Јас сум со ифв и примам клексан и кардиопирин на 12 часа , дидимери и хемостаза испитувам секој месец.
Доктор те праќа секој месец или самоиницијативно? До сега ни ивф спец не ми спомнал ништо, ниту матичната.
Мене на секој преглед гинеколог на извештајот ми пишува да се продолжи со Фраксипарин, го носам извештајот кај трансфузиологот и ми прави проверка на крвта, па одлучува што со инекциите според мислењето на гинекологот и според резултатот од димери, хемостаза и крвна слика. Мислам да одиш кај трансфузиолог и двајцата да имаат увид во извештаите. Земаш упат и после контролите ти ги закажува трансфузиологот, не земаш на секое упат.
Упат зимате од мат гинеколог или лекар? Со која шифра? И дали конкретно е упатот за кај доктор со име и презиме или само до трансфузиологија? Знам дека милион пати сте пишувале но имам заборавено, извини. Инаку мене на прегледите извештаи не ми даваат за фраксипарините, само усно ми кажува да си продолжам. Ако не да потенцирам дека ми треба извештај за на трансфузиолог?
Последно упат зедов од општ матичен со шифра за варикозни вени на долни екстремитети во бременост, мислам дека О.022 беше шифрата. Со име и презиме за кај докторот, со термин, па трансфузиологот ќе ти даде упат веднаш да ти земат крв за димери, хемостаза и крвна слика, па се враќаш за некој час за да ти даде мислење и извештај. Усно и мене ми кажуваа, но на секое одење потенцирам да ми се напише и во извештајот бидејќи така ми бара трансфузиологот и за да можам да рефундирам. Така ќе му кажеш, не само усно. Прашувај си, нема врска што е многупати кажано, се заборава.
Би ме примил со таков упат како за прв пат трансфузиолог? Бидејќи минатиот пат без упат, скоро што не ме избркаа од ординација, знаеш пишувавме Друго е вас ве познаваат, од почеток ве водат, мене не. Или со извештајот од гинекологот мора да ме прими.. Офффф беее... си се опуштив некако пошто кога бев кај јани не ми ни спомна фраксипарин, само фолна и б12 заради мтхфр и си реков ќе си терам со гинекологот како ќе каже, така.. ама некако па без прегледи толку време..
Знам како помина тогаш, но нема да земаш упат кај него. Кој и да беше, бог да чува со таков однос. Или кај Јани или кај Елена упат земи. Кога ќе одиш со извештајот друго е, имаш мислење. И ќе ти проверат димери и хемостаза, си имаш упат.
И јас незнам веќе што е најпаметно, ќе инсистирам сега на следен преглед . Тој цервикс веќе ме вознемирува , нека ми измери па мирна глава
Не,никогаш до сега не ми гледале цервикс со спекулум. Спекулум во бременост ми ставија во 12та и 22ра недела за земање брисеви. Грлото на матката го проверуваат со прст, ниту е болно ниту се осеќа.
Како изгледа чепот кога паѓа? Вчера имав темно кафеава крв на гаќите и од вечерта а и денес приметувам после одење во вц кога се бришам како густ секрет кафеаво жолтеникав со по некој конец како крв претпоставувам тоа е чепот..
Тоа е тоа. Кај секој е различно кај некој е повеќе на црвено, кај некој како кафеаво. Штом паднал чепот кај и да е ќе започне процесот на раѓање.
Ивф докторот , ама сега сум во Плодност па се консултирам со гинекологот таму , најдобро е на трансфузиолог но во Охрид баш и да нема трансфузиолог , упат земам од гинекологија бидејки матичниот не можел да издаде
@SummerGirl @Sofi.ja @bella12 @Thallia фала ви мислам веќе е редно 40та недела сум докторот прогнозира до вторник
Кај мене тоа жолтото се цедеше скоро една недела, а една ноќ пред ноќта кога се породив почна розеникаво,кафеавко.
Бебуш ми е карлично наместен, 32 недела сум. Нормално ли е што на моменти имам болка како да ме пресекува долу под стомакот?