гел, малку намалуваат но си стојат сеуште. Мислам дека ќе ги снема кога ќе престанеме со буцките, тебе уште малку ти останало, јас имам уште долго време, на почеток сум
Ја сум 24 недела и до сега не ми мереле цервикс , ми викаат немало потреба ,на следна контрола пак ќе прашам
Jas veke 3 godini imam hemoroidi i toa bolni i krvavi. So ovaa krema trajno ne mi pominuvaat no mnogu mi pomaga...nemam veke bolki i krv. Ne znam dali ja ima vo Mk. Se nadevam ke pomognam na nekogo
Арен муабет врзавме Админите ќе не искараат може Патем, кога сум веќе кај нив, од кога сум на форумов, и гледам они ѓи преместуваат некои прашања и одговори во соодветна тема ..и баш неќна се замислив, замисли да си во труднички муабети, и скоро секој ден да читаш..менструални болки имам, цервикс ми е волку, притисокот ме мачи, имам мачнини Сигурно си викаат "Ништо не ти е..ништо" И сигурно веќе знаат многу работи за бременоста, и се доста стручни Шала за страна, поздрав голем за нив, јас сум релативно нова на форумов, ама доста се навлеков овде, баш се е супер, од секогаш мислев дека по форуми се жени шо блебетаат само, ама од кога се регистрирав сфатив не било така. И чекам момент да сд уклучам и да ве прочитам. Бацки за Константин
А зошто нема трајно решение Знам дека ако се јават еднаш, после ќе се јавуваат стално, ама зошто да нема трајно решение..тоа ми е..ова стварно било мака..
Друштво, бев на преглед денес. Цтг-то беше брановито. Ми се здрви еднаш јако стигна до 100ка и ме стегна за какање. Се вратив дома да се олеснам ко човек, се истуширав и пак назад на цгт. Вториот пат беше помирно, ама сепак со контракции. Јас не осеќам толку болка, онака издржливо, менструално. Навикната веќе. На ехо, бепчето е збуцнато, по мензис сум 36+4, а по ултразвук 35+0. Проценета тежина 2600 гр. Сакам уште малку бар да си почека во мешуле. И го имав прегледот со прсти, цервикс затворен. Не боли толку да не се плашите ако треба проверка. Ко шо немаме 9 месеци секс, убо ми дојде. Кај ќе се отвори цервикс, на толку апстинирање, тој и запечатен е можда Значи сеа можам болки да имам, а да сум затворена, така?
Убав е син ми, да не го фалам, види го во истата тема. Очи само на мене има,ама го земал најубавото. Сама ако не се пофали мајка кој друг. Гушки до снајка и држи ја позитивната енергија до тебе. Ни требаат повеќе вакви особи у животот на сите, па макар и витруелно на форум.
Do sea se sto imam mackano i probano , 2 dena gi nemam otidam vo wc..eve gi izlezat.. mislam spas e samo operacija mnogu se odvratni ..nadam se ne e kaj site isto, bar vie si najdete chare
Јас ја прашав матичната ми рече цервикс се мери од 16та до 18та и после од 28 до 31 така нешто. Ова превентивно, а каде има проблем нормално почесто, ако не и секој преглед.
Па и јас истото и го кажав кога бев на втор скрининг на ГАК таа упорно ми вика се гледа на ехо нема потреба вагибално да те чепкам , ама некако се на глава ми стои тоа. Нареден четврток сум кај матичната ке и кажам
Туку сакав да прашам примам фраксипарин од 0.4 навечер а пијам и аспирин од 100ка наутро 16та недела сум со ивф. Не сум била на преглед за да прашам од 12та недела, сега сум следна недела па ќе прашам. Но сепак дали знае некој во која недела треба да проверам димери и коагулација на трансфузиологија, башка да се види до кај сме со фраксипаринов, затоа што јас не одам на трансфузиолог како некои од групава еднаш месечно, бидејќи терапијата за фракс. ми е од ифв специјалистот а од трансфузиолог имам препорака само за метил фолат и метил б12. Фала однапред
Колку повеќе чепкаат толку полошо, ако има потреба не се секирај ќе те соблече и вагинално со ехо и со спекулум ќе провери. На Гак Ана Данева и Маџунков ми викаа не дозволувајте до 28недела вагинални прегледи затоа што провоцираат... освен ако не дај боже мора... Е сега кој како ќе реши, знам дека стравот е голем... плус они гледаат дали цервиксот е како линија паралелна или како инка, ако е како инка значи омекнува и се крати
Вагиналната сонда не ја става цела,туку некој си 5см не ни осеќаш,при мерење не се става спекулум. Од 5ти месец на две недели одев на контрола на мерење,(заради скратен цервикс) се породив во 39та недела
Јас на почеток одев на две недели а сега на месец дена, терапијата ми е од трансфузиолог и тој ми го прекина аспиринот и само на фраксипарин останав од 0.6 Мислење мое е пак да одиш на трансфузиолог да провериш д-димери со хемостаза и заедно со гинекологот да одредат што понатака
Ставаат ако има потреба дали целосно е затворено, за да не пика раце... секој различно поминува. Како мислите така, незнам искрено што е најпаметно
Аиии аиии лека полека се ближи денот нека седи курлето уште некоја недела , хахаха не сум искусна со цтг и слично само ке ти посакам со лесно да биде се и да си го почуваш во мешко барем уш 2-3 недели , пишувај до каде си хахаха ***
Здраво бремена сум 23 недели но ми рекоа дека имам бактерија во мокраќа и ми дадоа цефалексин да пијам дали е опасно за бебето таа бактерија??